1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да живеам пак? Јас ли сум виновна?

Дискусија во 'Канта' започната од janafilth, 4 февруари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Извини ама дедо ми на баба ми не и дозволува да помага кога ставаат грозје, под изговор дека тоа е машка работа.
    Он го прави кафето наутро за нив двајца.

    Сакаш вака да го поминеш остатокот од животот или со некои неадерталци без основни манири?

    Гледај си го факултетот, дружи се со колегите, лека-полека се ќе се среди, па побогу не си изгубила некој што како принцеза те третирал па да се прашуваш како ќе живееш.
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Кому ќе докаживаш?
    Ним?
    На светот? - кому не му е гајле.
    На домашните? - Веќе знаат дека не се во право и дека се ненормални, татко ти и' ти го кажал тоа.
    На форумов? - Дури и во виртуелниот свет доби мислења кои ти укажуваат да се тргнеш оттаму.

    Значи кому си запнала да докажуваш?
    И што уште се интересираш, па уште замараш и кај живееле и која боја чорапи носеле...

    Некој негов другар ти пишал дека се супер фамилија... Боже господе, дали се слушаш, читаш ли што пишуваш?
    Па НОРМАЛНО дека ќе каже дека е супер, твојот екс металец дечко така и му рекол да ти каже...
    |(
     
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.187
    Допаѓања:
    235.163
    Што да докажеш дека не се во право?
    Бегај девојче додека е со време. Подоцна ќе се каеш.
    Туку, кажи ми, ти ги оправдуваш што вака се однесуваат со тебе?

    Инаку јас знам вакви примери, и за жал несреќно завршуваат т.е. жената е таа која трпи, и која е виновна, бидејќи си знаела што зима. Така да, мала си, тука е татко ти, другари ќе си најдеш, а дечково исто како да не постои.
    Ништо не ве поврзува, ама баш ништо.
     
  4. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Мислев на нив да им докажам дека не се во право...ТОј така пиша но не верувам дека му е наметнато бидејчи овој ме мрази и не верувам дека имаат муабети за мене а и дали се имаат чуено..
    JuLleE- Не оправдувам заради тоа што незнам никој нормален ваков
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.187
    Допаѓања:
    235.163
    Епа тогаш зошто се измачуваш?
    Продолжи напред со животот, послушај го татко ти.
    Сигурно не сакаш да му се вратиш нели?
     
  6. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Несакам.Само се надевам ќе свати дека не е добро тоа што го прави и тој и други такви
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.187
    Допаѓања:
    235.163
    Остави ги таквите, џабе е, не сфаќат, морони, пишав дека знам вакви, има еден, девојчево сега му е жена, не знаеш што и прави и затоа ти велам бегај.
    Почитувај се себе си, сакај се, ти вредиш повеќе од било кој друг.
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Тие 50 години не сфатиле,ти ќе ги натераш да сфатат?Или ти ќе го натераш да увиди тој каков е?
    Абе седи си мирна и доста со тоа овој ме мрази оној ме мрази,биди малку посамоуверена и поцврста.Биди среќна што си се тргнала од такви луѓе,заврши си факултет и постигни нешто во животот,оди напред не се враќај 10 чекори назад со праисториски луѓе.
     
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Чим они ова ти го правеле додека си му била женска,што ќе се случело ако си му станела жена...тогаш дури ќе си видела малтерирање :x
     
  10. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Во право сте сега ми е малку подобро...
    Сакам целосно да успеам незнам како да започнам
     
  11. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    девојче навистина жално низ што си морала да поминеш,биди срекна што тој кошмар завршил а не да тагуваш по некој селјак кој не те ццени ,ово родители семејства па мајки кои се мешаат во све и свашта никад нема да им направат добро на своите синови,
    таа мајка негова не знам како да ја именувам чудовиште од жена ,она тоа намерно ти го праела за да си одиш зашо не те сакала тамо ,биди срекна што си се оттргнала од таа комплексна фамилија
    а за пријатели ке си најдеш со време :)
     
