Во плекче го редам месото Го поливам со зејтин Еден фулџан вода 250 мл пиво или бело вино..зависи што има дома... И го ставам на 250 степени да се пече.. Прво со фолива а после последните 20 минути ја тргам фолијата..
Јас вчера правев свинско со печурки за ручек и многу вкусно ми испадна Го исечкав месото на коцки. Исецкав 4 главици кромид, 1 чешне лук и 4 моркови, а потоа и шампињоните. Го ставив да се пржи, кога малку зарумени ги додадов и кромидот, лукот и морковите. Пропржив уште малку, а потоа ги додадов зачините ( вегета, црвен пипер, црн пипер, сол, рузмарин), печурките и 1 голема лажица сенф. Ги измешав убаво, полив со вода колку да се покријат сите состојки, поклопив и оставив да крчка.
Пржено свинско месо со праз моето омилено Свинското месо се сецка на парченца но не многу ситни и се ставаат во тенџере на рингла на умерена температура на 3ка негде. Се полева со вода колку над месото и се остава да крчка додека не испари водата. Откако ќе испари водата, месото само си пушта мрсничко и се додава малце зејтинче и сол и се пропржува дур месото не зарумени. Два страка праз се чистат и се сецкаат на парченца исто така не многу ситни. Се става зејтин во друго тенџерче и се пропржува на 4ка или 3ка. Може да се додаде и една црвена пиперка од туршија за да му даде малце шмек на празот исечкана на покрупни парченца. Се додава сол и се пржи. Може да се сервира како посебно ако не сакате да ви се мешаат вкусовите, Но може и кога празот ќе биде при крај, месото да го додадете во него и после тоа да си се измеша убаво. На двата начини е преубаво Пријатен апетит
Дали случајно имате некаков рецепт за готвење на месо од срна..ако имате пишете ми го веднаш ми треба за скоро.
Нареден пат кога ќе го правиш наместо црвена пиперка од туршија, пробај со неколку суви црвени пиперки Јас најчесто така го правам и навистина е многу вкусно
Да да, наместо од туршија сега почнав да ставам суви црвени пиперки и е далеку повкусно. Јас еднаш така ставив баш тогаш кога пишував за да пробам како е и убавко малце кисел шмек му дваа на празот, а после пробав и со суви пиперки сега само така го правам. Многу поубаво ми е.
Јас кременадли (од врат ,меки и посочни) ги спремам на следниов начин. Ги зачинувам со сол,бибер вегета и ги премачкувам со сенф,од прилика едно мало лажиче на секоја кременадла.Ставам масло и малку црвено вино,или пак какво имам во моментот такво.Покривам со фолија и печам прво на 250 околу 15 мин (да почне да крчка) а потоа намалувам на 200 или 180 зависи од релната.Печам минмум час ипол до 2 на тивко,затоа е подобро на 180 степени.На крај ја вадам фолијата за де се заруменат. Кога се пече долго и на тивко месото е многу сочно,меко и се распаѓа. Пржено обично го правам со праз,суви пиерски и туршија.Месото обавезно се динста со малку вода додека водата не изврие,кога ќе изврие се додава масло и почнува да се пржи.Се додава празот и туршијата и се пржи додека не омекне.Динстањето на месото е многу важно за да не биде суво,тврдо и тегаво.
Сакам рецепт на свинско месо со коска печено ама со праз, до сега не сум готвела, а мојот маж веќе една недела бара свинско со праз
Го сечам месото на подебели широки парќиња и ги ставам во голема тава или плех...Ставам еден мал филџан зејтин, 2-3 филжани вода, бибер, вегета, лаворов лист 3-4 ливчиња, 1-2 филџани белло вино, и други зачччини по желба може и немора...на пример ѓумбир или мала количина куркума...Го оставам на тих огин да се динста и да изврие водата потоа ако не е доволно издинтано да се рони кога го допреш додавам уште малку вода и зејтин и на крајот се остава во тоа да се запржи....Нај вкусно
Аа вакво мајка ми готви, прво треба да го свариш месото за подобро да излезат тоа што не треба, потоа се пржи додека да се вцрви па се става малку вино, ии моја идеја да ставиш натре кромид да се испржи, све исто така ѓи мешаш кога месото ќе е готово можеш да го тргнеш тенџерето од ога. Добар апетит,
Јaс не би гo вaрелa месoтo. Зaчини сo сoл и црн пипер. Прoпржи гo крaткo нa врелo мaслo дa зaрумени oд сите стрaни, пoтoa тргни гo нa стрaнa и пoкриј гo. Вo тaвaтa/тенџеретo кaј штo се пржелo месoтo стaви крoмид, прoпржи дa oмекне убaвo и дoдaј вoдa мaлку, дa се деглaзирa. Стaви мoркoви, некoлку чешнињa лук, грaнче рузмaрин и дoдaј гo месoтo. Нaлеј винo, зaчини уште мaлку сo сoл и пoкриј гo, oстaви гo нa плoтнa нa мaјтивкo дa крчкa нaјмaлку двa чaсa. Ќе биде путер Oвa пoвеќе вaжи зa телешкo или гoведскo, aмa мислaм декa и свинскoтo ќе биде супер спременo нa вaкoв нaчин.
Месото се сече на коцки. Се сечкаат 3 главици кромид, 1 чешне лук, 3 моркови. Првин, месото се пропржува во 50мл масло и 1 лажица свинска маст. Кога ќе зарумени, се додава кромидот, лукот, морковите. Се додава една лажица црвен пипер и зачини по вкус (јас ставив црн пипер, рузмарин, малку вегета, ѓумбир). Сето тоа се пржи заедно, се додаваат шампињоните и ловоров лист. Во 100мл бело вино и 600мл млака вода се раствора фант за гулаш/паприкаш и се додава на месото. Повремено се промешува и се остава да крчка додека убаво се згусне. Многу е вкусно
Женсκи јас до сега немам пρавено свинсκо κаκо тρеба пρво да го пρжам па да го ваρам или да го ваρам па да го пρжам? Инаκу κе го пρавам ρецептот со сенф
Не знам кој е рецептот со сенф, ама ако е свежо нема потреба да го уништуваш и да го препржуваш. Лагано на тава додека не омекне и се топи во уста. Нормално, зависи и од видот на месото. Јас никогаш не вадам месо пред да го пржам.
Незнам кој е тој рецепт со сенф,ама јас го правам овака: Месото (подебели парченца) го засекуцам малку како џебови да има и му ставам лукче во џебовите.Го мачкам со масло,сол и зачини по вкус,а некогаш ставам и сенф.Го ставам во тавче полбам со бело вино и го покривам со фолија да се крчка на тивко,околу 2саати.По потреба доставам вода.На крај ако сакаш да е подпечено ја тргаш фолијата и ставаш прчиња путер врз нив уште малку се пече на појако,но пази да не се исуши месото така.