1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да живеам пак? Јас ли сум виновна?

Дискусија во 'Канта' започната од janafilth, 4 февруари 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.257
    Девојко, многу ја тупиш работава! Ти објаснав по ЛП што е и како е. Дај продолжи со животот. Не е Брад Пит па да неможиш да го преболиш. Ќе си најдеш некој металец од Скопје, имаш еден куп.

    И ако имал многу многу пријатели, зашто седи на интернет 24/7?
     
  2. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Седи дека не излегува многу и 50% од тие му се од Куманово, Тетово...
     
  3. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    ма како на нет е цел ден??не требало да се работи?бог да чува,ти се чудам тебе на паметот
     
  4. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Имал работено продавал весници,незнам во сендвичара ама го избркале...

    Иначе неможел да најде работа, а за мене викаше за работа по дома дека треба да работам готвење и сл.
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.589
    Допаѓања:
    3.257
    Тој нема пријатели, тоа му се познаници од фб!!! Како можи да имаш пријатели и другари од други градови и да си многу познат? Очигледно е дека дома седи, џаболебар е, те малтретира па и уште жалиш по него. Почнуваш да ме нервираш, а се воздржувам од навреди итн... Продолжи со животот!
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    еве ти неколку чекори за да почнеш од почеток :)
    1. НЕ одржувај контакт со него ( ни на фб ни на моб ни преку пријатели)
    2. Смени нешто во твојот надворешен изглед (направи да се чувствуваш подобро физички )
    3. Најди работа, волонтирај или што и да е само да бидеш зафатена со нешто
    4. Потруди се да најдеш друштво за излегување
    5. КЛИНОТ СО КЛИН СЕ ВАДИ... ПРВИОТ што ќе ти пријде е тој вистинскиот ( не за мажење, туку за да ти помогне да го гониш тој сељако глуп никаков )
    6. Престани да се обвинуваш сама и да се прашуваш дали ќе се најди друг за тебе
    НОРМАЛНО ДЕКА ЌЕ ИМА ДРУГ 19 год имаш АЛООО не биди и ти како со 4 одд
    и она што е најбитно е да уживаш во животот а не да се замараш со простаци... позз
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.980
    Допаѓања:
    279.000
    Прекинот со некој од друг град е најбезболен...ама ако се сака.

    Нема да го гледаш низ град, на фак, низ барови....немате заеднички пријатели, поубаво здравје.


    Во однос на прашањата
    Како да живеам пак?
    Ти не престана да дишеш у ниеден момент...така да и понатаму диши издиши живот иде даље. На секоја девојка барем еднаш срцето и било сркшено, ќе преболиш

    Јас ли сум виновна?
    Не си.
    Ти кажаа сите тука, ама се додека очекуваш и тој или мајка му нешто да ти кажат или објаснат ќе си тапкаш у место.

    Делите и блок од сите социјални мрежи, исклучи тел и смени број....што чекаш се прашувам.

    Објаснување, извинување, докажување......?
     
  8. Barbiie92

    Barbiie92 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    Добро бе после толку време шо си живеела кај него не сфати некој работи? Во кој свет живејш ти не ми е јасно... Па нормално дека немојт да најт работа ко сејт на фб по цели деној и живејт во некој глуп метал филм.... Жал ми е за тебе најсериозно
     
    На angel92 и soco им се допаѓа ова.
  9. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Имал работено во сендвичара но го избркале (има угостителско завршено се утепа барање работа од тој смер) знам и за Авганистан аплицираше, незнам дали ќе иде...

    Демек неможел работа да најде државата вака-така..

    Не барам да се смирам онака збориме сега...
     
  10. Barbiie92

    Barbiie92 Активен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    4
    него го чекет во авганистан сигурно :) не се секирај немат да заминит :) Мој совет ти е да се свестиш шо побрзо ова ти е лекција за друг пат во животот да си знајш... едноставно заборај го дека постојт зш не вредит... Јас незнам ни како си дозволила тој да ти раскинит,наместо ти да го напрајш то нешто
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Проблемот со тебе е дека ти не сакаш са се откачиш и да продложиш, како опседната се однесуваш и не прекина да го обајснуваш. Човече ај излези надвор погледни го светот. Реалноста. Толку мани му најде на почеток, а сега па го правдаш, во конфликт си со самата себе. Дури почнуваш да ирититаш што не прифаќаш мислење, туку прдолжуваш да го објаснуваш, и објаснуваш и објаснуваш и тапа е!!! И досаден е дечко ти, оти нема амбиции, а очигледно и ти немаш за да продолжиш да живееш без него.
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Да ти си виновна, а богами и досадна. мислам сваќаме сите дека си искочила од долга врска и не ти е лесно, ама имај осет човече. не си ни прва ни последна, на сите ни се случило. се дешаваат такви работи. ехеее има луѓе што биле во брак 10 години па и повеќе, се разведуваат, и секој си продолжува најнормално по својот пат, ти на 19 години не гледаш иднина и причина да живееш? стварно жалосно.
    и не знам што уопште се трудат тука ти даваат совети кога ти на се нешто имаш капаче и ги оправдуваш сите нивни постапки. ми личи дека така и ти одговарало искрено. и пак упорно и упорно пишуваш, не знам што очекуваш да ти кажат кога тоа најпаметното остај го, заборави го, батали го, ти не го применуваш.
     
