1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да изгледа машко за да не го етикетираат како клошар

Дискусија во 'Сингл' започната од girl.23, 13 јануари 2012.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.797
    Поведена од темата: Како треба да изгледа девојката, за да не биде етикетирана како лесна, ајде една тема и за машките.
    Го употребив зборот клошар, затоа што најчесто го слушам кога некое машко е облечено како такво. Слободно нека го заменат модераторите ако треба.

    -За машките, најпрво што ќе напишам е дека треба да биде ИСПЕРЕН и ИСПЕГЛАН, затоа што за жал многу често наидувам на дотерани типчиња, кои буквално смрдат (неискапени, испотени, облеката неисперена долго време). Колку пати сум слушнала мајката да ги `кара`, ама едноставно се такви неуредни, хаотични.

    -Второ, мислат дека тегет чорапа иде на се`. :lol: Поточно мислев на ПАТИКИТЕ, кои ги носат со сите можни комбинации, од спортски, лежерни, до свечени. По кафичи, дискотеки и свадби се изнагледувам само патики. Не мора да носат чевли, ама има и патика-чевел модел, колку толку попристојни и поугледни за свечена комбинација.

    -Трето, (за на лето) носат пр. цветни зелени шорцеви и розево-лилава маица. Т.е. премногу шарено и неискомбинирано. Ретко знаат да ги искомбинираат боите.

    -Четврто, ретко знаат да одберат модел на фармерки кои добро им стојат и кои се типски.

    Машките, доколку сакаат можат многу полесно и многу поефтино да купуваат и комбинираат гардероба, и секогаш да изгледаат убаво и средено.
    Најжалосна ситуација ми е кога некое несредено (клошарски облечено) машко пребира околу некоја женска и коментираЧ брату ваква е, брату таква е....а, не се ни погледнува себе си.
     
  2. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.827
    Пол:
    Женски
    Како да изгледа машко, за да не го етикетираат како клошар

    Хахахаххахахах темата :D
    Според мене за машко да не етикетирано како клошарче треба физички да знае како да се облече. Ако си има стил спортски или поелегантен нека си се придржува до него. Најчесто тие што убаво се облечени ги етикетираат како педерчиња, меѓутоа тоа нема никаква врска, зошто ако е некој убаво облечен не значи дека е педер.
    Треба да внимава исто на изразувањето. Сите тие зборови која ти е пи**та бе брааат, или се да му е***, разни видови на пцовки треба да ги исфрли од својот речник и да биде добро и пристојно момче хаха.
    И сакам да кажам дека не треба да носи пантолони спуштени до под г** за да му се гледаат боксерките |( тоа мене ми изгледа најклошарски, но и да не носат некои залепени за нив за да му се оцрта задникот( повторно ќе речат ејј педерче).
    Момчињата си носат патики скоро секогаш и јас мислам дека тоа е добар избор ако знае како да ги искомбинира. Многу сакам добро облечени машки :)
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Како да изгледа машко, за да не го етикетираат како клошар

    А клошар се однесува само на облеката? Затоа што има машки клошари во душа. Не знаат што да прават со својот живот.
    За да едно машко не би го проценила како клошар како прво треба да има основна култура и да има познавања од општа култура. Да знае да направи муабет. Да има цел во својот живот и да тежнее кон тоа.
    Хигиената да се запазува и секако надворешниот изглед. Не мора да се дотерува ама малку од малку да се има осет и за тоа.
     
    На Saki15, Trendafilka и Annath им се допаѓа ова.
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    578
    Како да изгледа машко, за да не го етикетираат како клошар

    Се сложувам со girl.23.
    Јас лично многу мразам ципела, и тоа бела. Па кога ќе видам ципела на светла спортска фармерка ми се гади, ма како и да е ми се гади од ципела, коа ќе биде чика не носи.
    Има толку многу патики, кои делуваат елегантно, а можат да се носат и на фармерки(пример за на свадба). Шаренило мразам, бела кошула со некои си зелени и лилакови траги, сив елек и фармека(сеа онака ја лупам комбинацијава). Па колку и да е намирисан, испеглен чист, се ми се руши бидејќи знам дека нема вкус. Повеќе целан помалку елегантно(спортски) макар и на свадба отколку лошо искомбинирано.
     
