Како да им кажам дека заглавив со факултетот?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Ocajna licnost, 9 ноември 2017.

  1. Ocajna licnost

    Ocajna licnost Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво. Би сакала да ве замолам за помош , за совет да ми дадете. Јас сум запишана на медицински факултет - логопедија. Требаше до сега да сум дипломирана но јас сум втора година сеуште имам квадрирано две години но од дома не знаат ништо незнам како да им кажам се плашам од нивната реакција ме гризе совеста не спиам , не јадаам незнам што да правам
     
  2. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    217
    Пол:
    Женски
    Седни и разговарај со нив, кажи дека си заглавила но, нема да се откажеш и ќе си го завршиш факултетот. Подобро разговарај отворено, него да ги лажеш.
     
    На Victorian, YoungandBeautiful, Mr.Lover и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Snow white

    Snow white Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    1.756
    Пол:
    Женски
    Разговарај со твоите сепак тие се родители ќе повикаат ќе се налутат ама ќе ти простат биди барем искрена со нив повеќе ќе ја ценат твојата искреност и покрај тоа што сигурно ќе бидат лути.. Ама како велат луѓе сме грешки правиме човечно е да се згреши а уште почовечно е да се прости...
     
    На Ocajna licnost му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    13.276
    Пол:
    Женски
    Богами убаво си се заглавила...

    Прво среди се себе си, си направила грешка и гледај да не ја повториш пак истата.
    Седни со нив разговарај кажи им дека ти е тешко, дека се соочуваш со проблеми при учење... кажи која е причината за тоа што си морала да ги квадрираш годините. Биди спремна на лути и бесни погледни, викање и негодување.

    А после - седнувај и учи! Без оправдувања.
     
    На Ocajna licnost му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    Прво размисли зошто ти се случило тоа? Не сакаш да студираш? Не ти оди?
    Потруди се да најдеш решение, па после кажи им.
     
    На daylight, YoungandBeautiful, joy1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Ocajna licnost

    Ocajna licnost Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Незнаете колку пати сакав да им кажаам многу пати но не можаам мислам дека ке се разочараат во мене тие многу очекуваат од мене
     
  7. "Zoki"

    "Zoki" Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    8.398
    Пол:
    Машки
    На лагата и се кратки нозете.
    Подобро да слушнат твоите од тебе,одколку од некој трет.
    Нема што да се плашиш,со помош на твоите родители побрзо ќе го надминеш проблемот.
    Може кога ќе им кажеш ќе имаат бурни реакции но верувај дека ќе ти простат.
    И седни загреј го столот,секој човек може све ако сака.
     
    На mira.mira и stetoskop им се допаѓа ова.
  8. Ocajna licnost

    Ocajna licnost Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Не сум толку храбра да кажам ке ме болии разочаруваето нивно јас сум многу осетливаа
     
  9. "Zoki"

    "Zoki" Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    8.398
    Пол:
    Машки
    А не те боли тоа што криеш од нив?
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    Епа ќе стегнеш заби и ќе издржиш, после ќе ти е полесно. И пробај годинава да положиш се, за да им покажеш дека си сериозна.
     
  11. Ocajna licnost

    Ocajna licnost Нов член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ке ми простат ли за две години? Мислам дека неее :( се во ред што ако не сакаат вејке да ми плајкаат факс :(
     
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    Види, како и да е ќе дознаат.
    Не знам како ќе реагираат, ама ти ги знаеш твојте родители подобро, па веројатно отприлика знаеш. Ако не сакаат да ти плаќаат, ќе работиш, барем преку лето.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.626
    Допаѓања:
    103.779
    Пол:
    Женски
    Нема да ти простат.
    Ќе го завршиш факсот но секогаш ќе го памтат твоето разочарување.
    Сепак 2 години си ги лажела а тоа доведува до губење на доверба, нема ни да докажеш лесно и да го завршиш. Довербата ќе се враќа постепено кон нив, тежок пат ама не се откажувај.
    Реална сум, извини вака.
    Не беше осетлива кога ги лажеше толку време.
    Тоа е, кажи им ти отколку од други да дознаат.
     