    На lolyta777, Acerola и ljubam им се допаѓа ова.
  13. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Го применувам сакав само мислење...

    Сакам да успеам навистина не да биде заборај го да го заборавам па да останам сама
     
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.149
    Допаѓања:
    46.866
    Пол:
    Женски
    Како може да останеш сама :o имаш 19 години не 39 , допрва ќе запознаваш машки и ќе си најдеш некој кој вреди, што си се залепила за тој толку. Прво таа мајка му не е со сите, проста необразована жена, која се изживувала над тебе |( по тоа што го правела ниту те сакала , ниту е нормална :tmi: Треба да се радуваш што си се откачила од нив, сега посвети се на факултетот и не се замарај веќе со тоа, освен ако не сакаш да седиш далеку од твојот дом, во средина на необразовани луѓе, кои ќе те малтретираат психички и ќе те тераат да зборуваш на нивниот дијалект :| |( Ако го сакаш тоа тогаш напред, замарај се уште , плачи за него, па дури и јави му се моли го да бидете пак заедно :x :hai:
     
  15. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Несакам, туку сакам да најдам некој што е ок
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Ќе живееш. Мораш. Треба и да си благодарна што имаш ваква прилика да почнеш отпочеток (добро е што ти раскинал затоа што ти, како што гледам, не би имала срце да го направиш тоа, ти направил огромна услуга, а не е свесен за тоа).

    Ама, зошто се замараш уште со нив? Да, точно, можеби нема да најдеш фамилија како неговата (ретки се такви примероци, стварно, ама во негативна смисла). Што ќе докажеш? Дека не се во право? Ним? Постои еден начин-престани да ги регистрираш веќе, а ако те побараат пак, отерај ги у п.м. заради тебе и заради твоите кои секогаш ја оставиле вратата отворена за тебе (не се сите родители такви, биди среќна за тоа).

    Нормално е да помагаш, но не и да слугуваш. Да и јас сум сопруга и домаќинка и покрај сите други обврски што ги имам, ама свекрва ми од прв ден ми кажа „Јас не сум од оние простите, ќе ми помагаш, ама нема роб да правам од тебе“. И била права мајка па синот си го научила на се'. Сеа не баш се' ама да се испере, испегла и направи некои едноставни јадења-да. И пред мене му има речено кога ќе бидете еден ден сами, немој да си ја малтретирал случајно и таа е човек, ќе видиш ја боли глава изморена е од работа, измиј ги ти садовите нема раце да ти паднат, направи и' кафе. Е сега, кога можеш со друг многу подобро да си поминеш, зашто ти да поминуваш низ тие работи...да не ќе ти рече фала...

    A за да најдеш некој друг што е подобар, прво треба скроз да престанеш да размислуваш на овој “мажиштево“, потоа да излезеш да почнеш да се дружиш со колеги...еее, слободна си, на факултет си, твоите те поддржуваат, на коњ си бе девојче само не си свесна.

    Среќно!
     
    На soco му/ѝ се допаѓа ова.
  17. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    За нова година се скаравме кај да славиме нејќев таму и ми рече ова ти е последна шанса искористи ја..

    Кога отидов за нг, работев правев се мајка му се налути дека дојдовме во 1 не порано дека не честитавме во 00, брат му и девојка му во 00 се јавиле..

    Кога дојдов ме тролаа на мобилен и ми рече на мсн не ја искористи шансата ај чао...

    А баш ок бев
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.593
    Еве одма ќе го испратиме по порачка, каде да тропне, адреса, бројче, висок, низок, русокос, црн дечко?
    Ќе му речеме - оди кај една очајна, неодлучна и лабилна особа... јас мислам сите ќе се потепаат за да им бидеш токму ти девојка.

    Абе оди таму отвори книга, отвори очи, образувај се, научи нешто, научи да се цениш, научи да стоиш на свои нозе, сама ќе останела старава мома, еј што мразам вакви плачки и лигаво-самосожалувачки настроени суштества...

    Уште некој дебилен коментар и ќе ме увериш дека - со право те третирале така тие лудаци!

    И да, навредлив ми е коментарот и ич не ми е криво!!!

    Ќотек ти треба на тебе, не совети.
     
    На JuLleE, lolyta777, kate21 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Џабе веземе ние овде, додека самата не се свестиш колку вредиш...
     
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    божеее, изгледа малку ти беа советите...
    Hе знам што да ти кажам, веќе џабе е, се од тебе зависи
    зашто си честитала во 01 последна шанса?
    Hе знам......
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.