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.625
    Како да изгледа машко, за да не го етикетираат како клошар

    За мене клошар е дечко кој несака да работи ништо и секогаш се гребе дали за цигари или пијачка.А за облеката не би комѓнтирал тука се работи за вкус.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  6. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Клошарчиња а? :)
    По облека не гледам првенствено, едноставно можеби некој не знае да да комбинира, немаат сенс за мода сите :angel: Единствено тие со рамбовките што излагаат :D Божееее хахахах
    Инаку најголеми клошарчиња се тие што се глупираат на секаков можен начин за да привлечат внимание, како на пример еден типац минатиот викенд, пмало дете од мене, цела вечер по маса се качуваше демек игра нешто, крши чаши и на крај кога си одевме со другарките, типот го гледаме надвор демек да се направи нешто се фрли на хауба кај еден |( Оф мори мајко, е тоа ти е најголема клошарана :!:
     
  7. Cija-si

    Cija-si Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    49
    ај кога и онака никој не кажува КАКО ДА ИЗГЛЕДА МАШКО ЗА ДА НЕ ГО ЕТИКЕТИРААТ КАКО КЛОШАР, туку сите се свртеа кон тоа Како изгледаат нивните клошари, па ај и ја да дадам свој коментар у тој правец:

    - прво што праи клошар кога ке влезе у некој локал: одма го вади телефонот (некој голем како А4 формат тетратка, стрикно на тач) и нешто демек битно стиска на него
     
  8. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Мене пак, самиот збор клошар ме асоцира повеќе на тип кој избегнува бон-тон правила, се однесува како дивјак, култура - мисловна именка, почит - исто.
    Женкар стајл. Некој влезен во најлошите фазони моментално, „најјачи у граду“ и сл. Зборот како збор, ретко го користам, а во ретките случаеви кога сепак се случува тоа, го кажувам кога сакам да опишам некој карактерно, не физички. Но, во контекст и интерес на темава..

    ..Тип што глуми педантерија, а кога се приближуваш до него те удира бран од различни мириси. Мирис на пот, неделна манџа и плус неизбежниот мирис на парфем, кој бај д веј секогаш е марка нели. Купен на точење за 100 ден.
    Стегнат тип во рамбовка, или пренабилдан или предебел. На врат му виси (не)вистински златен ланец, кој што мора сите да го видат по секоја цена. Никогаш не сфатив дали тоа е задња мода из Париза или..? Покажува некаков статус или..? :?:
    Носи задолжително опасна шпицеста ципела што ја комбинира со се. Врв беше кога видов таква искомбинирана со тренерка. :rock:

    Летно време - хавајка стајл со лута маица на која што ги има сите можни дезени. Од леопард до текст: „Не гуглај, прашај ја жена ми“. Мислам..

    Вистина е дека не ги бива сите за комбинирање, но барем малце сенс за мода би требало секој да поседува. Барем во ова време, има разни начини за црпење на модно знаење..
    Колку да не изгледаат како типични клошари.. :D
     
    На FBI и girl.23 им се допаѓа ова.
  10. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Се мислев се думав и ајде да си кажам и јас мислење.
    Клошар може да биде за секоја девојка, различен тип на машко. За мене клошар е некој што нема амбиции нема никакви цели нити пак обврски во животот а притоа е арогантен, нарцисоиден и некултурен .
    За некоја клошар е оној што можеби против негова волја или можност не се облекува на начин на кој што таа мисли дека е прифатлив, и т.н .
    А такви какви што бараме, убаво облечени супер културни и внимателни пријатни и убави, високи и атлетски градени се во едно, нема. Е баш затоа што бараме машки со фул опции си шетаме сингл .
    Сума сумарум ,треба да се преголтнат некои мани и недостатоци бидејќи и ние не сме совршени.
    Ако носи кошула преку ден, наместо маица па и не е страшно доколку има други квалитети , кои би можеле да ги откриеме ако не го етикетираме одма како сељак. Толку од мене.
    Имајте убава вечер ;)
     
    На ku4ence и INSIDIOUS им се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе околу стилот на облекување неможам тука туку-така лесно да етикетирам дека некој е клошар. Мене пр. ми се свиѓаат типци шо у широко се носат. И тие таквите најмалку можам да ги ставам у група на клошерај ...