    На CrazyGirl15, cresa-jagoda и shz им се допаѓа ова.
  14. Matotheja

    Matotheja Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    8.043
    Пол:
    Женски
    Ај помисли вака: тие ти го плаќаат факултетот и сакаат да стане човек од тебе, а ти не учиш, а притоа и ги лажеш. Признај им дека си згрешила и дека нема да се повтори, ако треба префрли се вонредно и работи за да си ги платиш студиите.
     
    На Victorian, Gosh, YoungandBeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  15. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    Бубаче, не мора да значи, познавам родители кои се попопустливи со децата и простуваат повеќе. Ама девојката си знае најдобро какви се нејзините.
     
  16. theunforgiven

    theunforgiven Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2012
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    1.424
    Значи дајте ви се молам, немало да ѝ простат, разочарувањето ќе траело цел живот... БРЕ ! Со вакви размислувања до кога? Секој од нас е индивидуа и треба и МОРА да живее онака како што сака. Да, точно е тоа дека родителите поддржуваат, плаќаат, но тоа е на некој начин и нивна обврска. Е, сега, за останатите нешта во животот, не смееме да слушаме никој друг, освен нас.
    Тоа е лошо, страшно? Тоа што ќе ги разочара НИВ ??? Налошо е кога човек САМ себе ќе се разочара, ништо друго.
    Ќе им кажеш и готово, има да ти олесни, па што сакаат нека речат. Во животот на секој од нас може да му се случи сешто... Дали сме сакале или не, дали сме виновни или не - тоа е веќе друго. Понекогаш сме свесни и пак губиме. Едноставно, таков е животот. Нема што да се плашиш! Само храбро! Ти треба да бидеш ИНДИВИДУА! До сега си била дете, ама отсега мораш да почнеш да размислуваш за ТВОЈАТА иднина, а не да ти кројат планови други луѓе, било кои.
    Затоа, најважно е ТИ да одлучиш што и како понатаму. Не смееш да се откажеш и не смееш да кренеш раце. Ќе се бориш! Животот е борба. Ќе ти биде тешко, но ќе знаеш дека ќе се исплати и дека ќе те чека убава иднина. Кога - тогаш. За НИШТО во животот не е касно. Две години биле - не биле. И јас на некој начин имам изгубено две години плус на факс, иако тоа не било поради квадрирање. И не се кајам за тоа. Работите се случуваат онака како што треба да се случат, сакале ние или не.
     
    На glosipgirl, CrazyGirl15, Doozy и 29 други им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    И јас паузирав. И тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донела во животот.
     
    На Nigredo Odor и theunforgiven им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    16.626
    Допаѓања:
    103.779
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи. Познавам луѓе што со сила ја запишаа нејзините на друг факултет на кој таа не ни сакаше да го учи и го заврши ЕДВАЈ.
    А во текот на студирањето да не ви кажувам што им правеше на нејзините.
    Така да, реални бидете.
     
    На Плавуша123 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    Добро сега, ова е многу нездрав однос со родители. Ама за се има решение. При толку лоши работи што може да се случат, да се очајува за нешто што може да се реши е непотребно.
     
    На oblace1 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.688
    Допаѓања:
    74.467
    Пол:
    Женски
    Нормална реакција би била да се налутат малку и да бидат разочарани некое време, ама подобро сега кажи им отколку уште да лажеш.
    До кога планираш да ќутиш и да се уништуваш?

    Сигурно ти е многу тешко, затоа олесни си малку и отвори се пред нив.
    Собери храборост.

    А тие воопшто не те прашуват до каде си на факултет? Како оди работата со испитите?
    Уште колку имаш? ДО каде е дипломската?
    Толку не се заинтересирале?

    Па моите дома повеќе страсови од мене преживуваа на секој испит...Ме гледаа како учам, како се плашам, како се трудам...Веднаш после испит нив им се јавував дали сум положила или сум паднала, зашто поголема поддршка од кого би добила.
     
    На kikkki, Victorian, YoungandBeautiful и 7 други им се допаѓа ова.