Свинско филе во бел сос Потребно: малку Црн бибер 150 милилитри Суво бело вино 500 грама Свинско 50 грама Маргарин 3 чешниња Лук 150 грама Кисела павлака малку Дафинка (доколку имате) ________________________________________________ Месото исечете го на парчиња со големина од 2 см. па само малку исчукајте ги со чекан за месо (само од едната страна), па зачинете ги по вкус. Маргаринот загрејте го во сад, па на него пропржете го месото додека не добие златна боја. Кога се готови извадете ги на сад за сервирање. Во истиот сад во кој се пржеше месото сипете го виното, па кога малку ќе проврие додадете ја павлаката и ситно сецканиот лук, па варете додека сосот не згусне. Потоа зачинете со зачинска сол по вкус. Парчињата месо прелијте ги со подготвениот сос, па послужете.
Веројатно сум офф топик, ама незнаев каде да прашам, па се решив тука... Знаете колку долго може да стои свинско месо (кртина) - неготвено во обичен фрижидер? Јас го чував околу 1,5 ден во обичен, дека не бев земала ќеси за замрзнување и после го замрзнав. Не ми мирисаше на расипано, ниту бојата не беше променета. Сепак ми е страв да не е расипано
најубаво ми е со праз потржено го сецкаш месото на коцкички не многу мали, го пржиш на загреано масло, го додаваш празот исецкан на ситни кругчиња, се додаваат печурки и на крајот една лажица сенф со бибер, поубаво нешто нема! ако сакаш во тава- стави го компирот, стави го месото на парчиња, додади праз,печурки, пиперки и малку домати заради мирис, сето ова измешај го стави му масло и остави го час и половина во релна!
2 килограми свински бут, 1 морков, 1 чешне лук, 1 целер, лорберов лист, бибер во зрна, сол, масло, сенф, 400 милилитри бело вино, 20 милилитри ракија. Совет: Кога печете свинско месо во алуминиумска фолија, најдобро е да го поставите на сјајната страна од фолијата, за со сигурност да избегнете остатоци од фолијата врз месото. Печењето свинско месо во алуминиумска фолија трае подолго од вообичаеното. Сокот од секое испечено свинско месо, можете да го искористите за подготовка на вкусен прелив за компири и ориз, доколку во него додадете малку кисела павлака. Селско месо со печурки Потребни состојки: 200 гр свинско месо 200 гр телешко месо 200 гр пилешко месо 1 китка магдонос- по желба 300 гр печурки сол, бибер, сув мешан зачин, црвен пипер лук буковец или сува пиперка малку брашно и оригано 30 мл бело вино Начин на подготовка: Месото исечете го на коцки и испржете го во топло масло. Откако ќе се испржи месото, во истиот сад се додава ситно исечканиот кромид и ситно сечкан магдонос а потоа ги додавате печурките кои може да бидат маринирани, меѓутоа повкусни се доколку се свежи,и заедно се пржи околу 10 минути. Во земјена тава или кавка имате за печење, се става месото, се додаваат сите зачини и се додава целата смеса од печурки, кромид и магданос. Се полива со вода и се додаваат 30 мл бело вино. Со лажица, убаво се промешува целата смеса и тавата се покрива со фолија. Се става во рерна на 150 степени целзиусови и се готви два часа. Потоа се вади фолијата и се остава во рерна да се пече уште 2–3 часа на тивок огран. На крајот, направете запржка од брашно со црвен пипер и пак се враќа во рерна на неколку минути. Доколку сакате да го нагласите вкусот на ова традиционално јадење додајте павлака една лажица во секоја чинија пред сервирањето. Свинско месо со павлака и печурки Потребни состојки: 4 свински шницли 1 кромид 2 супени лажици маргарин 225 гр печурки (маринирани или свежи) 2 супени лажици сок од лимон 150 мл павлака сол и црн пипер (по желба) Начин на подготовка: Растопете го маргаринот во тавче на оган и испржете ги шницлите, само да заруменат од двете страни. Потоа, тргнете ги на страна ставете ги во алуминиумска фолија и потоа во проѕирен огноотпорен сад. Во тавата каде се пржеа шницлите додадете ситно исечкан кромид и исечканите печурки и пржете додека да омекнат. Ако има потреба додадете