1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да добијам инспирација за да почнам да вежбам ??

Дискусија во 'Фитнес' започната од Zaspana, 9 март 2011.

  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    ^да.. тоа влијае.. негативно |(

    Јас за инспирација да си го земам потенцијалниот дечко кој е баш слаб, шо велите? :lol:
     
    На inn му/ѝ се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Која е поголема инспирација стално да имаш супер тело, голема самодоверба, да не му мислиш дали ова или она смеам да јадам, да ти завидуваат другарки и да те меркаат машки и плус ти користи за здравје :D.

    Теретаната не е никаков изговор затоа што постојат вежби од пола саат кои секој може дома да ги прави а за скокање на јаже или џогинг не треба теретана така да не си барајте изговори :D.
     
    На crazylady и kristii им се допаѓа ова.
  3. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Ако се сака се бара начин.Ако не се сака,се бара изговор. :D Ова го поштувам..

    Како што кажа икс-мен за јаже и џогирање-само патики требаат.
    А вежбањето е здравје ! така да.. :D :D :D вежбајте си !
    Цврст став,малку инаетливост- упорност .. само тоа е рецептот..
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    инспирација ми е другарка ми она и нејзиниот рамен стомак мојот малце е виснат ама ке биде и мојот рамен :)
     
  5. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Од денес инспирација за постојано вежбање ми е комшиката.
    Жената има скоро 40 години има родено две деца ама вода можиме сите во маалото да и носиме за тоа колку е убава. Е нормално за тие години има по некоја брчка, ама покрај тој задник и рамен стомак, само пе*ер би се загледал во брчките.

    Јас си миславе има женава пари оди по масажи, бев сега на кафе кај неа гледам Орбитрекот во ќошот. Вика дека од дете скоро да не памти ден да и поминал без правење вежби некакви. Стално ги менувала и вежбала од 15 минути до еден час најмногу, зависи кога има време. И кога била бремена вежбала. Јас нејзе ја немам видено со кола да оди низ град, цело време пешки или со велосипед.

    Нема да прекинам со вежбање, нема веке како порано, стегни го задникот за два, три месеци после седи на него по цел ден додека да омекне, па пак два три месеци убивај се од вежбање. Сега ке си вежбам по малку ама постојано.(За инат на комшиката)
     
  6. Shaila

    Shaila Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    56
    Ма никаква иснпирација немам... Ајде си викам сеа упорна ке бидам .. 3-4 дена и толкуу си викам ова не помага... :) :) И така ке си одам и дебелка и искривена :D :D
     
  7. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    127
    На CupCake му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.522
    Jас без дечко си почнав. Не ми е веќе тој инспирација. Самата си сум!

    Па сакам рамно стомаче и послаби нозе! Зошто да не можам? И кога бев средношколка го посакував истото! Време ми е! Никој за мене нема да вежба освен самата јас!

    И да, денес почнав! 30 минути како за почеток: скокање на јаже, вртење хулахоп, пилатес вежби за задник...


    И сите вие кои сакате да почнете, почнете СЕГА! (само не со преполн стомак!)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    3-4 месеци убаво си вежбав, си ослабев 3 килца, таман, и сега еве веќе месец дена ни внимавам на јадење ниту пак вежбам :?
    Вратив само 1 кило ама сепак се чувствувам ко 3 да сум вратила, подуена сум и спојлерите ужасно ми пречат :@
    Мора од утре да се вратам на вежбање!
     
  10. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Девојки ај инспирирајте ме мене... Јас сум труп :wasntme: за вежби и такви ствари а сакам да си вежбам... Желба имам инспирација зеро :D два-три дена вежбам и после немам време или нешто ми е... Советче некое(макар и мало некое :) ) за да си вежбам бар месец ако не повеќе... :rock:
     
  11. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Запишисе во теретана,плати однапред и така ке морат да одиш барем еден месец да ти се исплатат парите :D Јас така правам за нешто што не ми е по кејв.Не само за вежбање :D Али ако не си вака економиста ко мене ништо ;)
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    јас искрено инспирацијата си ја наоѓам во самата себеси, слики од порано што сум вежбала ги споредувам со слики каква што сум во моментот, тоа е најдобро затоа сликајте се кога ке бидете топ за да имате инспирација кога ке накачите некое кило + ;)
     
  13. Trajche

    Trajche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    Истиот пост од друга тема ќе ви го пишам и овде

    dieti/moralna-poddrska-za-site-sto-sakaat-da-oslabat-t3607/2460.html#p703467

    Легнете во вашиот кревет. Сконцентрирајте се на себе си и замислете се во костум за капење онаков, каков што сте. Останете во таа состојба и разгледајте за себе си. Видете како с ечувствувате така, со вашиот моментален изглед и запаметете го тоа чувство.

    Потоа, замислете се себе си во костум за капење, онака како што сакате да изгледате. Видете како се чувствувате така, со вашиот поакуван изглед и останете подолго со тоа чувство. Запаметете го ;)

    Се надевам за некој ќе биде инспиравитно ;)
     
    На Allthatglitters21 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  14. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.569
    Допаѓања:
    3.298
    Инспирација за вежбање :?: .... На нет најди слики од Меган Фокс (таа пак е мн слаба, не од таа :tmi:), од Адријана Лима пример, или некоја друга од познативе слаби девојки, и кога ќе ги видиш нив згодни како изгледаат во бикини и одма ќе ти се јави инспирација :D
     
  15. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Многу сакам да вежбам но и јас исто така не можам да се наканам. Сега почнав малко навечер но насабајле никако бидејќи кога станам неможам да се расонам.Планирам да се запишам некаде но незнам каде. :?:
     
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.383
    Допаѓања:
    142.773
    Јас со години се мачев со ова прашање се додека не почнав да пливам - единствениот спорт во кој уживам. Сега не ме интересираат резултатите, туку самата активност - уживам во пливањето, едвај чекам да дојде време да одам, и не знам што да правам - престанувам, се спремам и одам.

    Не е само вежбање - пешачење, возење велосипед, пливање, разни друштвени спортови, планинарење, танцување - има милион начини човек да се раздвижи, треба да се најде само таа што најмногу ни одговара и што ќе ја правиме поради самата активност, а не поради резултатите - и нема проблеми со инспирација.

    Еурека! :D
     
  17. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Јас инспирација најдов во изгледот на една другарка која неодамна ја запознав.
    Не е светски позната, ниту не знам што, едноставно кога ја видов во долна облека онемев..
    Такво тело без вежби и без строги режими на исхрана...нешто феноменално.
    Па кога може таа можам и јас. Со малку повеќе труд од неа, ама можам!
     
  18. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    самата работа дека сакаш добро и здраво тело треба да ти биде инспирација.. ако толку ти е досадно или монотоно пушти музика :P
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Нема инспирација за вежбање. Се` е навика.
    Мораш да почниш да вежбаш, па одма ќе ти стани навика.
     
    На PetraPanka3 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. flowerdust

    flowerdust Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    19
    Па помисли дека ако не вежбаш нема да ослабнеш. И додека вежбај замижи и замисли колку згодна ќе бидеш ако вежбаш упорно и напорно секој ден. Резултатите ќе бидат воочливи по некое време и ќе бидеш среќна што си вежбала. И гледај слики од некои манекенки и помисли дека ако вежбаш ќе бидеш како нив, така ќе се мотивираш. Едноставно ќе си кажеш самата на себе: „МОРАМ да вежбам!“ ќе си го дигнеш задникот од пред компјутер и од столчето и ќе се фатиш за работа. :)
     
    На PetraPanka3 му/ѝ се допаѓа ова.