вежбањето дома е корисно али ипак за брзо време здосадува и ке баталите, најдобро е кога се вежба во друштво и некако тогаш се јавуваат мотиви за вежбање, за покажување, докажување итн итн итн. затоа најдете си другарка и одете на фитнес, издржете првиот месец и послем тоа ке ви стане навика
Гледајќи се сега, не можам да поверувам како тоа сум паузирала од вежбање со месеци. Конечно вистинско место за вадење енергија, сала. И не сфаќам како тоа инспирација е потребна, самото одење на вежбање е со цел и тоа огромна. Поголем предизвик од убаво ем здраво тело нема. Ако веќе толку мора, се мислам следново лето на плажа каква има да бидам и уште толку ме поттикнува. Плус ми е преку глава од броење калории и ова смеам ова не смеам да јадам, ме нервира и замара едноставно. Вака си јадам со кеиф ем одам навечер све тоа да истресам.
КОГА МОЖЕ ТОЈ ЗОШТО ДА НЕ И ВИЕ? Не е за подценување, секој ако сака и ако има инспирација ќе почне да вежба, ама од "полесни" и поскапи начини тој го одбрал потешкиот, понапорниот и поздравиот.
Јас луѓе 1 месец трескам како луда и не вежбам а вагата не мрда од 60 кг Можеби поради стрес дека почнав да работам, кој знае. Како и да е морам да го искористам ова што не се дебелеам и да вежбам, ама никако да почнам А орбитрек имам дома, ги имсм и видеата за зумба, имам и тегчиња, јаже за скокање и пак никако да вежбам, веќе 3 месеци како не вежбам воопшто Ај додјдете некоја и со клоци натерајте ме, друго чаре нема
Исто и јас купив јаже од Орка, Орбитрек имам 3 години и немам вежбано 1 месец, а пред 1 месец вежбав секој ден по 1 сат точно и се јадев и ослабев ама не пропуштав ден да не вежбам а сега ме мрзиии неможам да почнам секој ден си велам ај утре ќе почнам и никао да почнам и после кога си легнувам навечер чувствувам гриза на совест и плус тоа ме мрзи и да се масирам имам и Relax & Tone од топшоп и пак ништо не правам
И јас имам Relax & Tone и од ко е купен 3 пати се имам масирано, а орбитрекот којзнае колку години го имам, над 5 сигурно, ама џабе, мрза си е мрза. Засрамота А не сакам да слабеам, доста ми се 60 кила на 1,70 висина, сакам само да вежбам, да се зацврстам, ама никако да почнам
јас многу ги бендисував едни фармерки но немаше од мојот број туку беа 2 броја помали но бидејки многу ми се бендисаа си ги купив.одпочеток купив орбитрејк но ми служеше како закачалка,а потоа се запишав на фитнес и еве веќе 3 година кај со вежбам.од почетокот беше многу тешко и секој момент мислев дека ке се откажам но кога ке ми текнеше дека однапрет ми се платени 600 денари и дека одат баби 60 годишни си велев ко можат тие така можам и јас.иначе сум голем инаетлија тешко ми е дур да почнам а потоа нема враќање.и до сега сум ослабена и повеке одколку што очекував и што е најважно фармерките дури и ми паѓаат .
Еве ви добра инспирација: http://www.motika.com.mk/index.php?opti ... t&id=27211 Погледнете го. Интересно. Дефинитивно би делувало.
http://www.youtube.com/watch?v=mpG0ax0uAdo Звучниците на мјут, очите од две, на четири преправете ги ако треба! Кое тело го држи плавушицава.
Јас пак имам дури и вишок инспирација и желба за вежбање. Денот не ми е комплетен ако не се испотам едно саат време. Дури и од сон си скратувам (што и не е така добра идеа) само да извежбам 1 саат дневно. Вишок енергија, то је то. Ама никогаш не ми се троши енергијата, дури и повеќе се зголемува со самата активност. Башка тоа многу поубаво се осеќам после вежбање, сум направила нешто корисно за себе, вложувам во својата иднина, се забавува стареење. Зарем не е убаво кога за себе слушаш коментари пример колку убаво изгледаш, или пак погледот на возбудениот партнер кој те голта со очи додека се придвижуваш околу, пред, зад него
Марија биди добра и дај ми малце и на мене од твојата желба за вежбање Орбитрекот дома само прашина ми фаќа и си закачуам и понекогаш алишта на него на рачките... Неможам ни време да најдам да вежбам на него ни ништо
Искрено да ви кажам од темава добив инспирација. Денес ми е прв ден како вежбам. Се надевам дека нема да се откажам Почнете и вие, воошто не е тешко! Само треба да се почне.
Браво, така е само да се почне ама и да се продолжи без одкажување. Темава сама по себе е мотивација Од мене плус Спојлер
Леле од кога се канам ама никако да почнам. Всушност јас не сум за слабеење туку за зацрвстување, ама периодов и многу јадам навечер и се ми се трупа, па си викам секоја вечер ај ќе јадам па ќе го стопам ова... мхм, го стопив Ми треба само да почнам, ама ете никако да го направам тоа... што убаво ми беше летото си вежбав две недели и за две се средив колку толку и престанав, смотана Инаку мотив ми беше стомакот што одеше два чекора пред мене (секогаш преувеличувам ) летно време на тенка маичка и самата помисла каква ќе бидам на плажа со купачи.. не сум човек што не се секира за изгледот и си носи се без комплекси, баш напротив - не се чувствувам убаво во своја кожа кога имам вишок, па така и се наканив... кај и да е, ќе почнам пак
Леле и јас никаква инспирација последно време.Ослабев што ослабев али овие празници ме убиваат.А и време за вежбање никако да најдам,а ни пак соодветни вежби.Леле не знам што да правам,мора во поскоро време да си се вратам да на старо со правилна исхрана и вежбање....Ајде некој вежби постирајте за зацврстување,можеби ке не инспирираат некој хаха
Сеа празнициве се опасни и критични за убавото тело. Ама ако се удриме на вежбање се убива и желбата за храна. А ти пак како што го имаш дома ич немој да чекаш. Ќе си имаш после тонирани мускули на нозете, рацете, стомакот, дури и градите се поткреваат (ама рачунај вакви ефекти неможеш да постигнеш од неколку вртења и несериозност) Убавото тело бара внимание и посветеност. Почни 3 пати неделно еве додека гледаш ТВ можеш 1 саат да вртиш на орбитрек или пак музика некоја која поткрева и ќе видиш колку убаво ќе ти биде. И вдишувај на нос, издишувај на уста