Фати се со мене бе душо, ќе те напраам чоек...Ќе ти ги отворам очите... Нема посебни филозофии, едноставно опушти се и во зависнот од околностите дозволи сама по себе да си тече работата Најбитно е секогаш да си опуштен и насмевнат, зашто ако девојката сети дека имаш трема и се плеткаш пред неа, нема да оставиш добар впечаток.
victoria san потполно си во право за првиот дел, но зборовите како мило душалче дишичке се извор на милост на почит а и како би ти пишал кога не те познава црнокоса девојко. а за второто мислење, исто се дложувам дека не можи одма на кафе треба мале време да помини. а тоа како си што правиш дали си добро е според мене почит а и што би те прашал ако не како си што си правиш сигурно не би те прашал кога последно беше на стоматолог или дали глава те боли би звучел навредливо смешно и одбивно. Едноставно така некогаш разговор се започнува
Кaкo дa oтвoрaм темa, кКo дa му ги oткријaм интересите, кaкo дa знaм штo гo интересирa, кaкo дa знaм Ахххх пиши прoпaлo. Че немaме темa зa муaбет
Значи вака,нова сум на форумот и како за прв пат ќе ми треба помош од вас. Со едно дете се допишуваме веќе 2 години ама не редовно туку онака од време на време. Е сега,2 3 пати ме има повикано за да се видиме ама јас го одбивав незнам ни јас зошто а од секогаш ми се допаѓаше. Сега имаме изгубено контакт на 1 месец а пред 2 недели го видов со една како влегуваат во дискотеката. А овој викенд пак само гледа во мене и плус ме почасти пијачка.. Сега незнам сакам да разговарам но него но незнам како да започнам или пак да оставам на него? И да дополнам,го мислам и сакам да започнам нешто со него..
Пиши му ти, почни разговор за почеток потоа можеш и да го прашаш за кафе или прошетка времето ќе биде убаво. Превземи ти, не чекај.
И јас незнам како да почнам разговор со тупанот, не дека нешто многу збориме скоро ич али тој ме свиѓа и јас исто ми се има пуштано онака малце ко на зафрканција ми го зема телефонот глупости како да ми даде до знаење дека ме свиѓа, е сега сум на ред јас а јас појмамси немам да напраам муабет со него учиме у исто школо али не сум тип шо ке збори нешто за школо а и глупо ми е од неговите другари треба сам да го начекам и да му напрам муабет ама за што кога појма неам ке се устрамам ке почнам да зборам глупости па да не испаднам како еве му се пуштам ко заклана обака сакам да напрајме лабаво муабетче ама незнам како и само гл зјапам на тоа сме цело време. Стварно појма неам
Со тоа само му даваш до знаење коа демек си незаинтерсинрана, а оно обратното е, мн девојки ја прават твојта грешка, иницијрај као кафе неш, средба, па почни си разговор, ниш не губиш, само може да дознаеш на шо си, а за понатамошно ќе си процениш,како и што, немора да значи дека ти одоговара, сигурно нека да ти падне круната, од едно видување.
Jas deckoto sto mi se svigja go zapoznav na zimuvanje i toj bese kelner koj ne sluzese i togas zborevme malku, posle nekolku dena jas go najdov na facebook i on mi pisa od kade go najdov, sto kako i tolku bese, a jas od togas ne mozam da go izvadam od glava. I mislam kako da mu pisam ama ne znam kako a i mi e sram.
Толку многу се плашам да започнам разговор или било што со еден дечко што ми се допаѓа,нешто од внатре ми вели ќе бидеш посрамотена,повредена,одбиена и немој.И сама не знам што ме тера да престанам на него да мислам знам дека ќе бидам разочарана,а не дека е нешто вип фаца па као демек недостижна ама ете не знам дали се работи за моја самодоверба или интуиција која треба да ја послушам.Немам ни храброст на инстаф фолоу да му манам ех судбино.....можеби бидејќи оддамна немам флертувано,а последен пат кога направив прв чекор бев одбиена ама барем културно да се разбереме.Фелп феминки имате некое искуство или совет?...ми треба надприродна моќ
Лајк некоја слика одвреме на време и видете дали има фидбек/реакција од нивна страна после месец/два коментар каде е сликава направена ... после тоа порака и ако нема интерес толку е.
Не очекувај да му ликеш на сликите или тој тебе, тоа беше минато а сеа не ти треба да се срамиш ниту да се плашиш дека ќе бидиш одбиена, тоа треби да се навикниш туку треба да пробаш ако не пробаш нема да знаеш, пред тебе ти е животот имаш време за све и не очекувај тој да ти пишува можи размислува исто како и ти но затоа пиши му изненадиго ако не му пишуваш мислеш ќе ти падне круната не бе душо, тој ќе му паѓа тој е селјак (или можеби имат девојка па нема да ти врати или не му се свиѓаш) но ти ќе бидеш фер и искрена, не губи надеж. Со среќа.
Најголем проблем ми било да започнам разговор со девојче, не знаев што да кажам, нити како да го задржам текот на муабетот, се губев у време и простор, колку пати се дешаваше она ке подзаќути и јас како муле ќутам и пустиот не знам што да кажам понатаму, дури па и ако кажев нешто ќе беше некоја тотална безвезотија колку да се види дека сум кажал нешто и тоа ми се дешаваше со секое девојче со кое и да бидам, премногу тешко се опуштав, а сега уста да ми затвори човек не може... Не знам ни сам како ама самото по себе си дојде, веќе немам никаков проблем при комуникација со женско.
Би сакал да чујам мислење зошто ниеден приод преку социјалниве мрежи не ми успева иако сум се обидувал на различни начини да привлечам внимание пошто во живо немам храброст за тоа.Им имам пишано на еден куп девојки низ годиниве и ама баш ниедна ми нема одговорено па се прашувам што не е во ред со мене,каде грешам.Често бирам девојки со високо деколте или како за на плажа иако тоа не е пресудно за мене ама изгледа има ефект врз мене женската облина па се прашувам дали правам погрешен избор при бирање на соговорник.Не сум многу пребирлив,ми се допаѓаат многу девојки што ги гледам по градов.Пред некој ден на инстаграм една девојка од листа на пријател ми се допадна и ја лајкував сликата и пошто на профилот имаше пишано парти анимал дека е си реков да бидам подуховит па и ги пофалив градите со зборовите величествени праски имаш...можеби беше пренападно,ништо не ми одговори...па се обидов со друг приод поромантичен,сакав да ја импресионирам и и пишав дека попрекрасно суштество од неа не сум видел во животов без да сакам да преувеличувам и дека е преубав ароматен цвет кој постојано треба да се полева со машко внимание и продолжително додворување и пак ништо...И обично здраво за да не комплицирам не помага..Како да се препелкам во ќор-сокак и со полно така...
Најчесто е бидејќи профилот не ти е полн со коли пијачки ланци ..... Не се рекламираш добро или доволно. Зборуваме глобала за поголемиот процент на девојки, за останатите проценти сеуште не си наишол на тие што сакаат/ценат нешто вистинско.