Како да запознаете нови луѓе?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Marick14, 11 март 2016.

  1. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.918
    Постојат повеќе начини да запознаете нови луѓе. Еден од далеку најелегантните и најефективните начини е да ги користите луѓето кои веќе ги знаете. На тој начин, можете да ја збогатите својата социјална мрежа.

    Виртуелно, можете да стигнете до било која личност користејќи ја личноста која веќе ја познавате. Луѓето се поврзани. Одејќи од една врска кон друга, можете буквално да создадете нови врски за себе и да го зголемите вашиот социјален круг.

    Дури и кога не познавате многу луѓе или немате многу пријатели, се додека имате барем неколку, можете да ги искористите да стигнете до нови луѓе. Под услов вашите пријатели да имаат свои пријатели и познаници, потенцијалот е тука.

    Како вие запознавате нови луѓе?
    Или кажете како најлесно може да се запознаат нови луѓе.
     
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.273
    Допаѓања:
    100.056
    Пол:
    Женски
    Он-лајн форуми, социјални медиуми генерално во денешно време се супер начин да млад човек запознае нови луѓе... разно-разни спортски,планинарски и штатизнам какви се клубови... разно разни настани кои сë почесто ги има..од читања на книги, до чајанка некаква по повод роденденот на англиската кралица, до некоја собиранка на јоги, SF љубители итн. па се до настани што ги организираат здруженијата на граѓани, особено обуки, тренинзи и сл. па дури и протестите :D
     
    На sugarlips, crazylady, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    Ајде посебна тема за тоа како да запознаеш нови луѓе и да успееш да не се разочараш од истите. :u:

    Во првите години си запознав од овде девојче и сега ми е многу добра другарка, значи форумите се океј варијација, освен ептен ако не утнеш или немаш среќа. Ова од протестите и пленумот и јас имам запознаено доста фини луѓенца. Хм, поетски читања, промоции на книги, такви некои манифестации што обично за другите се досадни а за нрдовите како мене се превозбудливи, срце да ти стропа. Па кога му го слушаш срцето на некој во таа општа прозевачка досада, знаеш дека тоа е тоа. Понтаму, дебилни настани зашто обавезно ќе има некој кој ќе се потсмева, па ќе му го фатиш погледот и ќе продолжите заедно да се правите паметни на глупост.

    Еј, може пред споменик. Па почнете да вреѓате од стиропор до нашите небесни врвови, па или со некој ќе се испоколиш таму или заедно ќе почнете да хејтате режим. Или пак обратно, гушни некој споменик и величи го Грујо, па на кого му се насолзат очите покани го на кафе. :coffee:
     
    На Ekstaza, sugarlips, CoverGirl10 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Zapisete se na kursevi/aktivnosti koj gi sakate. Tamu ke zapoznaete luge so isti interesi so vasite.
    Ako nemas ist interes kako i bi pocnal moabet/druzenje.
    Mora nesto zaednicko da imas so osobata za da moze da se druzis.
    Isto na rabota/fakultet/skolo, eden kup luge so ista tema na razgovor.
     
    На Ekstaza, Victorian, sugarlips и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.906
    Допаѓања:
    37.119
    Пол:
    Машки
    Нaјчестo се зaпoзнaвaм преку некoј зaеднички пријaтел.
     
  6. borjan4eto

    borjan4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    306
    Се согласувам со следново, и би ги набројала "групите" на луѓе во кои можете да "членувате", и да ги запознаете останатите членови во нив, споделувајќи заеднички интереси и поминувајќи време со нив:
    -училиште (градинка, основно, средно, факултет)
    -работа
    -курс (јазици, спорт)
    -играорна
    -невладини организации, црвен крст, совет на млади, партиски унии и така натаму :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.777
    Допаѓања:
    25.139
    Пол:
    Женски
    Се запознавам преку некоја од другарките, преку форуми, преку фејсбук. Со некои контактирам и понекогаш се гледам (зависи колку слободно време имам). За да се дружам со некој треба да имам заеднички теми за муабет.
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.677
    Допаѓања:
    2.918
    Јас најчесто се запознавам преку другари и роднини. Преку нив создавам нови другарства и пријателства. Ма да сум малку прибирлив кога станува збор за изборот на другари, но до сега повеќето што ги имам запознаено се преку другарите и роднините.
     
