Подобар наслов би било Како да имате 5 во училиште без мака - имено за да бидете успешни не значи дека морате да се мачите, туку треба да вложите нешто, обично тоа е извесен труд и размислување а тоа не мора да биде секогаш нешто многу и мачно. Се постигнува многу ако сте внимателни во слушањето на часовите под претпоставка професорите да предаваат разбирливо (што не е секогаш случај), ова важи особено за општествените науки. Ова значително го намалува времето за учење, па така да и без многу учење ќе имате убави резултати. Натамошна можност е така што ќе се провери по кој предмет наставниците што најмногу бараат и само тие работи ќе ги учите. Нас професорката по географија ни ги бараше само најбитните факти а не воведи во лекцијата, професорката по историја ни бараше повеќе приказната плус една или две клучни години а не сите наведени години непотребно да се учат на памет, а професорите по англиски не ни бараа таблици по граматика туку дали во говорот и пишувањето умееме да ја примениме истата. На пр. никогаш нема да те праша како твориме плурал во англискиот туку ќе ти каже напиши реченица која ќе содри мачка и мачки и ако напишавме cat и cats јасно беше дека владееме еднина и множина (singular and plural). А инаку самата тема укажува дека треба да се реформира школскиот систем, меѓу другото така што ќе се укине оценувањето во основните па и во средните училишта штом се врти околу борбата за 5 наместо во борбата околу практично применливо знаење.
Така што на часовите ќе си слушаш внимателно, ќе си фаќаш белешки, ќе се влкучуваш активно во предавањето на часот..
Јас барем никогаш во образованието не сум гледала оцени, туку “полнење“ на умот со информации. Одамна 5ка за мене беше лоша оцена, но сеуште, до ден денес, сметам дека треба да учам и учам. Само учен народ е прогресивен.
Јас не знам онака класично да учам,да седнам отвори книгата и 2 саати утепај се со учење за 5ка,,Не знам бе..Јас се што можам е да повторам за 15-20 мин тоа што имам слушано на час и еве петки вадам..Се надевам вака ќе продолжи.. Он топик: СЛУШАЈ НА ЧАС,БИДИ ДИСПИПЛИНИРАН И БИДИ СЕРИОЗЕН..
Шала настрана, еве идеја, користи го google и wikipedi за да прочиташ нешто додатно и е поврзано со материјалот од училиште.. Или пак, најди некое видео на youtube некој што го објаснува истото на поинаков начин - верувај сешто ќе најдеш на интернет, па дури и некои тешки работи објаснети како за првоодделенец
Јас да имав пристап до интернет во мое време, не 5-ки, научник ќе станев во НАСА до сега. Не е потешка програмата, потешки се учениците. Неодамна присуствував на неколку предавања во основно и во средно и во животов не сум видела понезаинтересирани генерации. Бројат чавки на предавања па после лекциите дома кога ќе отворат да ги учат им се научно фантастична енциклопедија. И после зошто не ме примаат на убаво работно место... зошто си необразован и туп! Економисти со средно и со факултетска диплома, а формулар не знае да пополни (да, да, имам и такви примери). Седни да си испотиш малце столче и гледај да ти остане тоа што ќе го читаш в глава, ќе ти треба и за понатаму.
Откако почнав на факултет, петки некако најлесно почнаа да ми се добиваат. Секогаш за споредба го земам брат ми и многу негови пријатели и познаници, има во цел клас две деца кои седнуваат и го греат столчето за да учат, другите се презадоволни со 3ка. Кога ќе увидат дека 5ка му е важна оценка дали за упис, дали за нешто друго - тогаш го прашуваат ова истото „како да имате 5 во училиште без многу учење“ и јас искрено не сум човек да седни и да кажува зошто не врвев со најдобрите оценки, ама никогаш не учев за оценка најискрено, ако нешто ме интересираше сакав да го знам повеќе од што ми се бараше, ако нешто ме интересираше учев доволно колку да поминам, да не викаат мојте подобро кажано. Лесна 5ка нема, најлесна 5ка е можеби да си целосно концентриран на час, да слушаш и кога ќе одиш дома веднаш да ја научиш новата лекција па кога ќе дојди тие две недели за тестови да треба само да повториш и од таму - ќе си поминиш полесно од повеќето кои не би го практикувале ова.
Само ти треба од почеток да имаш петки, а при крај нема да те прашаат пак стом имаш петки .. така барем кај мене
@real madrid Да имаш 5 а да не се потрудиш убаво да го совладаш материјалот не можеш освен,ако немаш некоја јака врска низ школо или партиска книшка.Биди активна,редовна,кооперативност со професорите/наставниците,користи плус информации во врска со материјалот и ќе видиш ќе биде.Ама не се преокупирај премногу околу оцената бидејќи има многу случаеви каде што некој знае за 5 а му ставиле пониска оцена за разлика од некој друг кој што е труп и има 5.Не мора сите да ти се 5ки остави нека има и други оцени,осети ги и нив.Учи за себе не за оцените.Секако дека ќе ти требаат за уписи бидејќи само нив ги гледаат ама утре ден тие 5ки нема да оперираат луѓе низ болниците тоа ќе мораш лично ти да го направиш
Еве ќе ти објаснам како да го постигнеш тоа во три чекори: Прво мораш внимателно да следиш на часовите, значи на часовите најмногу се учи поготово ако професорот добро објаснува. Второ запишувај си го во тетратка она што најмногу го објаснува професорот (најмногу што му обрнува внимание) И трето после школо секој ден кога ќе се вратиш дома по еднаш прочитај ги новите лекции од тој ден. Секогаш пред тест нема да имаш натрупано материјал туку се ќе ти биде познато и само ќе повториш. Ако ме послушаш ти гарантирам дека сите ќе ти бидат петки. И да мора малку да добиете мотивација за учење, според мене новата генерација се движи во многу погрешен правец...
Така што ќе бидеш внимателен на часовите и континуирано ќе учиш а не да се собира материјалот па после да биде работата леле мори мајко кога сите ќе почнат да испрашуваат и даваат тестови. Но покрај тоа потребна си е и природна интелигенција, некои ученици ги бива повеќе за разлика од други. Ете на пример јас никогаш не сум учела многу па основно и средно бев првенец на генерација а додипломските и постипломските студии ги завршив со просек близу 10 на еден од техничките факултети кој важи за доста тежок, додека мои колеги се утепуваа од учење со денови и ноќи пред испити и пак не положуваа по неколку сесии. Многу е битно да го разбираш тоа што го читаш и проучуваш а не да ги учиш работите на памет и малку нешто ако ти завртат или сменат да не се снајдеш.
На факултет може само на имате 5 без многу учење. Работи 100%, пробајте. А за на училиште не го може секој тоа. Некој следи и пишува на часови додека други сурфаат на интернет или спијат па после како да имаме 5 без многу учење!?
На мене во средно школо ми беше потребно само да слушам на часовите, а дома не ни учев. Математика на пример, никогаш немам учено дома, а на сите тестови имав петки. Е некои глупи предмети како бизнис или економија слушав на часови и пред да почне часот ќе ја повторам лекцијата од претходниот час и ми беше доволно за испрашување.
Ќе се мавнеш 3 пати со книгата по глава и ќе ти влезе во мозочето.Шалим се. Ќе слушаш повеќе на час, ќе пратиш ситуација, ќе седнеш во првите клупи.И ќе повтараш бар на секоја 2-3та лекција.