Најдов уште една мотивација девојки! Штом БАБА МИ вежба насабајле, некои полабави вежби, што е постара, зошто јас да неможам?! И така немам што да правам, пола саат ќе си имам занимација
Јас инспирација добив од тоа кога еднаш видов една јака женска па си викам зошто бе и јас да не бидам таква И сега фала богу немам коремче напред
Ме мрзи да го кренам дебелиов Спојлер газ од гарнитура , иначе многу ми се вежба зумба...Ке си почнам,утре задутре сигурно. А инспирација сум си самата јас , која убаво ослабе а потоа продолжи да ждере..
Многу мотивација добивам кога ќе пуштам фешн тв, и ќе видам некој убави, згодни манекенки... и тогаш си викам еех тие можеле да го постигнат тоа убаво тело со вежбање а јас не можам , и тогаш одма се мотивирам и почнувам да вежбам. Исто така кога вежбам си пуштам музика, некој брзи песни да ми оде полесно.
Ова ја никад нема да го извежбам од почеток до крај... ма ме избудалеа ај вака ај онака, поима немам што кога прават... стасав до биб боп троп шта ти ја знам си што го извежбав и тоа до некоја си 49та минута и реков ајде доста ти е фуцк оф! Ама затоа стасав до вежбање по саат и нешто ем ај бурнинг или се пеплосувам Одмарам малку и одиме со моето црнче Били 36 минутки да скршиме неко јаје И само ако за месец дена па се залежам без ич вежбање има да се шутнам до Узбеќистан! И шо, само тројца да се вртат.. ма дур свако мушко и жена не се сврти нема сопирачки Малкуцка претерав, али само малкуцка... ај дур не сум се оладила.. а и он ај лов хим, ју ноу Вејт фор ми Били, коз ам камин (ве молам не ми замерувајте имам екстра адреналин, кому недостига нека се јави во барата на тате, не има у жута книга адиос!)
Да, стварно, како да добијам инспирација за да почнам да вежбам? Вежбав едно време иако немав некоја посебна мотивација (ептен успеав да се натерам себеси ... некако), а сега почнав ептен да забушавам Сакам да почнам деновиве, ако не нешто друго, барем зумба или некои други вежбички по дома (не ми се оди секој ден на кеј па ) Ќе мислам на тоа како убаво би изгледала на плажа Можеби тоа ќе ми биде доволна мотивација .
Незнаев во која тема да го поставам прашањето па затоа тука! Значи слаба сум и сметам дека не ми треба затегнување ама сакам од септември да почнам да вежбам негде во Скопје и сакам само стомачни и грбни да оформам. Ништо повеќе! Кој фитнес клуб во Центар ми го препорачувате??
Јас тотално изгубив желба за вежбање на овие горештини. Неможам, неможам да се наканам да го мрднам газов сеедно дал е орбитрејк, дал зумба, дал аеробик. Ме мрзи и точакот да го земам и бар тоа да повозам на стаза. Баш пред одмор јас се улежав, си таложам маснотии во стомачево и си дремам под клима. Кај и да е од орбитрејков не прашина туку пајажини ќе почнам да тргам
Еден ден другарка ми ми вели: Ајде да почнеме од вечерва на аеробик. Одговорив потврдно. Отидовме и еве, истерав 2 месеци. Не планирам да прекинам. Каква мотивација и демотивација, за мене важи само моментална одлука-или сега одам или воопшто не одам Да ми речеше "Aјде од утре" ќе останеше и до денес на тоа "Од утре"...
Мене мотивација ми е помислата дека ако не вежбам ќе бидам тром, помалку подвижен, без кондиција во кревет, ќе имам грозна старост исполнета со болести и проблеми, и сето тоа измачување потенцијално ќе трае прекратко. Затоа, доволно ми е да помислам на добро здравје и ете ми мотивација. А штом почнеш со вежбање, штом се навлечеш ... нема прекинување
http://www.youtube.com/watch?v=YD15Ki0L ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=19fZDf7xZ_I&NR=1
Орибтрејк=Голема закачалка Шала а страна, Тешко е да добиеш мотивација и да вежбаш континуирано без да се окажеш. Зa мене мотивација е скогаш кога ќе си поставам цел. правта ми беше да се стегнам за матура. Mission complete Сега следи дипломска од утре почнувам со јога како загревање и воедно за смирување, па идам на џогинг и за месец 2 тератана или пилатес Секош мотивација ми дава мајка ми и некое фустаче или здолниште од пред 3-4 години коа ми е кнап Од такт ме вади. исто и со некоја ептен згода цура. И како капак на се-ЗДРАВЈЕТО! Мојот мн драг прфесор по физичко во средно стално викаше, во здаво тело здрав дух-а тоа се постигува со здраво вежбање секој ден. Имаше над 50 години, а никој од нас не би му дал над повеќе од 40 Што се мора мора се
Секогаш сум ценел личности што вежбаат затоа што е нешто што не го прави секој. Значи и духот ти е на едно ниво повисоко од останатите. Си излегол од просечноста и правиш нешто за сопственото тело и здравје. Освен тоа добиваш прекрасно тело што не е воопшто за занемарување а и самата цена како жена (или маж) ти пораснува. Отсекогаш сум ценел девојки кои вежбаат а ако пак се бави со некоја борбена вештина е веќе надвор од конкуренција и ја сметам за брусен дијамант .
Xman па таквата девојка ќе ја сметаш за брусен дијамант зашто ја изнервираш може да те истепа Шала на страна: Тешко е да се дојде до инспирација, а кога веќе ќе почнеш да вежбаш после ти е чудно ако направиш пауза од неколку дена. Јас веќе неколку месеци интензивно вежбам, возам велосипед секогаш кога имам време и влијае многу. И на изглед и на расположение
Ако најдам таква ја грабам одма и не ја прашувам . Ма нека тепа и нека мава со штикла и со чинии нека ме гаѓа само нека вежба, има се да ја трпам . Ќе ти кажам една легенда за една од основачите на еден од кинеските борбени системи, една девојка која била многу убава и врвен мајстор во нејзината вештина ама си дала завет дека ќе се омажи само за маж кој ќе ја победи во борба. Поминале долги години и веќе се разочарала дека таков маж нема пошто сите ги победувала но најпосле еден ја победил и со него се венчала и имале многу успешен брак . Така да ќе бидам пресреќен да налетам на таква па ако треба и ќе и попуштам малку, се за љубов .
Девојки до кај сте со инспирацијата?Дајте некоја поинспиративна слика да ја ставам на дестоп или втелефон...хах
http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... &Itemid=24 Повели можеби и ќе се инспирираш хах само немој со две вежбања и .
Сега се видов со една другарка порано беше женска и пол сега ко каца се направила (а колку штознам здрава е не е од некоја болест). Подобра инспирација од ова здравје не сакам да бидам дебела таква аууу страшно.