околу 30мл вода. Потоа додадете го сокот од лимон и пропржете уште малку. Тргнете ја тавата од оган и додадете ја павлаката и зачините по ваш вкус. Смесата поделете на 4 еднакви делови за секоја од шницлите и со лажица внимателно нанесете врз шницлите, да се покријат. Потоа затворете ја убаво фолијата и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени и печете околу еден час. Послужете ги со салата, компирчиња, ориз или некој друг додаток по ваш избор. Сочно свинско со сенф Потребно е: 450 гр свински бут 2 лажици дижон сенф сол и бибер Подготовка: Загрејте ја скарата (ако работите со скара) или рерната за 250 целзиусови степени (ако работите со рерна). Месото расечете го по должина, но НЕ сосема, за да не направите дупка или процеп. Тоа треба да се одвои на две парчиња и да биде во еден дел (како на сликата). Посолете го и побиберете го. Намачкајте го со сенф од двете страни. Ставете го на скара да се пече по 5 минути од секоја страна или во рерна, со повремено превртување за да биде испечено од сите страни.Кога ќе биде печено, оставете го 5-10 минути да се одмори, пред да го сервирате. За подготвување на овој рецепт, најдобро е да ја користите скарата. Свинско месо во сос СОСТОЈКИ за месото • 2 кг свинско месо за печење • 2 дл бело вино • 1 лажица сув зачин • 1 кафена лажичка бибер • половина главица ситно сецкан кромид • 1 кафена лажичка црвен пипер • 15-тина млади морковчиња • 2 лажици маслиново масло за сосот • 1 ½ лажица брашно • масло за јадење • 2 дл од сосот во кој се печело месото • жешка вода • 2 лажици магдонос (може и сушен) • 2–3 чешниња истолчен бел лук • мелен сув зачин (по ваша желба) ПРИГОТВУВАЊЕ Во длабок сад за печење, сипете го виното и врз него ставете го свинското месо. Сите зачини убаво измешајте ги и втријте ги врз/во месото. Околу месото ставете ги младите моркови и сѐ залијте со маслиново масло. Поклопете го садот со капак и ставете го да се пече на 170℃ околу два часа. Повремено преливајте го месото со сосот во кој се пече. Потоа, отстранете го капакот и печете уште 15-тина минути, додека не порумени и не добие крцкава кора. Печеното месо замотајте го во фолија и оставете го најмалку 10 минути, за да стане сочно и да не се исуши. Во огнотпорен сад, ставете малку масло за готвење. Откако ќе се загрее, додадете истолчен лук и брашно. Пропржете додека брашното не ја смени бојата. Додадете го сосот од печеното месо и малку вода (онолку, колку за да добиете средно густ сос) и сето тоа промешајте го. Внимавајте да не ви се создадат грутки. Варете на слаб оган, дури не ја добиете саканата густина. На крајот, додадете го ситно сецканиот магдонос и малку мелен сув зачин (по желба). Месото исечкајте го на парчиња дебели еден сантиметар и прелите го со сосот. Можете и посебно да го сервирате сосот, па секој да си додава по желба. Како гарнир можете да направите печен компир, ориз или едноставна салата. СОСТОЈКИ за месото • 2 кг свинско месо за печење • 2 дл бело вино • 1 лажица сув зачин • 1 кафена лажичка бибер • половина главица ситно сецкан кромид • 1 кафена лажичка црвен пипер • 15-тина млади морковчиња • 2 лажици маслиново масло за сосот • 1 ½ лажица брашно • масло за јадење • 2 дл од сосот во кој се печело месото • жешка вода • 2 лажици магдонос (може и сушен) • 2–3 чешниња истолчен бел лук • мелен сув зачин (по ваша желба) ПРИГОТВУВАЊЕ Во длабок сад за печење, сипете го виното и врз него ставете го свинското месо. Сите зачини убаво измешајте ги и втријте ги врз/во месото. Околу месото ставете ги младите моркови и сѐ залијте со маслиново масло. Поклопете го садот со капак и ставете го да се пече на 170℃ околу два часа. Повремено преливајте го месото со сосот во кој се пече. Потоа, отстранете го капакот и печете уште 15-тина минути, додека не порумени и не добие крцкава кора. Печеното месо замотајте го во фолија и оставете го најмалку 10 минути, за да стане сочно и да не се исуши. Во