1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да живеам пак? Јас ли сум виновна?

Дискусија во 'Канта' започната од janafilth, 4 февруари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Епа вака..Јас во него гледав се.Тој беше од Охрид јас од Скопје, два различни света 200 км, а сепак исти.Јас 19 тој 22.Кога тој првпат дојде во Скопје започна нашата сериозна врска, со цел да ме чека да завршам.Тој имаше 3годишно угостителско и ниту тој ниту неговите не беа вработени.Бев запишана на диспензирани студии во Велес, 2 пати пробав да се префрлам најпрво на Охридскиот за туризам а потоа на Охридскиот за уметност бидејќи завршив уметничко и мислев дека послесно ќе ги убедам моите но не успеав.Така секој викенд одев кај него, живеев со нив, јадев спиев работев и учев во тој дом.Првиот пат излеговме, гледавме тв,тогаш неколку дена останав бидејќи почнував со факултет па бев до кај моите да се спакувам.Тие беа лути на начинот на мојот живот.Заминав и покрај сите убедувања да останам, не успеав да им докажам дека тој човек е како мене, дека ни е убаво, дека двајцата имаме исти мислења сакаме метал, сакаме сериозна врска.Кога вториот пат отидов бев изморена од патот, мајка му ми рече да ставам кафе да направам за јадење, и бидејќи тој автобус покасно стигнува останав до покасно во кујна и сабајлето станавме кон 10.Мајка му се дереше дека требало да станам во 8 да и направам кафе да направам јадење и некој ако дојде да седам со него.Поминав на тоа и го прифатив.Но подоцна во денот додека гмечев грозје за вино, ми се јави татко ми за да ме чуе.Се налути бидејќи му реков дека помагам и рече дека моите не треба ништо да знаат.Го прифатив и тоа и се оддалечив целосно.Истовремено осеќав и страв и почит кон неа.Ми раскажуваше за нејзиниот живот во село (таа има само 4 одд) и и ветив дека ќе се сменам.дечко ми викаше дека таа само ми дава совети.Меѓутоа за најмала ситница се дереше.Или работи, или откажи се од Борис! Ајде доста гледате тв, нема цело време да излагате, кој ќе ви чува деца, научи се на Охридски! Најболно беше тоа што ме прашуваше зашто мајка ми не ме научила да работам, а таа почина кога јас бев основно.Бидејќи многу работи ми се случија во животот бев повлечена и затворена тоа им сметаше.Тој викаше смени се за да не прекинеме..Така дојде ден тој да дојде кај мене.Спиеше неколку дена а татко ми и баба ми воопшто не го засакаа.Бил чуден, косата да ја скрател, бил како од некоја секта, бил неспособен за работа..Неговите "виртуелни и единствени пријатели ми велеа дека тој не е социјализиран, дека јас сум му прва и дека е психички нестабилен.Татко ми велеше дека сум 10 класи над него а мајка му дека тој вреди како 10 мене.Постојано ме критикуваа.Кога тој ќе дојдеше во Скопје излегувавме правев се што сакаше а јас таму не смеев да писнам дури и на Охридски зборев, им сметаа многу работи.Моите ми забранија да одам кај него, па така наместо да полагам колоквиуми отидов на испити за да имам пари за пат и карта за нова година за кај него.Кажував дека сум со други,незнаев дали да се карам дома, или со него заради тоа идиотско однесување.Имав некој што не сваќаа дека не е во ред и ме подржуваа.Бев на милион страни.На улица совршени а дома очи си вадевме.Ја прифатив и религијата.Постев ги учев празниците ( Татко ми и јас сме атеисти, а баба ми е полу католик, но ништо не практикуваме) и се им сметаше.За нова година ми раскина, неколку дена по нова година.Се вратив дома кај моите и останав тука.Пола година живеев со тие луге спиев јадев бев со него тој беше се што имам.Сега немам со кого да излагам, секој е на свој пат немам искрени пријатели, се осеќам како да сум разведена, со факултетот гурам но не е тоа тоа..Тој спиеше кај мене и секој ден се сеќавам на секој момент..Незнам како да го преболам ова неможам ни со моите да разговарам..Никој несака да разговара со мене мислат дека ми е лесно и дека тој ќе ме бара..А тој рече дека ќе нашол подобра што работи што не е повлечена..Сега немам никого моите ги гледам како цимери не како семејство..Најболно е што викаат излези со тие тие тие, а тие ме мразат не сваќаат дека немам никого..Што во ваква ситуација?
     