    Додека ако више глеаме карактерни особини, е тука секој еден кој нема понашање, првенствено нема почит пред и за едно женско е за мене доволна причина да го сместам во оваа група. Понатаму, тип кој уше шо се вика не си му видела очи, он почнуе да ти ги набројува неколкуте стана шо ги имал у Скопје, И пази :!: - Сите на негово име :rofl:

    За мене исто еден пијаница, тек онака без некој додатен услов го ставам во клошарското ќоше.

    Секој тип за кој секоја една е курва = клошар

    Секој тип шо уште на прво гледање гледа д ате одведе у кревет = клошар

    Тип кој знае да крене рака над женско = Клошар (и тоа со тапија ! )

    Тип кој незнае еден муабет да нрпави и секој збор му е пцуење = клошар .

    Ова за мене е поим за клошар.
     
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.797
    Темата сипмтоми на сељак (сум ја читала) е сместена во `Насмевки`, значи за смеење. А, оваа тема може да биде повеќе за дебатирање и сама помош за машките за тоа што не сакаат женските кај нив. ;)
    Мислам дека има разлика меѓу нив. Сепак нека одлучат надлежните за тоа. :)

    Да не бидам офф, и јас се сложувам дека клошар прво ме асоцира на некои карактерни особини, отколку на самата гардероба (иако почнав со гардеробата), пред се` со непочитување, вулгарен речник и правење гестови-акции баш глупави (како што пиша некоја, пр. со вадење на моб.). |(
     
  13. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Клошар не е изглед, клошар е стил на живеење!

    Најблиску до мојата слика за тоа како изгледа еден припадник на оваа “група“, се дечките кои дремат на врата во диско. Заљубени во своите “заносни“ бицепси и трицепси, избричени глави, златни ланци, тесна маичка и уште потесни фармерки.
    Е тоа за мене е клошар. Некој кој својот нормален изглед го претвара во “ненормален“.

    Тука некаде ми е и некои групи на момци кои упорно се шатираат и прават засеци на веѓите, за да биде појак ефектот, препорачливо е да се закити веѓата со пирс.
    Ги памтите Џеват и Бексо? Е, баш такви момци се опишани погоре.

    Не осудувам момчиња кои се облекуваат скромно. Реално гледано, нема секој средства за да си дозволи квалитетна и брендирана облека. Но, сепак сметам дека пристоен изглед може да се негува и со помалку пари.

    Е сега, би сакала да изнесам едно мое размислување. Девојките повеќе се трудат и се средуваат, во однос на момците (особено во однос на своите врсници).
    Сами размислете за оваа ситуација. Денес ретко да сретнете некоја кичерајски натокмена девојка (за разлика од порано) или пак уште помалку некоја која е грда.
    Девојките по градов, а и пошироко посветуваат внимание на нивниот изглед. Наспроти тоа, сметам дека голем дел од момците не посветуваат доволно време на изгледот.

    Направете мало набљудување додека седите во кафуле. Анализирајте ги девојките кои ќе поминат. Ќе видите дека сите се средени. Наспроти тоа анализирајте ги момците....Некои од нив, само уште пижамата што не ја навлекле на себе.

    И тука не се во прашање парите, туку навиките и размислувањата.

    Затоа момци: редовно шишање, теретана за одржување кондиција (а не за пумпање), комотна облека (а не залепена), златните ланци се АУТ ...........и да бела ципела - НИКАКО!
     
