Според мене да се облекува онкака како што му прилега, стилски, и модерно али машко според мене прво и основно треба да има пристојно однесување, џентламенско понашање , љубезен , фин, позитивен
Клошари. Некои можеби се познаваат, а за другите секој ден маскенбал, оти па препознај ги, окото право таму ќе ти забега. Врти сучи, жени паѓаат на нив. А некои се толку клошари во душа и си го чуваат тоа во себе, да ги грее клошарството па потребни се неколку месеци за да се открие нивната природа. Клошар бил епа клошар е сестро... Некогаш и нема дефиниција за нив. Пример, клошар е твојот бивши. А бивши за некој може да биде и широк поим Клошар е пример, другарот на твојот дечко оти не може да поднесе кокошка како тебе. Сакам културни мажи, со манири и пред се, битно ми е нивното држење. Се под ова, спаѓа во категоријата клошар.
Чекај...едноставно чекајте малце... ! Дали етикетата клошар е лоша етикета?! Сите викаат дека напнувам со дефинициите...ама не сериозно АЈ ПУШТЕТЕ ЕДНА ДЕФИНИЦИЈА за тоа што е клошар кратко и јасно? па мајку му ебам убавината на говорот е издразувањето кратко и јасно!btw..... Напротив ...се гордеам со епитетот... Клошар е многу урабана работа во секој случај... Исто како што на машките им треба 2 пара гениталии за да можат да имаат некоја урбана фаца типка „од подземјето“ какви што се тие од ДМБУЦ Илија николовски луј (Женски најјаки сте ) Така на женско и е потребен втор клиторис за да може да управува и да има клошар за пријател*камо ли дечко*.... Зависно како гледаш на тоа бре затоа се потребни ваши гледишта ве сакам..
За мене клошар е машко кое буквално ништо не прави со својот живот, не работи, не учи по цел ден буквално си клошари низ град. Ај што ништо не прави со својот живот па и самиот си има превисоко мислење за себе.
А тоа ли е клошар ? Океј .. не сум тоа ... Ќе се воздржам од само опишување...да не ми напраат фото-робот
Ајде ајде еве ти дефиниција не се буни од прв мој ден тука (ама ти после да ми пишеш твоја афоризма дека совршенството е здодевно ) ти реков ќе се воздржам од само опишување за да не ме читаат луѓе што не ги сакам..ама ајде Клошар за мене беше тип што има мал круг на луѓе и што има своја визија за уметноста што значи дека за него уметност е се што неможеш да најдеш во Њу јорк (на пример нова измислица на ром : мотор со пр.7-8 тркала и носивост од 200 кила шишиња) -безмалце има вакви- .. од таквите луѓе Америка прај тв-шоу со наслов Dirty Jobs. А клошарот има мал круг на луѓе зашо смета дека не е потребно 200 души да даваат палци и да пишуе статуси на фб за 200 лајкс и браво цар си.. а позади грб те пцуе .. ПОЗДРАВ ! (немораш афоризма..онака пишав ако сакаш супер пиши )
Да не излезе од дома Една работа што секој маж над 25 години ја знае е дека е не постои теоретски начин да бидеш прифатен од сите жени, макар што и да правиш, бидејќи сите се различни. Една вели дека си клошар ако си предотеран. Друга вели дека си клошар ако не си доволно дотеран. Една вели дека си клошар зашто користиш парфеми. Друга вели дека си клошар зашто не користиш доволно парфем. Дел од созревањето кај мажите е кога сфаќаат дека е теоретски невозможно да бидат прифатени од жените (како група) туку само индивидуални жени, затоа што честа женска карактеристика е проектирање на личен вкус. Што е дефиниција на "идиот", "ќупец", "сељак"? Дефиницијата е "тип што не е по мој вкус". Меѓутоа девојките многу често поради некоја причина не велат "не е мој тип" туку чуствуваат потреба да го прогласат типот универзално лош (ќупец, сељак, клошар) - иако само 10 метри подоле има девојка за која истиот тип е совршен или барем супер... Не знам зашто не е доволно да се каже "мене не ми пасува лично", туку толку девојки денес чуствуваат потреба својот личен вкус да го прогласат универзално правило? Ако јас сакам маж кој прави абц, тогаш секој маж што не прави абц е сељак, клошар (итн)... Зашто не може да биде доволно (абе не е по мој вкус)?
Тој што е клошар, како и да се облече пак е клошар. Многу зависи на кое ниво е толкувачот од другата страна. Мастер левел на препознавање на клошари, доктор за препознавање или едноставно не разликување. Ова немора да значи дека ако денес е клошар утре нема да стане нешто повеќе од тоа. Све зависи од амбициозноста на клошарот.
Прво и основно: да има оформен речник. Дечко кој се изразува како Шекспир или барем приближно, никогаш (се колнам ) не би го нарекла клошар. После иде облекување. Ако се изразуваш, но и облекуваш како Шекспир, клошар си. Значи ти треба широк дукс и јака патика. После како сакаш изгледај физички, у патики ке гледам. (шала. ) И дечкото погоре, имаше зафркнато име, грешиш ако мислиш клошар е добар епитет. Објаснето: клошар е епитет кој се дава на дотичен дечко кој се понаша сељачки, у стил: фармерки дигнати до нос, стегнати со кожно каишче и некаква си кошула ставена во фармерките и дечко кој се изразува сељачки, кој нема намера да просперира повеќе од виша земјоделска. Исто така дечко кој по цел ден дреме на компјутер е клошар. Треба да тренираш, еве не мора да тренираш, ама барем да знаеш да играш кошарка, фудбал..
Ниедно машко не изгледа како клошар тоа е само негов начин на облекување. Ги сакам оние со свој стил , класиката не ја сакам , да речеме кога дечко ми става кошула вратоврска и џемперче многу убаво му стои но не е секси , а кога ќе се облече како авто механичар е многу посекси и СВОЈ иако некој кога ќе го види мисли дека е клошар. Не се возбуѓавајте многу , темата е како да изгледа а не како да се понаша ... И да , јасно е кажано клошар е во конотација на параспур, лошо облечен , без вкус ефтино ..
Читав и читав и читав... и неможам да се изначудам... некој мене да ме нарече „клошар“ ќе го иселам од планетава, а вие се палите на тој поим Зошто сите се палат на чудни поими.... Како може некое чупе да сака да го етикетираат како „п**кетина“, „јака е***ица“ и тн? ТОа е испод нивото на секакво прифатливо однесување за мене Исто и со поимот клошар. Тоа е француски поим со кој ги означувале немиените уличари ...На гугл стави clochard и отвори слики. Мислам дека со тоа се дефинира и урбаното значење на зборот. Еве жив пример за клошар.... Облечен горе-долу нормално, но оди пола метро и плука еден „зелен“ на десна страна... па по пола метар пак, овојпат на лева Не женска му и има 100 пати повеќе опцуено отколку што ја има бакнато или било што, а па оваа глупава бетар од него. Еден бланко воловски поглед , толку туп што и дури и толчник за пиперки може да му завидува Празнина во муабетот... олку испив... 2 кила коњак, па 6 кила вино, па 5379856142785617 пива.. абеее одиии... испил тој... стока... Брка наоколу се живо и диво што има просторче меѓу нозете (не можат да се наречат девојки, верувајте) и тоа му е најголемата гордост. Цигарчето само со врвчето ставено в уста, проклапушено и чади дали чади ко типичен сељак (сељак, а не селанец... има разлика голема) така да... аналогно на прашањето како изгледа совршен маж имаме и одговор како изгледа клошар... НЕ ИЗГЛЕДА - ТОЈ СЕ ПОНАША