Ќе се запишете на нешто (пилатес, аеробик, некаков групен спорт, сеедно- тоа што ви лежи најмногу) и самото тоа што сте се запишале и сте дале пари ќе ви биде доволен мотиватор да одите *Освен ако немате грижа на совест така да ви пропаднат парите, тогаш ништо од овој совет
Денеска ми е втор ден. Нема откажување! Иначе јас не вежбам зошто треба да слабеам, задоволна сум со своето тело и изглед, но мислам дека малце повеќе треба да го зацврстам. На тренинг одам 2 пати неделно, но мислам дека не е доволно па почнав да вежбам и дома.
Еве и мене ми е втор ден. Вчера почнав со вртење Орбитрек, и денес пак, па се надевам дека нема да се откажам . А и има точно во тоа дека кога вежбаш ти се намалува апетитот
Кога вежбате за да ослабеете, нека ни ви биде окупација салбеењето, туку со самите вежби кои ги правете дали се изокинетички или аеробни вие си го подобрувате вашето здравје, а здравјето е пред се! Затоа вежбајте за да бидете здрави!
Ако сакате да добиете желба за правење вежби низ дома, тогаш не можам да ви помогнам. Јас имам соодветна опрема, ама ми се шутка низ дома и фаќа прашина, затоа што никогаш „немам време“ да ја постелам лежалката и да ги направам вежбите. Најубаво е кога фино лепо ќе си уплатите за цел месец на пилатес, фитнес, аеробик или што и да е, и ќе мора редовно да одите. Освен тоа, во друштво секогаш е поубаво. Собрани жени на куп, брза музика и така времето побрзо поминува. Идоли ми се жените што одат со мене во група. Иако имаат по 40 години, две-три деца, и истовремено се и вработени и домаќинки, имаат време за три пати во неделата да одвојат по еден час за вежби. Па ако тие имаат време и инспирација, зар јас да немам?
Јас да ви кажам како добив инспирација да вежбам Вчера почнав Гледав слики во компјутер од пред година-две и се видов послаба, баш како што сакам 5 кила минус и си се бендисав таква , дека прв пат ми беше после неколку месеци, вежбав дома вежби за цело тело едно 40-45 минути (ама претерав и денес ме боли секој мускул на мене и неможам да се движам Ама ќе помини мора од прво да боли, и ќе продолжам неможам повеќе вака без енергија, одма се чувствувам поисполнето, поубаво ви праќам Инспирација
Мислам дека самата слика доволно си кажува сама по себе.За се треба мотивација. Јас мислам дека мотивација треба да црпите од самите себеси. Ако мене ме мотивира - успех,некој го мотивира убаво тело,некој го мотивира нешто сосема друго.Еве ако тежината му е на некого комплекс.Зошто тоа не биде мотивација за вежбање ? Сакам да кажам конкретно за мене.Пред да почнам интензивно да вежбам,си помислувам што би било ако со вежбање го добијам она што го сакам ? И самата слика што си ја претставувам ми е доволна.Сосема доволна и ме мотивира. Или кога знам што ме очекува ако вежбам,дека нема да биде исто ? - Самото тоа ми дава инспирација и желба. Видете слика од некоја актерка,пејачка или кој било друг. Ако таа е згодна-зошто не можам да бидам и јас ? Ве поздравувам сите,ви давам подршка и ви кажувам да не се откажувате. Бидејќи ако веќе сте почнале,а сакате да се откажете,знајте дека сте блиску до целта.И поблиску одколку што мислите.
Мене не ми е проблем да добијам инспирација за вежбање, проблем ми е да ја задржам ... Еве почната сум скоро недела дена, си вежбам по дома на видеа од youtube па ќе видиме до кога ќе терам... Мака ми е кога ќе се видам која згодноќа сум била а сега не дека сум многу здебелена ама пак не сум ни тоа што треба за да си речам во огледало-уф бре Цацко, сува лепото Одам...ен два, ен два три...
Ајмо доза инспирација. Кога може дедово на 94, можам и јас... http://zazabava.com/na-94-god-redoven-vo-teretana Стенли Томас, 94-годишниот пензионер од Кардиф, Англија, сигурно ќе ги инспирира оние кои сакаат да ги сменат своите навики во 2012-та година и да се посветат на поздрав начин на живот кој секако подразбира и вежбање. Имено, тој постави сопствено видео на интернет и објасни дека и покрај своите години секојдневно практикува вежбање во теретана. "Отсекогаш сум бил фанатик за фитнес. Вежбањето прави да се чувствувам жив", кажал Томас кој бил убеден од неговиот пријател да го постави ова видео во чест на неговиот последен роденден. Шала на страна, почитувам карактер (и тело) како типкава, од 100тина кг направила тело на фитнес инструктор.
И јас добивам инспирација кога ќе видам некоја позната личност така скоцкана, обично тоа е Michelle Rodriguez од Fast and Furious, ако ви текнува, она е супер стегната.. Инспирација ми е и една другарка која што скоро секој ден планинари и трча, а и летоска се искачи на Монт Блан. Имам малку проблем додека да почнам да вежбам, ама откако ќе почнам - немам гајле. А вежбам само за да се затегнам малце, не за да слабеам, планирам и да трчам, и некои кардио вежби
Случајно отворив некои слики од пред пола година и бев ---> добивање инспирација сместачки! Затегнато стомаче, набиено мускулче на нога, рака... просто се чудам како имав енергија да вежбам ко некој фрик... возев ролери секој ден по саат време, плус вежбав на орбитрек, тегчиња... абе сега вежбам скоро слично ама не со иста мотивираност, а да не зборвам како си надохнадвам со празнично јадење Морам, од утре морам на стариот режим! Оваа нога ќе ја имам пак за кратко...
Неверојатно многу ме инспирира музика, особено како оваа http://www.youtube.com/watch?v=Sorh2MDkgwY па уште спотов на плажа со трчање и куче додатно ми дава инспирација
Фатете си позгоден дечко од вас Не знам што ме мотивира искрено, некогаш инат, некогаш едноставно сакам да потрошам вишок енергија. Во зима редовно хибернирам, а згора на се празници, калорична храна еден тон...малку ме нервира тоа и нормално си приметувам некоја разлика. Сепак надокнадувам кога ќе се затопли ама нема вечно да ми успева иста финта Сакам да почнам периодов поактивно, чисто за мене, затоа што секогаш после добро вежбање и мавнат туш се осеќам ко препородена. Пушач сум веќе 8 години но приметувам дека ги намалувам цигарите кога сум физички активна, дишам со полн капацитет и немам желба за цигара подолго време.
мене вежбите ми станаа дел од секојдневието.Инспирација ми е моето поранешно витко и цврсто тело кое го упропастив со исхраната,сега постепено го враќам
Еве една доообра инспирација http://www.youtube.com/watch?v=bshlibX_ ... re=related Ах да, без ова никаде не одиме http://www.youtube.com/watch?v=L_fCqg92qks&ob=av2e