огнотпорен сад, ставете малку масло за готвење. Откако ќе се загрее, додадете истолчен лук и брашно. Пропржете додека брашното не ја смени бојата. Додадете го сосот од печеното месо и малку вода (онолку, колку за да добиете средно густ сос) и сето тоа промешајте го. Внимавајте да не ви се создадат грутки. Варете на слаб оган, дури не ја добиете саканата густина. На крајот, додадете го ситно сецканиот магдонос и малку мелен сув зачин (по желба). Месото исечкајте го на парчиња дебели еден сантиметар и прелите го со сосот. Можете и посебно да го сервирате сосот, па секој да си додава по желба. Како гарнир можете да направите печен компир, ориз или едноставна салата .СОСТОЈКИ (за 8 лица) • 1,5 кг свинско каре • 1 лажица микс од зачини • сенф • сол и бибер за полнење • 100 гр пилешки џигер • 100 гр шампињони • 100 гр праз (само белиот дел) • 30 гр чадена сланина • масло за готвење • 100 гр ориз • 100 гр тврд кашакавал • 2 јајца • магданос ПОДГОТОВКА за свинско каре Одвојте го свинското каре од коската и засечете го по должина, така што ќе направите голем квадратест одрезок. Потоа, истолчете го со чекан за месо, ставете сол и бибер. Премачкајте ја страната на која ќе ги редите состојките за полнење со сенф, посипете малку зачин и оставете го месото на страна. Откако ќе ја приготвите смесата, наредете ја врз месото, свиткајте го во форма на ролат и заврзете го со кујнски конец. Ставете го во сад за печење, врз хартија за печење, на која сте ставиле масло. Печете 60 минути на температура од 170℃ со повремено полевање со вода. Сервирајте исечено на тенки кругови. за полнење Исечкајте ги шампињоните на листови. Измијте го убаво празот и белиот дел исчекајте го на тркалца. Сланината и пилешките џигерчиња нека бидат ситно исечкани. Оризот нека биде полу сварен и врз него изрендајте го кашкавалот. Кратко пропржете ги сланината и празот на масло. Потоа, додадете ги шампињоните и џигерчињата. Посолете и кратко пржете. Тргнете од оган. Откако малку ќе се излади, изматете ги јајцата и додете ги кон смесата. Потоа, ставете магданос и ориз и малку пропржете. Свинско месо со јаболка и сос од бренди СОСТОЈКИ • 1,5–2 кг свинско месо (најдобро одрезок околу ребрата) • 1 голема лажица брашно • сол и бибер • 4 големи лажици путер • 3 кромида со средна големина, исечкани • 2 чешниња лук • 4 стебленца рузмарин • 5 јаболка, исечкани на четвртина • ½ шолја вино од јаболка • ¼ бренди од јаболка • малку сланина ПОДГОТОВКА Загрејте ја рерната на температура од 170℃. Засечете го месото на половина. Во мал сад, измешајте брашно, сол, бибер и исечкан рузмарин. Наполнете го целото месо со оваа смеса. Обвиткајте го месото со парчиња сланина и зацврстете го со конец. Загрејте две големи лажици путер во тава за печење и пред да го ставите месото да се пече додадете ги кромидот и лукот. Преостанатиот путер нанесете го врз кромидот. Ставете рузмарин и покријте со алуминумска фолија. Печете 45 минути и потоа во тавата додадете ги јаболката и виното од јаболка. Повторно покријте со фолија и печете уште 30 минути. Потоа, зголемете ја температурата на 200℃, отстранете ја фолијата и печете уште 15 минути. Откако ќе се испече, месото поставете го на даска на сечење. Отстранете го конецот и оставете да се излади 10-тина минути. Наредете ги кромидот и јаболката во чинија за сервирање. Половина од сокот од месото измешајте го со бренди и фламбирајте го. Откако ќе почне да врие, тргнете го од оган. Месото ставете го во чинијата и сервирајте со сосот со бренди.
Se прави маринада од бело вино,масло,вегета,сол,црн пипер,рузмарин и малце лукЧе и со оваа маринада се потураат парчинјата од свински врат и се оставаат во фризидер неколку часа a мози и одвечер,потоа им се ставаат компири,моркови,печурки се зачинуваат со вегета и црн пипер иI потоа се печи на тивко околу 2 часа.Многу е вкусно прсти да иизедиШ а наместо парчинја од вратот мози да се печи целиот свински врат.
