инспирација имам и тоа кога ке видам како некој ослабнал и тоа многу си велам па зошто не и јас што ми фали да станам потенка и имам другарче за трчање дечко ми а кога тој не може комшиката е тука за замена
Точно е она што го прочитав во претходните страници - дечко најмногу може да не мотивира да вежбаме. Еве ќе ви кажам еден пример: Лани, кога се запознавме со сегашниот дечко, го гледам, тело убаво градено, мускулчиња абе шо. Да ти е мерак да го погледнеш Уште од првиот пат го бендисав многу, ама не бев сигурна дали и јас него му се свиѓам. А тој постојано кажуваше како сакал кога девојките се грижат за своето тело и линија... Кога почнав да вежбам, ич немав ќејф за тоа и си викав : Ај ако извежбам ќе ме засака и ќе се фатиме Вежбав, ослабев и се фативме
Па најискрено кога имаш инспирација не ти треба придружник, знам дека е полесно со придружник поради повеќе причини, ама кога имаш инспирација многу е полесно. Потешко им е на тие што немаат инспирација на пример, а имаат и со што и со кого да вежбаат, барем мене би ми било, јас имам инспирација ( а многу е лесно да ја најдеш) па пак без придружник си вежбам ако не ги сметаме справата и музиката за придружнички и тие од видеата цурите што бројат заедно со вежбите што ги покажуваат.
Јас секогаш добивам инспирација за бежбање кога ќе дојде пролет, тоа ми е најдобар период во годината за бежби. Најчесто трчам со слушалките слушам музика и многу е забавно. Имам и цд за вежби за плеј стејшн, па имам личен трнер таму. Кога ќе ми притекне си го пуштам и супер. Ете тоа е мојата инспирација, пролетта.
Kејти Пери, нема баш некое тело, а и не ми дава баш некоја инспирација, има дебели нозе и има стомак.
Море со овие сликите што ги ставате од тие супер момички на изглед, вие во депресија ќе паднете наместо да добиете инспирација
Јас не можам да ги разберам девојките кои го запустуваат своето тело. Не ви е потребно не знам какво вежбање за малку да си го зацврстите и оформите телото. Јас не преферирам трчање, ама дома си вежбам обично насабајле или навечер и си правам некои основни вежби. Два месеци одам на пилатес три пати неделно и убаво се чувствувам во своја кожа. Задникот ми е камен Не ви треба друштво за да добиете мотив за вежбање. Јас на пилатес почнав сама, ама сега си се запознав со сите од моја група. Мотив за вежбање знаете што ми дава? - Кога ќе ги видам сите постари жени што одат со мене на пилатес кои и покрај тоа што родиле по две три деца изгледаат како прави бомби! Па си викам кога можат тие, зошто да не можам и јас?
Да Бразилиа насловот е јасен Еве дополнителна инспирација за оние кои се мотивираат од слика. И мотото ни е кога можат тие, зошто не и ние ! а :up: Спојлер
Сликите од матура ми се најголема инспирација, ги гледам и си се заљубувам сама во себе, па после си се пцујам пшто сум дозволила да се запуштам... ете така добивам инспирација да вежбам
Јас би рекла по можност со што помалку облека односно по градник и гаќички Така сум си ја самата инспирација,кога ќе се видам во огледало и си зацртам како сакам да изгледам,што да смалам,што да додадам. Не ми помагаат девојки со гром тело,ни па дечко ми да ми збори.Се е до самата ја. Ако сакам се можам да направам
Залепи си слика на некое видно место, ама одберете слика кај што сте ептен БОМБИ, најдебели до сега. А до неа слика кај што сте слаби и секси. И ќе си ги гледате секој ден, ај да ве видам не добијте инспирација за вежбање.
http://www.youtube.com/watch?v=WFGzorys ... r_embedded Еве.Боље нема,се препотив дури и јас од гледање...ама е добра значи!
^^ Веќе недела дена кај шо си го прегледвам спотчево обавезно бар 2-3 пати дневно и си подзинвам секој пат кога ја гледам. типкава е врв а башка и моментално ја слушав ко го читнав твојов коментар се стремам барем за приближна фигура, ајде ќе биде...
Во последно време, инспирација за вежбање.. ми е самото вежбање. Сега, како да ви објаснам.. Откако почнав да вежбам, поточно да тренирам бокс, самиот тренинг ме прави среќна и исполнета. А нели е тоа заради хормонот на среќата, ендорфинот, кој се испушта додека вежбаме. И секогаш кога сакам да се почувствувам среќна и исполнета, знам и сама во соба да трчнам помалку, да направам гимнастика, неколку стомачни и веднаш ми се покачува адреналинот. Потоа ќе си направам по некоја серија со удари и тоа е, како нова сум си. Едноставно, мора да знаете да уживате во вежбањето. Впрочем, ако ве влече нешто одредено, некој спорт, запишете се и веднаш ќе си добиете инспирација за вежбање.. Нормално, ако не сте толку мрзеливи за да го научите она што сакате да спортувате. Најголемата инспирација, верувајте дека ќе ви дојде на крајот. Со извесен период редовни тренинзи, ќе го забележите резултатот и на вашето тело, е дури тогаш нема да сакате да престанете да вежбате. М, и уште една добра инспирација. Најдете некоја женска на нетов со бомба тело, ако треба закачете си ја на ѕид после тоа и зацртајте си цел, ма јас сакам да бидам како оваа! И ќе бидам. Точка. И после да видите како ќе имате инспирација за вежбање.. Море, инспирација на претек. Ами како.