    На Rock\m/girl и sugarlips им се допаѓа ова.
  9. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    2.732
    Пол:
    Машки
    Запознавам секој ден по повеќе нови луѓе пошто таква ми е работата.
    Иначе запознавам секогаш некои нови луѓе коа ќе искочам викендашки во клуб или било каде.
    Од сите тие луѓе што ги запознавам со 10% останувам во контакт и евентуално можам да градам некаква врска додека останатите 90% се само пролазни... И преку социјални мрежи и форуми исто така многу луѓе сум запознавал и запознавам.. Што значи насекаде се запознавам со нови луѓе али не мора да значи дека ако се запознаам дека ќе имаме некакво другарство пошто едноставно со некои луѓе не сум на исти фрекфенции и не можеме да функционираме заеднички... :)
     
    На Gushkalo, sugarlips и crazylady им се допаѓа ова.
  10. Angel777

    Angel777 Нов член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Супер е темава, сите имаме моменти кога се осеќаме дека ни е потребна некоја промена, некоја нова личност да влезе во нашиот живот и да ни внесе поинаква енергија. Обично запознавам нови луѓе преку работа, но еве идејата со зажишување на курсеви ми се допадна и мислам дека ќе го применам тоа. Ви благодарам за темата и сугестиите
     
    На Ekstaza, zhap4e и Marick14 им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    48.918
    Пол:
    Женски
    Јас сум запознавала нови луѓе во школо, во разни институции, разни активности како курсеви или спортување, потоа на патувања, преку лица кои веќе ми се блиски, на социјални мрежи и преку писма, на времето кога се допишувавме. Има толку многу начини за да се запознаеш со некого од кои сметам дека денес најпопуларен за тоа е интернетот, социјалните мрежи и разните апликации за смартфони. Тој начин на запознавање не го одобрувам баш затоа што не ретко излегува дека луѓето не се такви какви што се претставуваат виртуелно.
     
    На bad girl18 и sugarlips им се допаѓа ова.
  12. Incule

    Incule Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    290
    Пол:
    Женски
    Од секаде запознавам,со разговор
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    18.467
    Пол:
    Женски
    Мене склучувањето нови познанства ми е прелесно бидејќи сум таква личност.Дружељубива,екстровертна лабава весела.
     
    На macmacuf му/ѝ се допаѓа ова.
  14. voin

    voin Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Lugje,ponekogas mi e zdodevno od druzenje so isti faci,isti mesta,istiot grad... itn
    dali i vie bi posakale nekogas da se sluci nesto porazlicno od sekojdnevieto
    na primer da zapoznaes nekoj(a) nova faca,da sednes na kafe muabet, da steknes nov prijatel i da znaes vo idnina deka nekade tamu blisku-daleku imas nekoj na koj mozes na pominuvanje da mu svrtis da zavrsi nekoja rabota za tebe.
     
    На krEM4Eto, Плавуша123 и Mr.Lover им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    74.472
    Пол:
    Женски
    Почни да одиш на курсеви (за јазик, компјутери, вештини), запиши се да тренираш некој спорт, оди во теретана, зачлени се во некое друштво (извидници, играорци, луѓе што искачуваат планини), учествувај во некоја волонтерска работа... Па така би запознал нови личности и пријатели.

    Нормално сите понекогаш не гуши секојдневието и бараме начин да разбиеме монотонија.
     
    На Weird0, Ketchup, Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  16. voin

    voin Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    dobra ideja ama jas sum malku mrzliv za nekoi raboti,vprocem imam takva rabota sto e ispolneta so fizicki aktivnosti-soldier pa preku glava mi e i toa,jas poveke kafe muabet praktikuvam :)
    ako ima nekoj istomislenik(cka) ke go kontaktiram da castam kafence...
     
    На 100nogalka и Mr.Lover им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.653
    Допаѓања:
    103.963
    Пол:
    Женски
    Многу тешко да се изведе тоа што ти го бараш бидејќи на денешно време нема таков да ти заврши работа а без да ти бара за возврат.
    Тука никој не е искрен и треба отварање 4 очи.
     
    На Justicija, Weird0 и Mr.Lover им се допаѓа ова.
  18. voin

    voin Активен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    castam kafe poveli ne baram nisto za vozvrat osven muabet :)
     
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.623
    Допаѓања:
    108.192
    Сакам само мал совет да уфрлам, вака се соменвам дека некој ќе се нафати иако доколку искрено сакаш кафе се надевам дека некој ќе сака. Мојот мал совет е, вклучи се во социјалните теми, зближи се со членовите па доколку со некои се зближиш доволно има шанси спонтано да ви дојди тоа излегување на кафе. (highfive)
     
    На Ketchup, crimson, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Weird0

    Weird0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2017
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Нема мрза врза, брда..сакаш пријатели а не сакаш активности :P