ајде ако мозе некој нема ми помогне и нека ми каже што би мозела и како би можела да зготвам свинско месо hock: мајка ми ми остави месо и ми реце утре за ручек да го зготвам(таа ке оди на работа), а јас незнам што да му правам освен да го испржам а и така го правам мноооогу мрсно за никаде бљак ајде кажете некој рецепт кој ке ми помогне мнооогу :roll:
Исечи го на поголеми парчиња излупи компири , моркови и стај го сето тоа во тава, Стави две чаши вода, малку значи сосем малку зејтин, вегета, сол малку, бибер, сенф, едно чашче од ракија , вино и стави го рерна на тивко да се пече неколу часа, Притоа покриј го со алуминиумска фолија место ке бидее ровко и толку вкусно. Рецепт n.2 исечи го на тенки парчиња дебли колку еден прст, посоли го со сол и вегета , прзла јајце валкање и пржње во врел зејтин, гарнир мешан зеленчук варен , успат можеш да свариш зелечукова супа. Рецепт n.3 исецкј 3 главици кромид . Свари го месото на тивко околу 45 минути и исецкај го на ситни коцкички(не ја исурај водата од варењето) Пропшжиго крмодот со мевцето доури од водата исецкај некој морков , стај зачини ко на пример вегета, многу малку мајчина душичка, сол бибер, стави малку доматно пире, и после 1 час варење на тивко напрај запрка или пак земи стави павлака колку да згусни, ова може да оди со варени макрони или пак шпагети.
фала многу за советиве ме спаси првиот рецепт ти е екстра лесен а и вкусен зашто мнооогу јадам моркови
местото можеш и да го вариш на шпорет ке пробуваш кога ке биде сварено со тоа ке направиш супа салата може и супер ручек
Ова сигурно ќе ти се допадне . Едноставно искечкај го на малечки парчиња , стави го во сад и додај нане и буковска пипер ..малку зејтин ..нареди го на стапчиња за ражничи и испечи го на скара , многу е вкусно ..мора да е кога на моите дома па и на дечко ми му го правам скоро секој ден
Еве го мојот рецепт, малку поедноставена верзија. Во оригиналната верзија има свинско и телешко месо плус ќофтенца, а јас го правам со еден вид месо. Го вариш месото (обично користам свинска кртина) со неколку листови ловор и зрна црн пипер, и тоа убаво да се свари. Потоа го сечеш на парченца (големина по желба). Во тавче пржиш главица кромид додека да омекне, па му додаваш печурки (свежи или маринирани - изборот е твој, ама ако се свежи, треба да ги пржиш подолго време да испари водата). Ставаш зачини (јас ставам малку вегета, црн пипер мелен, две три лажички сенф, малку кечап или сос од домати) и го оставаш така да се динста малку. Потоа се додава убаво свареното месо и некоја лажица од водата во која се варело месото. Сето ова се става во земјена тава и се потпекува во рерна, при крајот можеш одозгора да ставиш малку павлака колку за коричка или пак парчиња кашкавал. Наздравје!
Еве ти еден лесен рецепт. Најпрвин малку го пропржи месото - исечкано на парчиња, за да добие поубав вкус. Потоа нареди го во некоја тава (ако имаш и земјена тава). Пропржи кромид, морков, додади пеќурки и зачини по вкус и тоа додади го во тава со месото. Јас некогаш ставам и ќофтиња кога ми се прават. Направи една крем супа од пеќурки и полиј го месото. Стави во рерна и нека крчка. Епа пријатно
Еве го и мојот рецепт за Селско месо : Најпрвин се пржи една глава кромид, па се додават ситно исецкани моркови, потоа печурки и откако ќе се пропржат сите тие малку заедно се додава месото, и тоа исто исецкано. Откако ќе се испржи месото, се додава вода така убаво да ги залије состојките во тенџерето, се става една лажица сенф и се остава да вари. Откако горе долу ќе испари скоро цела вода во тенџерето, во голема чаша топла вода се мешаат отприлика две лажици брашно и откако убаво ќе се измеша водата со брашното, значи да нема грутки од брашното, чашата се додава во тенџерето кај што е месото и се меша убаво со голема лажица да згусни. На крајот се додава пак сенф по желба и се меша во тенџерето, ако не ви се допаѓа бојата на селското може да се додаде малку црвен пипер, се зачинува со сол, вегета и црн пипер. Добар Апетит !
За да нема грутки, брашното се меша со ладна вода. Барем така мајка ми ме научи. Додуша, не ставам брашно во селското месо што го правам, досега не сум имала потреба.
Еј Анатх, не сум знаела дека со ладна треба да се меша за да нема грутки , ама млада домаќинка сум јас , ете сега веќе знам , фала ти...
само што го јадев следново свински ребра или било какво свинско месо, ставени во стаклен сад за печење, неколку брусници (за мирис), малку вода и масло, се пече 3-4 саати на 180 степени покриено со фолија. пола саат пред крај се вади фолијата, месото се мачка со малку мед (за да добие убава карамелизирана боја). во прилог подварок и печени компири, и плус црвено вино... мераци
Свински шницли се валкаат во брашно, јајце и мешавина од презла и многу сусам, и се пржат... Многу е вкусно, свинско само на ваков начин зготвено јадам
Како да искомбинирам големи печурки (буковки) со свинско месо ??? Може и рецепт за подготовка ??? До сега немам некое големо искуство со правењето сосови од големи печурки. Ајде феминки, помогнете ми
Име еден рецепт јас го правам со печурки шампињони...ма мислам дека и со буковка ќе биде вкусно. Ќе исечеш филети или кременадли свинско...Ќе ги намачкаш со сенф,ќе ги посолиш и побибериш...И се пржат во тавче на загреано масло. Во друго тавче,а можеш и во истото повкусно е...ќе запржиш кромид ситно сецкан...ќе ја додадеш буковката исецкана исто...Ќе запржиш убаво и после ќе додадеш зачин брашно лажица и коцка за супа една.Ќе додадеш вода нели и тоа треба да се згусне малку...После павлака додаваш две лажици и се тоа ќе го мешаш да се направи сос малку погуст. Е парчињата свинско месо ги редиш во тава претходно намрсена и одозгора ги поливаш со сосот.Се печат....Може да се служат со компир варен или пржен, може со гарнир(твој избор).Многу е вкусно!