  2. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Можеби ова ти е тежок период но млада си, цел живот е пред тебе. Не е лесно таква долга врска да се заборави, но со време ќе се среди се.
    Биди позитивна и земи ги работите во свои раце. Дружи се повеќе со колегите, обиди се да ги вратиш старите другарки, почни да излегуваш. Тоа со дечкото било-поминало. По кажаново, таа врска не ти годела, и ти не мораш да трпиш ничие малтретирање и непочитување.
    И не им се лути на домашните, сигурно се што ти велат е за твое добро :)
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Не е само тој психички нестабилен,ама и неговите така ми делуваат. девојко памет, имаш ли?
    Мене некоја со 4то одделение, да ми се дере, јас да им слугувам таму! :^)
    Сте сакале метал и ајмооо сериозна врска :rofl:
    девојко те молам созреј малце, имаш ли ти прво иднина во таа куќа каде сите се невработени!
    Ајде барем да беа љубезни па да пројдеш преку ова!
    Ајде те молам, читам и ви се чудам на памет!
    Колку машки има?
    ќе најдеш друг-да
    19 години имаш, опрај се дур ти е време

    се сложувам со твоите!
     
    На Hiii, JoxyTheFreak, Miss-dior и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Таман да пишам ама Лудото ме претекна, а истото сакав да ти го кажам.
    Во врска сте па ти наредуваат неписмени а замисли како би било да сте во брак и со деца. Глеј си книгите и по неколку месеци ке си викаш фала Богу (ако си атеист) што се откачив од него ;)
     
    На Doozy и ludoto19 им се допаѓа ова.
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Не ми се верува што читам... Девојко, едноставно НЕ ВРЕДИ да патиш заради некој како него. Ајде остај тоа, па како си можела да преминеш преку однесувањето на неговите. Незамисливо е, колку и да си го сакала.
    Верувај, подобро за тебе што веќе не сте заедно, ќе најдеш друг, подобар, достоен за тебе, што ќе те почитува пред се!
    Посвети се на факултетот, мисли позитивно и ќе видиш дека не е се така црно. Ехее па колку машки има, друг ќе најдеш! ;) Извини ако бев малку остра, ама се запрепастувам кога ќе прочитам вакви работи. Си се спасила од него, и самата ќе станеш свесна за тоа.
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Eве и пред некој ден пишала нова тема, само во кратки црти, и сите и кажаа не!
    ама после овој долг пост, уште 10000 пати поголемо HE!
    JAC да сум била на твое место тоа свекрвата како имаше да ја тролам :rofl: :rofl:
    Mожам да замислам колку е припроста, сиротата таа
     
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Се согласувам и јас со претходните мислења. Не требало да дозволиш неговата мајка да се однесува така со тебе, па и тој и да ти наредуваат што да правиш, да ти се дерат за секоја мала работа.. Не оди тоа така. Ама ајде, се случило тоа веќе нема враќање назад. Зошто да не можеш да зборуваш со твоите? Зборувај со татко ти, кажи му колку ти е тешко, отвори се и тогаш ќе ти е многу полесно. И немој никогаш повторни да го ставаш твоето семејство во втор план. Тие се најважни! Тие ќе се секогаш тука за тебе.
    Зарем немаш пријатели на факултетот? Сигурно имаш некој со кој можеш да излегуваш, да се забавуваш и да не мислиш на него.
    Значи мораш да го заборавиш. Престани да мислиш на убавите моменти со него, сети се како те измачувала неговата мајка, а и тој. Ти имаш само 19 години и млада си сеуште за да се откажуваш од животот.. Крени ја главата горе, колку и да е тешко мораш да одиш напред. Времето нема да те чека тебе. :!:
     
  8. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Се согласувам со Лудото...Не ми е јасно како си можела да го трпиш тоа бре, сама си виновна точно е тоа...19 години имаш, уживај дур можеш...ќе најдеш некој што ќе те третира многу подобро, и биди среќна единствената маана ако му биде е тоа што слуша турбо фолк!

    А у склоп на ова тролањево што го спомна, би и купила учебник за 5то одделение, и би и рекла, на..читај!
     
    На glow, Ecii и crazyinlove19 им се допаѓа ова.
  9. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :tmi: абе ова што го читам погоре вистина е или некој некакво филмче си прајт??? ако е истата девојка со два различни никови вчера се залеше дека дома нејзините ја нарекувале и споредувале со други личности со кој таа не би сакала да се споредуват !?! е сега незнам неможам да тврдам дали се работит за истото девојче :?
     
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Аман бре,во кој свет живее таа?! :^)

    Неписмена една,па уште тебе да ти се дере.Што мисли ќе ти ја уништува младоста на 19 години,ќе те става во депресија,а ти ќе си го губиш здравјето за една ненормална?
    А тој муле,те советувала. :fubar:
    Да и' се плукнам во советите нејзини,таа стигнала да те советува.
    Такви вештерки служат за да го уништуваат животот на девојки што туку почнале да живеат,а не за совети.
    Оди шетај,учи,запознавај нови луѓе,проживеј го животот,не вреди да си ја уништуваш иднината за таков дечко.Тој да вредел ќе и' се спротиставил на мајка му,а не уште да ја брани.