    На girl.23, INSIDIOUS, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Клошар е дефиниција за момче кое не добило доволно внимание во детството. Ужасна потреба да се биде центар пажња со помош на клукање стероиди и накачување мускулна маса за 3 месеци и притоа ширење на раменици во стил не ме собира низ врата, одење со расчекор ми се сере или ме е*еле у гз. Искачаат со мисла нема женска што нема да ми се свиѓа вечерва. Се пушта на било која, иако ја излажал женска му дека е болен и не искача, со надеж дека списокот на ебени пи*иња ќе му се зголеми. Од кога ќе му раскине женската плаче две недели и цел живот ги етикетира другите девојки како курви ради неа.
    Во суштина клошар е некој кој ужасно многу е незадоволен од себе и се труди да остави впечаток пред сите. Клошар не е само личност од машки род, за жал исти има и во женскиот со мање више истите особини. Само наместо билдање женските се повеќе ја кратат должината на сукњичките и маичките.
     
  15. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Во групата клошари ги ставам на прво место мушките спонзоруши. Се лигават за 2 пијачки (пазете ваквите никад не признаваат туку напротив се прават најјаки фраери у град). Клошар.
    Потоа оние кои не работат и не се ни трудат да најдат работа, туку само чекаат од своите.
    Следечи клошаришта се - Простите и необразовани, а се дрзнуваат да дофрлаат глупави муабети од страна.
    А облеката најчесто не е пресудна, ама истата, сакал или нејќел си иде рака под рака со некој кој ги има симптомите на клошар, сразмерно со неговиот степен на клошарство.
     
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Па и јас тоа велам ама насловот на темата е Како да изгледа машко за да не го етикетираат како клошар, а досега прочитав само анализи на клошари а не според бараното.
     
  17. themen123

    themen123 Активен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    5
    а темата е? :)
     
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    85.185
    Пол:
    Женски
    Морав ова да си го пишам :rofl: Пример за клошар ми се мажине од индискине серии, ем не средени, ем без однесување :$

    Шегата на страна има два вида на клошари:
    -според облекувањето
    -според однесувањето

    Ми пречат момци кои носат долна маица како горна, момци со ципела со шпиц, патики кои се наменети за вежбање, а тие ги носат постојано, кошули откопчани до гради, златен ланец. Да не должам сфативте. Не може секој да си дозволи да купува скапи работи, но и ефтиното е убаво.

    Страшно ми пречи и кога се однесуваат без манири, а да не пишувам за начинот на кој што зборуваат. Не дека треба да е постојано каваљер, но да речеме кога сме в кафуле а тој со малото нокте си ги чисти останатите, зборува прегласно, нозете ги става на столчето до него ми е недолично однесување.
    Ако секоја девојка за него е дроља, спонзоруша, пи*ка одма добива од мене :Down: Ме нервира и употребување на зборовите- шо ма, сакаш нешо поише? маЧе, лепотице, ау држи се дечко подалеку од мене.

    Сето ова погоре не значи дека момакот е глуп. Ќе ја цитирам другарка ми која вели- Тој можеби е паметен, само социјално е неинтелегентен.
     
  19. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    па за да не го етикетираат како клошар според мене ,,
    да не се облака сељачки
    да не се занаша сељачки зборови од типот дроља,знаеш ја онаа цела вечер ја ...,а уствари везе нема,иам телефон нокиа најнов модел али у момен дома ми е :rofl: :lol:
    едноставно да биде опуштен кежуал тип ,друштвен позитивен и тн :)
     
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.028
    Хм,иако скоро никогаш не го користам овој збор,во групата на клошари би ги вброила,оние кои си мислат дека можат да ја имаат секоја,па додека и се пуштаат на едната,флертуваат со нејзината другарка,а по пола саат со уште 10 други девојчиња.
    Како што кажавте вие,да не носи златни ланци,и тоа од најдебелите,шпиц кодура,и да внимава на боите кои ги става на себе.
    Мислам дека повеќето женски паѓаат на добро облечени машки,според мене тоа е голем плус кај машкото.