Одам на фитнес некое време и имам мал проблем. Неможам да се контролирам што јадам после фитнесот и тоа многу штети. Незнам што да правам, ако имате некој метод помагајте.
Значи после вежбање за да не ти е за џабе маката , обавезно да си внимаваш што јадеш . Треба да пиеш вода , да надоместиш за таа што ја губиш при тренинг Доволно ти е чаша јогурт со овесни трици и ленено семе или половина динстан стек со салата или само шопска салата Во секој случај нешто полесно и по правило треба да е протеин
Јогурт ,белки од јајце ,мало парче сирење или кашкавал ,месо печено или варено (никако пржено). Имаш голем избор ,важно е да се протеини.
Барав тема и посоодветна не видов. Не само по, туку и пред вежбање ме интересира што се јаде и колку време пред вежбањето?
Најдобро е саат ипол/два пред вежбањето да се снабдиш со енергија т.е со јаглехидрати, затоа што телото прво црпи енергија од нив. Житни плочки, житарици, банани... Исто важно е и да имаш доволна количина на вода во себе, значи треба и доста вода да се пие - за да хидратацијата ти е нормална. А после тренингот не треба да се внесуваат само протеини, него треба да се има избалансиран оброк од јаглехидрати и протеини. Пример од некој зеленчук и протеин. Е сега, ако сакате да качувате на мускулна маса, ондак се зголемува и количината на протеините што ги внесувате по вежбањето. А мене лично воопшто не ми годи леќа пред вежбање. Ми создава тегоби невидени и не ми е на памет веќе да јадам леќа пред да вежбам.
Бананите помагаат да се елиминираат тегобите кои се случуваат поготово при вежбите каде што е потребно да се извиткате или наведнете, чучњави и стомачни, често се случува да се почувствувате како да ви се вратила храната назад, а тоа се киселини, не чини во секој случај, затоа саат време пред вежбање една житна плочка, во моментов најдобри се овие на Гранола и една банана, вода ама дури откако ќе започнете да вежбате и не е лошо некој зелен чај да се испие претходно, ќе ги снабди со доволно кофеин вашите клетки а нема да ви биде тешко како од кафето, и тоа често пред вежбање знае да се врати назад.
Што после тренинг? Што ви е обичајот да правите после тренинг? Што јадете и пиете? Дали внесувате некои посебни напивки или било што? Јас после тренинг се воздржувам да не јадам или тоа што го јадам да е нискокалорично и богато со протеини а воедно и нешто што ќе ме засити. Поентата на сето тоа е да не биде за џабе тренингот и сите тие вежби. Имам забележано на тренинг дека си носат различни напивки и протеински шејкови и било што. Јас сеуште не сум пробала нешто такво,а би сакала така да дадете и предлог за некој таков додаток
Најчесто јадам јајца варени или омлет бидејки имам читано дека се полни со протеини.Или пак салата,ориз со зеленчук или спанаќ
Туна, јогурт или варено јајце(едно цело и белки од уште 2 или 3), некогаш зрнца соја или бадеми. Сум јадела и банани или лепче со путер од кикиритки или крем сирење, но овој месец јаглехидратите ги сведувам на минимум, па од следниот пак назад на нормално
После тренинг обавезно јадам голем оброк полн со протеини, јаглехидрати и масти, значи обилен но избалансиран оброк, во кој обавезно има месо или/и јајца. И често пијам шејк кој го правам со путер од кикиритки, банана и млеко. Се обидувам да накачам маса и се надевам дека ова е правилно за да ја остварам мојата цел... И да додадам, огромна грешка е исфрлањето на јаглехидратите од исхраната, особено ако сте физички активни. И после тренинг потребно е да се јаде пообилно, за да се хранат мускулите.