Доколку готвите шницли од бут, тогаш мене вака ми се најубави: На масло се пропржуваат шницлите, и од кога ќе ја сменат бојата, им се додава вода, бибер во зрна, ловоров лист и 10-тина чешниња лук, сечени само на пола. И да не заборавам, крупна сол, ако имате, ако не и обична ќе заврши работа. Се остава да се динста околу 2 часа, на многу тивко. НА крај од самата мрснотија се потпржува и изгледа мммммммммм
ке ставеш во тенџере да се пржи а на крај мислам 10-20 минути пред да е готово ке ставеш вино или пиво....
Мојот рецепт е сличен како и на другите феминки. Го потприжувам свинското месо (исечено на средни парчиња), додавам кромид ( кога имам млад кромид ставам млад, повкусно ми е), потоа додавам едно ситно исецкана црвена пиперка, и на крај печурките. ОСтавам сетоа тоа да се пржи на тивко 7-8 минути, додавам магданос и ренадан домат или 1 лажица доматно пире( во зависност од сезоната) и секако зачини по вкус- јас ставам само сол. Додавам вода колку да го покрие месото и оставам да се крчка 1.30-2 на тих оган. Како прилог правам ориз или компири.
Од свекрва ми ту би го научив овој наједноставен рецепт на цел свет. Големо парче бут, го потпржуваш убаво од сите страни, на масло, да зарумени. Му додаваш вода во истото тенџерче и го оставаш да крчка, најубаво на тивко, два саати и повеќе, месото ќе започне да се распаѓа дури, ако ви е за сечење за сервирање го вадите порано. Околу половина час пред да го извадите ставате во водата една главица кромид пресечена на 4, неколку моркови, неколку чешниња лук и го враќате на оган. Од зачини само сол, и тоа некаде пред крај, бидејќи солта го собира месото да не направите беља па да јадете жилави парчиња мевца, најдобро на крај, со зеленчукот. Ова е најсочното месо што сум го јадела, а без вино, без сите тие зачини кои јас ги ставам.
Да, да. Така е Лина, да ти се позлати устата Празот му дава преубав вкус! Доволно е со праз, сенф, малку домати. А пак ако додадеш и печурки...треба да се доживее за да се опише
О па тоа е најлесно, само глеј свинското да биде грамажа колку што пишува на кесичката, јас се имам зезнато така еднаш, набутав кило и 400 копанчиња а тоа да ти било за 800 грама, не дека не се испекоа, ама немаше доволно зачин на сите. Инаку, мој совет, да си го исечеш убаво парче, да си го истуриш зачинот врз парчето и да го измасираш надвор, не внатре во кесичката ко што викаат они, протреси, не е баш така лесно. И обавезно додај малку масло, или пред да го ставиш зачинот намачкај со масло, сосем малку, потоа зачинот. Јас практикувам да ставам смрзнато месо, а не треба, треба да е свежо ама ајде де, се касно палам за одмрзнување. И знаеш, си зимаш кесиче за свинско, да не ја утнеш
Можеш и заедно, но пак внимавај да не ја поминеш дозволената граница. Во тој случај, мој совет, бидејќи компирите ќе бидат готови многу побргу од месото, да го свариш пред да го ставиш да се испече. Вариш колку да омекне малку, не да се свари па да се распадне и оладено заедно со компирчињата и кромидите пресечени само на пола збрцај внатре и во рерна.
Мојата омилена рецепта: Во поголемко тенџере се пропржува околу килограм сецкан кромид. Се додава околу 1кг сецкан пипер (свеж). Кога ќе омекне пиперот, се додава кг патлиџан, излупен, исецкан на коцки, заедно со водата што ја пушта. Кога ќе повари патлиџанот, се додаваат неколку моркови, исецкани на кругчиња, килограм печурки и килограм месо исецкано на коцки. Заирето си има вода од патлиџанот и печурките (ставам од овие во тегла, со се водата), а потоа еднаш или двапати, се додава по малку вода. Јас го зачинувам само со вегета и бибер. Се вари 2- 2,5 часа, во зависност од месото и тоа е тоа. Прсти да излижеш.
заедно ги ставив мн.убави ми испаднаа и компирите и месото супер се испече вкусно беше сепак благодарам за советите
Драги феминки, ве молам доколку некоја од вас знае како да подготвам свински ребра на брз и едноставен начин, да не биде премногу комплицирано, дајте идеја.
Искрено да ти кажам те мислев како излегло, супер чим се погодиле. Исто како Миме87 и ти имаш кеси за ребренца, тоа ти е најлесно и едноставно