1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да живеам пак? Јас ли сум виновна?

Дискусија во 'Канта' започната од janafilth, 4 февруари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ова како по филмовите,шала на страна.За такви луѓе едноставно не вреди да се секираш :)
    А и млада си уште животот е пред тебе. :* :*
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Си дозволола некоја селанка со четврто одделение да те превоспитува и уште па ти наредила и охридски да зборуваш :lol: Ти од дамна си требала да го имаш него откачено и заборавено. Тој ти е едно незрело детиште и не заслужува толку да се жертвуваш за него.
     
  3. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Без навреди ама Осман-бег кога би те киднапирал пофин би бил со тебе, отколку твојот дечко и неговите заостанати и неписмени родители. Поради него си го изгубила достоинството, па не заслужува ни да го погледнеш повеќе, а не да жалиш по него.
    Читајќиго твојот пост посакав на таа мајка му дрво во задникот да и нашигарам :envy:.
    Продолжи со животот девојче нема за што да жалиш. Ќе најдеш некој што навистина те заслижува. :)
     
  4. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Јас се сложувам со мислењата погоре напишани... ти треба да си среќна шо поќе не си со него...ќе си најдиш ти нови другарки не се секирај зато ич.....и нема зошто да се прашваш дали сум јас виновна не треба ни да помислиш дека ти си виновна..неговата мајка а и тој се виновни...не ти треба мамино синче тебе
     
  5. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Ми пиша еден негов пријател вика тие се супер фамилија...
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Се зезаш нели? Тролаш нешто или што е работа?
    Ти сама не виде каква фамилија се они? Не ти е веќе јасно? Или сакаш да те врзат со синџири, да земат еден камшик, па тогаш ќе ти стане јасно?!
    Озбилно, додека се уште не си навлегла подлабоко тргни се. После цел живот да не си ја чукаш главата, па да биде работата кај ти беа очите кога го земаше...
     
    На Trendafilka и marama им се допаѓа ова.
  7. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Никој негов пријател нема шо да ти кажва каква фамилија се тие...ти знаеш ти живееше таму и виде како те малтретираја и тоа ако е супер јас незнам
     
  8. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Ти пишал што ти пишал,се знае што би пишал негов другар,нормално ќе го пофали бидејќи се пријатели.
    Ти самата си отишла и си видела колку се "добра" фамилија.

    И комшиите ќе ти речат дека нивното куче не каса, се додека не те распарчи.
    Секој си го фали своето, но наивност до овој степен... :x
     
  9. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Сите си го браниме своето но зашто не се искрени? Ќе се види ли на крај кој каков е?
     
  10. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    тоа е најдоброто што можело да ти се случи!!па замисли да си забременила,да си се омажила..таков живот не е живот,ќе помине период,ќе ти се средат мислите и емоциите и ќе си најдеш друг ,со којшто ќе имаш добра,квалитетна и опуштена врска,само на таква основа може да се гради иднина,а не на малограѓанство
     
  11. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    И што сакаш сега? Ние да ти речеме да,да навистина се супер.
    Како можеш да поверуваш на тој муабет,кога и самата си се уверила какви се.
    Тие сега се однесувале така со тебе,а размисли си малку што ќе ти направат кога ќе му станеш жена.
    Еден ден со деца до тебе,ќе си ја маваш главата од зид и ќе се прашуваш кај ти бил паметот,а тие деца наместо да си го живеат детството,ќе ги слушаат вашите расправии?
    Тоа го сакаш? Ако е да,тогаш оди веднаш побарај го,извини и' се на таа неписмената и прифати ги нејзините "совети". |( А после неколку години те очекуваме пак на форумов,со малку подизменета приказна,ама далеку пострашна.

    Мајка му те малтретирала,а како врв на се тој ти раскинал,а ти уште се замараш со нив!

    Не можам да разберам навистина.
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.595
    Пол:
    Женски
    Девојче зошто би сакала да си покрај него кога си видела каков е? Јас сфаќам сега дека ти е тешко и сигурно се обидуваш да пронајдеш оправдание за тоа што ти раскинал, па бараш што не чини кај тебе, што можеш да промениш. Но, ништо не менувај кај себе, освен неговото присуство во твојот живот.
    Жена која не го почитува ни споменот на твојата мајка која одамна ја нема, мислиш ќе те чува? Не! За нив си само сирак кој мислат дека ќе го контролираат како сакаат. Не се лути за сирак и јас сум. Но, мораш да покажеш дека си поцврста и дека твоите не те отфрлиле, ти не си сама за да дозволиш такво понижување. Приврзи се сега со татко ти, а понатаму ќе се пронајде човек кој ќе те цени и почитува. Не само тој туку и неговото семејство кое ќе те сака тебе и твоето семејство.
     