Правам еден сос од печурки кој го комбинирам дали со месо или макарони -не е толку важно , важно е што е безпрекорен со било што. 1. супа од печурки 2. печурки по желба 3. 1 павлака( оние од чашка јогурт) 4. 1 мала кесичка сенф-јас ставам пола кесичка 5 кашкавал по желба-најчесто ставам 350 грама супата ја вариш печурките ги сечиш на мали парчиња и ги пржиш (препорачано со маргарин) откако ќе ги испржиш ги додаваш во веќе измешаниот сенф и павлака сето ова се додава во веќе сфарената супа и се меша на тивок оган 5-10 мин. Кашкавалот се сече на ситни делови и се додава во ИЗЛАДЕНАТА СУПАза да не се разлее. Добар апетит
Јас сега печам свинско со зачините од Маги, и не можам да дочекам да се допече па да го пробам! Миризбата желудник ми разнесе! Мислев дека тие ги има само за пилешко, кога ги видов за свинско многу се израдував.
Јас свинското ако на пример спремам печење го правам на следниов начин. Месото првин го сечам на шницли со дебелина окулу 1, 1.5 сантиметри, и потоа една по една ги зачинувам со малку сол, вегета, малку бибер и рузмарин или пак го оставам целото парче месо со тоа што во него со нож правам неколку дупки и исто како кога се шницлите зачинувам. Ги редам во намрсена тава, а претходно со блендер ситно сецкам кромидче, пиперка и морков. Потоа шницлите или парчето месо ги редам во тавата и додавам малку вода и бело вино. Низ водата ја додавам мешавината од кромид, пипер и морков и одозгора наросувам сушен или свеж магдонос и неколку ловорови ливчиња. Водата и виното се на ниво малку пониско од шницлите, или пак парчето месо. Ги покривам со фолија и оставам час и половина до 2 да се крчкаат во рерна, потоа ја тргам фолијата и во остатокот од тавата, значи по краевите каде нема месо додавам компири на крупно исечени, на пола или четвртина, или ако се поситни цели. На нив ставам вегета, сол, малку бибер и малку копар и рузмарин. Поливам со малку вода и вино, ја враќам фолијата и ги оставам така да се печат уште половина час одприлка. Потоа ја тргам фолијата и ја оставам тавата откриена уште некое време додека компирите и месото да фатат како коричка од одзогора. Потоа кога се сервира, компирите доаѓаат како прилог и може по желба да се додаде сезонска салата (марула, домат, краставици...) но особено е вкусно со кисело цвекло. За селско месо Месото го сецкам на ситни, ама баш ситни парченца, а потребно е морков (2,3), компир (1,2), модар патлиџан (1), тиквичка (1), пиперка(2,3), печурки (може свежи а може и конзервирани-окулу 300-400 грама, ситно исецкани) , домат(1,2). Во блендер ситно исецкани се кромидот, еден морков и една пиперка. Тие малку се пропржуваат во поголемо тенџере и се додава месото. Во бледнер исто така еден или два домати(излупени) ги ставам и се прават како каша и се додава во тенџерето со месо и ситно сецканиот зеленчук, за да се крчка. Остатокот од зеленчукот исто сецка на коцкички отприка големи колку месото, и потоа се додаваат во тенџерето. Прво морковот(1,2 исецкани на кругчиња) , компирот, потоа тиквичката, потоа модриот патлиџан. И сето заедно се крчка окулу 10-20 минутти и потоа се додаваат печурките и пиперката(1,2-исецкани на коцкикчки ситни). Јас кон ова додадавам и неколку бамји 5-6 исто исецкани на кругчиња. Потоа следуваат зачини, сол, вегета, бибер, биена сол-буковец, копар, рузмарин и неколку ловорови листови и две-три лажици црвен пипер, една лажица мајонез и половина или цела лажица брашно. Доколку треба и вода но само да го покрие зеленчукот и се тоа, заедно се крчка 5-10 минути. Потоа го префрлам во намрсена земјена тава, и покривам со фолија. Окулу 30-40минути се пече со фолија, а потоа ја тргам фолијата да изврие преостаната вода но не целосно, значи уште едно 20-30 минути. Свинското месо може и вака да се приготви, значи пржено. Од вечерта дали кременадли или удина ги сечам на тенки шницли(како кај првиот рецепт), ги чукам со готварски чук, и ги зачинувам со сол, вегета, бибер и рузмарин и им ставам и зејтин. Стојат во фрижидер цела ноќ и следниот ден се пржат во загрена тава со многу малку зејтин, затоа што веќе имаат зејтин од претходно. Се пржат од двете страни додека да поруменат, и како прилог одлично оди помфрит и сезонска салата. И од овие јадења со свинско месо по вкусно здравје.
мој рецепт за свнско мевце, ги изненадив моите! го сечкам на коцки поголеми (со пржењето се намалува) го пржам на масло со две лажици сенф и црн бибер, додавам праз ситно исецкан, морков и малку водичка, го намалувам огинот и го оставам 5 10 мин да се динста, на крај ги додавам печурките, прекрасно нешто во комбинација со печен компир!