Па добро јас заради хумор,да ја насмеам го напишав тоа како што и ти се смееш сега ама после читањето на поромантичната порака би видела дека сепак не сум сељак
Во право е глупаво да се почне од таму муабет но на слика не се гледа карактерот. Затоа треба да се почне со здраво и со прашања за живот стил хоби.... за да ја запознаеш, а доколку сакаш само секс подобро пиши директно дали си за.... Ова сакав да го кажам, но заборавив дека на форум пишувам
Јас ако сум и почнал муабет за привлечноста на праските не значи дека веќе ја замислувам како ја конзумирам туку дека и ги приметувам најсилните адути што се однесува до нејзините средства за заведување кога зборуваме за надворешен изглед,сепак тоа е првиот впечаток пред да започнеме муабет за теми кои нејзе и се интересни,а во продолжение очекувам да ја лупам дел по дел и да ми се открива кои се нејзините желби,мечти и потреби за да знам како да направам да почувствува морално задоволство,па после телесното задоволство односно уживањето во гореспомнатите праски би требало да е круна на моите напори да ја запознаам подобро и да го видам она што е најдобро во неа.
Ќе ѝ купиш десетка со кромид, буковка, шопска и гајба со пиво и ќе ја поканиш како прав господин на вечера. Можете да почнете разговор на тема ЈНА зошто тука најчесто се „ломат“ срцата на жените.
Многу погрешен пристап. И мене некој да ми пише величествени праски имаш, не, нема да бидам импресионирана дека ги забележал туку ќе си помислам шо си замислува бе овој. И романтичниот дел не е нешто подобар, попрекрасно суштество не сум видел!? А си ја видел само на слика. Цветови, полевање На оваа ќе си кажам какви се бре овие глупости. Ајде романтиката океј до некаде, може ќе упали некаде, иако се сомневам. Искрено јас не би одговорила ни на едноставно здраво од личност што ме видел на фб а јас појма немам кој е. Пробај да и напишеш дека си ја забележал и ти се допаднала, би сакал да се запознаете. Вака, кратко, едноставно и искрено. Не мора да биде најпрекрасна, најзгодна, со праски и газови.
Дали сериозно ѝ го пиша ова на девојката и зошто да? Сакаш искрен одговор зошто не ти враќа на пораките?! Затоа што е одвратно, а не смешно. Без разлика каква фотографија има ставено на профил, одвратно е да започуваш разговор на ваков начин. А за втората порака што следела потоа, само ќе кажам дека уште повеќе ѝ го засилила чувството дека си манијак. Сериозно. После овој пост единствен совет што можам да ти го кажам е да не бараш совети додека не си поработиш на себе. А девојка уште помалку.
Ambitious,ама јас пишав погоре дека сум пробувал и на наједноставен начин ама немало реакција.Не е дека само праските се предмет на мое обожавање во случајов...
Причините некоја да не одговори се многу. Можеби веќе има дечко или пак не е заинтересирана за дечко во моментот. Можеби едноставно не е заинтересирана за фб познанства. Или пак, ти го гледа прпфилот, изглед, привлечност, нешто да дознае, ако не и одговара не враќа. Еве ќе тргнам од мене, досега никогаш, ама баш никогаш не сум вратила на рандом лик од фб. Јас би те советувала да собереш храброст и овие пристапи да ги направиш во живо, можеби ќе те следи повеќе среќа.
Purplelilac,разбирам зошто размислуваш вака...Можеби стварно со почетокот со праските не сум започнал најдобро иако намерата ми беше да ја насмеам,а после одеднаш со романтикава некако испаѓа од крајност до крајност,прво,малку безобразно зачинето со полупристојност,а после паѓање во несвест,романтика,а веќе си се покажал дека умееш да бидеш и безобразен....Да,би можело и така да се каже дека можда би помислила дека е манијачки...Секој дава совети врз основа на својот агол на гледање на нештата...
Јас на тие што делат такви "комплименти" од тип величествени праски или ги блокнувам или у најдобар случај ги отследувам. Одма си добивам претстава дека некој манијак или тежок сељак ми пишува. Плус тоа што кажуваш дека бираш само такви девојки кажува многу за тебе. Гледај да имате исти интереси, ако на стори пример има ставено дека чита некоја книга што ја читаш и ти, почни муабет за книгата. Верувам дека повеќе шанса имаш така да ти вратат отколку директ ко манијак така да пишеш порака... Џабе ги обвинувате девојките, а пристапот ви е погрешен, после они ви се криви, сакале само момци со пари и коли...мхм, да.
Dream girl,јас погоре напишав дека на нејзиниот профил пишуваше дека е парти анимал,дека лудо се забавува па затоа употребив такви термини за да и ја разгорам крвта,помислив дека ќе и биде духовито,а не за да ја навредам и пишав дека не бирам само такви девојки,реков не е пресудно да се такви ама дека не сум рамнодушен на девојки со облини или блага голотија и тоа е вистина...Мене разни девојки ме привлекуваат со разни работи...Може да ме привлече и девојка закопчана до грло ако има некој друг квалитет кој ќе ме привлече...Како и да е,фала за размислувањето...
Од ваквите пичко патеници kако тебе полн е инбоксот на секоја девојка, без разлика дали 'провокативна' или 'примерна' ' по ваше, и верувам дека ниту една ги нема протумачено вашите зборови како хумористични, флертувачки, како комплимент или какви год ги мислите, туку спротивно. Одговорно тврдам дека сите кои активно бараат партнер а се долги години сами, нешто дефинитивно не е во ред со нив, најчесто нивниот ментален склоп кој ги одбива сите од нив, за среќа, и фала ти што допринесуваш кон потврдување на мојата теза. Ајт.
@Pacifist Јас мислам дека освен пристапот што ти е лош, грешиш и при изборот на девојки на кои ќе им пишеш. Треба да бираш некои кои ќе одговараат на тебе, на твојот физички изглед и карактер, а не да се залетуваш по лепотици. Па после да се чудиш зошто нема резултат.
@Pacifist За да се поместат работите од мртва точка, почни од себе.Треба да знаеш што сакаш за да знаеш што бараш и што можеш да понудиш за обостран интерес.Од горенаведеното, не препознав ништо што алудира на интелект и смисла за хумор од твоја страна, освен невкусно потенцирање на физичките атрибути. Спојлер: . Со оглед на возраста и твојот начин на пристап кон жените (се фрапирав), морам да признаам дека сум имала и имам среќа во контактите со машкиот пол, иако зад мене е еден неуспешен брак. Возраста не е мерило за зрелост, ама е индикатор за сериозен пропуст во личното психо-социјално изградување.
Не знам како тоа што имала пишано дека е парти анимал те поттикнало да и пишеш дека има величенствени праски, едноставно не можам да разберам.
Погоре објаснив зошто така напишав.А што се однесува до вашите мислења не можам,а да не приметам дека се работи за женска солидарност многу повеќе отколку да се дадат издржани расудувања без да го познавате човека притоа.Немам намера повеќе да одговарам зошто овде место човек да се потпре на поактивното докажано користење на мозокот на жените од мажите се приметува склоност кон препирање и докажувње на вистинитоста на сопственото тврдење и несопирлива желба да се покажете со желба за интелектуална надмоќ.Тоа го сметам за жално и во иднина ќе гледам какви прашања поставувам и какви совети барам.Пријатна вечер.