    Зошто се откажуваш од животот?
    Плачеш за таква тортура?
     
    На OGNOMET му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Види вака , ич да не ти е гајле за него, подобро што не сте веќе заедно, гледаш господ гледал и го тргнал од твојот пат. Ќе си нашол тој друга што знае да работи ? :o Одма нека си најде,штом му е за работење, тебе ич гајле да не ти е . Со твои години да се замараш за вакви работи , не си должна :x Млада си, животот е пред тебе, ќе си најдеш некој што ќе те цени и почитува и ќе биде со тебе поради тоа што те сака, а не бидејќи му треба некоја за по дома да работи. Ти не си на улица најдена и со тебе некој така да се однесува. Посебно не некој што нема основно образование.
    Мораш да се посветиш на факултетот, тоа што било било, не е важно. Се согласувам со мислењата погоре , да ги обновиш контактите со старите другари / другарки, да излегуваш почесто со колегите ..
    А мислам дека ќе ти помогне и разговор со твоите, мораш искрено и отворено да разговараш со нив, тие ти мислат само добро .
     
  12. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Тој рече дека другарите не ми мислат добро а дека моите многу ме разгалиле и затоа сум била таква.Не сум знаела да сватам и примам совет за готвење и однесување а мајка му сакал да ми помогне..
     
  13. teddygirl

    teddygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    618
    Според ова што си го напишала, мислам на однесувањето од неговите и тој самиот, ти би требало да славиш што ти раскинал а не да кукаш по него.Девојко ти си се ослободила од тортура и не ми е јасно зошто упорно го браниш и сакаш да се вратиш назад, јас стварно не те разбирам.
     
  14. padme1517

    padme1517 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    14
    Јас мислам дека сака да ти ги расипе односите со сите, за да може полесно да те контролира.А за мајка му,не верувам дека сака да ти помогне,сака само да те малтретира.Затоа биди среќна што си се спасила од него.
     
  15. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    aбе остај тоа он што го вика, сака само да те направи тебе крива за се но нејси ти треба да бидеш среќна што те оставил ехееееее па искрено треба да не частиш за ова :)
    животот ти го праеле неподнослив и иксрено незнам како си трпела, па мајуму стара ни муслиманките више овака не ги третираат ццц
    иначе не се секирај, со тек на време се ке помине, избледи ке си најдеш пријателчиња и тако даље :)
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    да бе, ептен сакала да ти помогне, гледам со дерење и закани
    си требала ти нејзе малце да и помогнеш, да почнете прво азбуката, бон-тон, па после таа тебе нека ти помага при готвење и итн...
     
    На Alanna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Епа он и самиот кажа дека на сите негови другари рабителе девојките, јас не сум била на гости таму така ли ќе сум се однесувала кога ќе бидам снаа само да седам.. :^)
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    па најтрагичното е што ти не си била таму снаа, туку гостин, си отишла на гости кај дечкото
    добро, а едно прашање, зашто уште се замараш со него?
    раскинавте да?
    ондак? или можеби си некој мазохист, па сакаш кога те повредуваат, трето нема
     
  19. Blondy.92

    Blondy.92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    63
    Се согласувам со мислењево, тој сакал да има поголема контрола врз тебе, за да не може твоите другарки да те советуваат. Како и да е, колку и да е една љубов према некого голема, ако се има големи проблеми, омаловажувања, тортура и што не, сепак од крај на таквата катастрофална врска подобро нема.. Има време цел живот е пред тебе, ќе сретнеш и нови пријатели од факс излези малку во некои дискотеки колку да ти се разбистри малку паметот и има да сретнеш уште 583936459 дечковци што би биле многу подобри од овој сега. Пробај да не мислиш на тоа почесто излегувај и се ќе биде во ред!!
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Наместо сега да седиш овде јави му се и средете го проблемот веднаш.Откачи го и барај друг...Ваква тортура не се трпи еден ден а камоли толку време колку што си трпела ти.Ако продолжиш така,ке завршиш за некое време на нервно...Аман бе девојче зошто го дозволуваш сето ова и тоа само на 19 години?
    Ти се заканувал,ке нашол друга?па слободно,ама другата нема да биде како тебе да молчи и да трпи.Ако е вака сега којзнае како ке биде утре ако се омажиш со него?Не сакам ни да помислам.

    Ние ти кажавме,сега е одлуката твоја.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.