  13. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    JANAfilth ??!??! Tuka si ???!! Ај напиши ми мене во П.П. повеке детали јас да се распрашам од прва рака кој ти се тие ТАКВИ Охриѓани???? е баш ме интересира која е таја мајка која треба да имат околу 45 години , а е неписмена и плус да имат син металец ???? и плус да е со средно угостителско а да имат долга коса :emo: некако не ми се совпаѓаат деталите и невработени , а ставале грозје за вино ??!? Ти сигурна си дека си била во Охрид или во некое Охридско село си бидена ај молим те напиши ми во П.П. од прилика каде живеат !!! Јас сум од Охрид работам во центар цел живот скоро се врткам во центар ! Многу ме интересират дали сеуште имат такви луге како што ти опишуваш !
     
  14. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Soco ти пишав..

    Иначе во Охрид бев но неговите се од село
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Каква супер фамилија?
    Супер неизживеана?
    Супер сељачка?
    Супер неписмена?

    Тој мамина маза, недоквакан. Таа одвај чека снаа во куќа да и влезе, да си има слугинка.
    Ама тие не се наш проблем.
    Како дел од форумов ТИ си наш проблем.
    Отвори очи кон нови нешта. Заборави го!

    Да си ми ќерка газот ќе ти го искинам од ќотек. :)

    Уживкај си во годините, оди гушни го татко ти, јави и се на некоја другарка ... запознај нова, било што прави......ама прави го тоа “било што“ достоинствено.
     
    На Doozy, avita, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    ти верувам !дека си била во Охрид ! ;)
     
  17. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Бев во Охрид ти кажав и каде а ти распрашај се дали ги знаеш и пиши ми во ПП..
    Иначе дојдени се пред многу години во тие згради
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Јас мислам дека треба да му се вратиш на дечкото и неговата супер фамилија.
    И покрај се', ве врзуваат многу заеднички работи, тука е металот, тој сака слугинка - ти сакаш очигледно да слугуваш, тој сака да господари - ти сакаш да си роб.
    Скрши им ги срцата и на твоите најблиски, се грижеле за тебе цели 19 години, и сигурна сум дека ти посакуваат се' најубаво и се жртвувале за тебе, а ти просто плукни им во лице и врати се кај супер идната свекрва која ќе те буди во 8 часот секое утро да и' свариш кафе и да направиш ручек.
    Веројатно твоите обврски ќе се прошират до миење на нејзините нозе ако посака, а ти тоа ќе го истрпиш молкум и без поговор, зашто си вљубена, затоа што нема друг за тебе, затоа што дома те мразат, затоа што не ти се излегува со никого - просто, зашто сакаш да живееш самата живот на навредена, понижена и малтретирана.

    Нека ти е со среќа.
    И не поставувај прашања и не барај одговори, ти неодлучно суштество што плачеш за ќотек, кога веќе си се решила дека сакаш да водиш еден мизерен живот.
    Оди, со среќа нека ти е слугувањето.
    Пријатно.
     
    На kate21 и avita им се допаѓа ова.
  19. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    а бе ја прочитав твојата порака и ти пуштив одговор ама незнам дали го доби некако тешко ми одит со препраќање на поракит ?! не ги знам моментално не ми текнуват ама ке прашам и ке ти кажам ама деновиве сега е касно ! :D ме чудит толку време да живееле во градот а да останале со толку мизерни селски сваќања ! ете тоа и уште ако се толку патријахални како му дозволувале на синот така како,,металец,, да се однесуват то не ми е јасно :D !! ај ке ти пишам некој ден а ти во мегувреме направи си список кој други работи те интересираат во животот освен тој недоветен ориѓанец и неговата мајка сељандурка !!!! манџа што те терат да прајш !!!
     
  20. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    trendafilka- Не реков дека сакам да се вратам туку дека сакам да докажам дека НЕ се во право?
    soco-Дознај хехе..Иначе не им сметаше тој стил..И пиши ми распрашај се ќе видам сега во пораки :) Или пробај пак прати ми
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.