  12. purelove

    purelove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    10
    Боже Господе што нема низ оваа наша мила државичка...
    Прво тие што луѓе ќе беа не ми е јасно.
    Второ ти девојче дали убаво си размислила до кај ќе стигнеш со тие твои размислувања? Не ми се верува дека имаш 19 години. Не ни сакам да те осудувам можеби навистина си претерано затрескана во него ама сепак бре...
    Еве ќе ти кажам пример за кој сум била и јас сведок значи момче и девојка се венчаа многу млади и додека беа во врска (кратка врска бај д веј) неговите родители беа супер(за краток период секој може да ти глуми), потоа во брак се се смена. Живее заедно со неговите родители и тоа да ти испаднат дека се некои презаостанати луѓе цело време на девојката прави ова прави она таа ќе направи а тие не не не треба така ти ништо не знаеш :puke: ОДВРАТНО!
    Ајде остај тоа ама овај дечково татино и мамино галениче значи цело време против неа. Имаат и дете но на прболемите крајот никако не им се гледаше и знаеш ли сега како завршија? Епа фино лепо разведени оти девојката леташе ко мува без глава без претходно да види во што се впушта. Најтрагично е што во сето тоа најповредено е детето што е тоа виновно што возрасните не знаеле како да си го живеат животот? И сега тоа да биде дел од едно растурено семејство да не живее со двајцата родители. А ти млада дамо ја имаше таа шанса да увидиш во каква фамилија можно е да влезиш и сепак сакаш да се вратиш или сакаш нешто некому да докажуваш? Не ми си јасна искрено, не си мала па на тој начин да размислуваш. Не те осудувам немој погрешно да ме сфатиш само те терам да ја видиш суровата реалност. Биди благодарна што ете си ја согледала ситуацијата и можеш да си среќна што избегна голема несреќа од живот. Ти посакувам се најубаво и не се секирај барем мажи има еден куп не вреди за никој тоа да го трпиш. Поздрав :)
     
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Цццц, не знам, уште ли има дотолку затуцани жени ли бре?! :o

    Па прабаба да имав ќе беше помодерна од оваа твојата бивша свекрва :o. Бог да чува!

    Туку, дај да прославиме што си се тргнала од такви неандерталци :D :party: :party:

    А за пријатели, нови познаници, тоа со тек на време ќе запознаеш, ќе стекнеш нови другрства, пријателства, не може преку ден, не очајувај ради тоа :)
     
  14. memory

    memory Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    9
    Едно нешто треба да запомниш, Не си ти ВИНОВНА. Продолжи со животот, не ти треба таков човек. Стој понастрана од лоши луѓе во твојот живот, затоа што ќе ти го направат пекол. Имаш нова шанса за живот, а пријатели ќе најдеш. Само оди на факултет, седни и започни разговор со било кој, натаму ќе биде се полесно. Колку и да ти даваме совети, сите знаеме дека љубовта е слепа, и сите сме биле во таква ситуација. Ама девојко твоето не било љубов, од твоја страна да, но не и од негова. Ти си сторила се што треба, сега продолжи напред. Нема што да се поправи и да се вратиш нема да смениш ништо. Излези надвор, животот е убав, дружи се, за кратко време пак ќе бидеш среќна.
     
  15. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Сакам да бидам среќна :) Тој има некој виртуелни пријатели излага со нив но мислам дека пак не е тоа тоа..Небитно...

    Во врска со мене сакам да го заборавам се надевам ќе нема некогаш да ми направи нешто...


    Иначе сите викаат нема шанси друга да најде ќе те бара пак...
     
    На purelove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746

    Девојкоооо, моли се да не те бара пак!!!!
     
  17. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Се молам но сакам да свати и тој и другите дека не се тие времиња веке
     
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Абе терај си го ти твојот живот, што ти е гајле они дали ќе сфатат или не?!?
    Си се откачила од такви тортури, зошто пак да се вмешуваш? Или и тебе не ти доаѓа памет?

    Они дали ќе сфатат сега на 50-60 години, ама ич не е релевантно за тебе, оти ти више немаш врска со никој од нив! И не се изгледа толку по традиции, колку што ми изгледа дека се само злобни луѓе!

    Понастрана од такви! :!:
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сериозно да сум ти во близина би ти мавнала една освестувачка шлаканица. Остави го него да живее во виртулениот свет, ти живеј во реалниот, и нема што ти тука да им докажуваш и покажуваш на нив каков е светот денес, не си ја предизвикувај судбината. Сконцентрирај се на тебе, и на подршката од татко ти. Прашањево како да живееш без него ти е дури екстремно, ќе живееш како што живееше и пред него, па и поубаво! Примтивизам не!
     
  20. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Да по традиции се постат секој петок идат во цркви едно др..Иначе она вика како може за другата снаа и луге да сум супер да не чинам за тебе? Ти си само прашање одговор муабет не правиш другата снаа уста не затвори
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.