Фала ви од срце на сите за одговорите... Јас вејке имам кажано дека се имам положено, ме прашуваат но јас лажам и лажам криво ми е како што ви кажував проблемот ми е што не можам да кажам тие се колнаат во мене веруваат во мене а јас види што правам не сакам да биде вака
Абе како не ќе се откажеле од тебе. Добро а до кога ќе криеш? Еден ден сигурно ќе те прашаат ти до каде си со факултетот,нели до сега требаше да завршиш и сл. Е тогаш кога ќе дознаат дека си ги лажела во очи може да збеснат. А сега имаш уште време да го поправиш тоа што си го направила.
Јaс би прoстилa...aмa ќе ме мaчи мислaтa - зoштo? Кaде билo и штo прaвелo мoетo дете? Зoштo немaлo хрaбрoст дa ми кaже декa имa прoблем? И...кaде бев јaс? Зaрем никoгaш не пoсaкaле рoдителите дa видaт индекс? Инaче, oвa е прoблем кoј се нaдминувa.
И ти се грижиш за тоа како ќе реагираат твоите родители на тоа? хахаха будалче. Па, девојко ти не си робот Бог да чува, човек си. И што ако се разочараат. Многу ме нервира кога родителите ги третираат своите деца да одат на факултет иту на оној кој родителите го одбираат. Ти девојко учиш за себе или за нив? Кажи му и завршена ствар да не ти е гајле. Одиш на факултет, доволно си возрасна па, зошто тогаш дозволуваш родителите да го водат твојот живот плашејќи се да му го кажеш тоа?? А и што родители се тие такви да се откажат од тебе поради една глупава работа.???
Нека се откажат! И што ако се откажат? Треба да умреш? Нема! Абе ќе станеш и ЌЕ СЕ БОРИШ, јасно ??? Ако те сакаат, ќе бидат со тебе во СЕ !
Ти си им дете..какво откажување! Дека ќе се изненадат негативно-да...дека ќе слушаш предавања и прекори со месеци-да...дека ќе размислуваат да те повлечат од факс-да... Но.. Ќе мораш да бидеш искрена и да кажеш дека многу си се трудела ама не си успеала и дека ти е жал.Понуди се да работиш и сама да си плаќаш школарина и не заборавај да кажеш дека овојпат ќе бидеш далеку поупорна и ќе учиш. Ќе ги молиш да ти простат,за возврат вети им дека никогаш веќе нема да им приредиш вакво нешто. Голем стрес е ова и за тебе и за нив.Но,бидејќи вината е кај тебе,потруди се. ..и пиши како си поминала..
Вината е еднаква би рекла. Замислете кој страв треба да има дете, па и притисок за да не се отвори пред родител и да си се заглави? Преголеми очекувања, а би рекла и своја нереализираност сакале да лечат низ неа. Карактери се во прашање, но кога во позадината на криењето е страв, онда родителите треба себе си да си се запрашаат. Знам за еден друг случај, малце покомплициран од овој каде детето се заглави со коцка за да ги спасува трошоците на родителите, па и криво испадна на крај, па и црна овца... Ама суштината беше ова. Од него се очекуваше дека он ќе ги издржува, а он со свои потреби, да не ги разочара и ете... Него... ќе стиснеш заби и мижи ако треба, кажи им. Природно е дека може и ќе урлаат, ќе паѓаат во несвест, све тоа машки ќе си издржиш. Ама ќе си кажеш и како се чувствуваш... и ќе се извиниш и дека ти е жал нормално. И ќе го решите проблемот. Нема да се откажат, не си направила не знам какво злодело. Вината треба да се подели. Ова бидува кога децата се гледаат како ордени...а не како деца. Зарем родителите чии деца не учат факултет треба да се откжат од нив и да не се гордеат? Факултетот е само еден мал дел од она кое што го почтуваш и те гордее кај некого. Но реално, тоа не си ти самиот.
Ти им викаш дека се е положено, ама тие воопшто не посакале индексот да го видат? Барем како изгледа од мерак...да видат некоја оцена? Вака слично и една другарка ги лаже дома дека се е положено, а таа е заглавена. Се чудав како не приметуваат дома, ама еве имало и други случки. Јас уште еднаш ќе ти речам не одолговлекувај. Родители ти се и ќе ти простат, па колку и да се разочарани на почеток. Не се плаши толку, сепак и ти си веќе возрасна. Објасни им, извини се, вети им дека уште понапорно ќе се трудиш и ќе ги направиш горди. Со среќа, па кажи како си поминала.
А зошто си заглавена? Имаш проблем со некој професор или некој предмет па тоа ти е услов за запишување други предмети? Не го сакаш факултетот?
Имав случај во блиска фамилија кој лажеше до дипломирање, дури и наводно закажа дипломирање, за на денот на дипломирање да кажи дека лажи. Неќиш да знајш што претрпеа родителите. Кажи совреме, ако ќутиш ќе биди само полошо.
И јас порано заглавив , ги влечкав долго тие 4 испити , но бев искрена све им кажував .... Биди и ти искрена , не верувам дека ептен ке се налутат и дека ке те фрлат заради факултетот .... Верувам дека ке те разбераат , и не служи се никогаш повеке со лаги
Кажи им отворено, не ги лажи. Сигурно во моментот нема да им се допадне вистината, но таа е далеку подобра од сите лаги. Родители ти се, нема да те остават. Не се плаши, соочи се со вистината, инаку само повеќе во беља ќе влегуваш, ова важи за се, ајде храбро малку. PS: Сакав да постирам навистина грозен коментар ама ми снема струја. Мислам... Исто значење, ама многу грубо искажано.
Нема како поинаку освен да седнеш и отворено да разговараш. Очекувај бурна реакција. Сама си виновна за тоа, кога лажете лажете многу на големо. Ај да излажеш за некој мал број на испити ќе разбере човек, неколку месеци плус или минус за факултет ништо не значат ама ти се осмелуваш да лажеш за половина факултет. Свесно си правите проблеми, не ли знаеше уште од претходно дека кога-тогаш секако мора да ја признаеш вистината. Не е фер тоа што си го направила, твоите дома горди на тебе очекуваат каде и да е да однесеш диплома а ти си уште на половина пат. На мојот факултет имаше еден случај каде една типка фалсификувала индекс за да се оправда пред нејзините и не само што си напишала оценки на сите неположени предмети туку сите си ги ставила и десетски . Мислам извини ама виновникот го гледам во тебе. Не оти си заглавила, тоа лесно може секому да се случи туку оти не си била искрена кон твоите најблиски.
Ви благодарам најмногу на сите, знам дека морам да им кажам незнам како ке биде но морам јас сум виновна за се спремна сум се да направам да ја исправам грешката но се плашам се страмам пред моите што ги лажам сеуште верувајте ми колку пати сакав да им кажам но немам храброст нема повеке ништо да е исто нема да ме гледаат со исти очии, очајна сум сакам да се разбудам и ништо да не е вистина сепак 2 години се не се малку
Утрово кога ќе се пробудиш,најпрвин на Таткот па на мајка ти ќе ги прашаш дали се после 16часот дома,зошто ти сакаш да разговараш со нив,во врска со факсот!-толку за почеток. Кога ќе седнете најпрвин погледни ги во очи со мала насмевка на лице,и во самиот старт со разговорот побарај помош за да ти простат за твојот пропуст што тлеело цели две години! Раскажи им дека си сакал да бидеш девојче со многу голем просек или капацитет во нивните очи,и затоа неодложно не си им ја кажувала вистината,туку само си ги потврдувала нејзините желби и отчекувања! Ќе ја видиш нејзината реакција и ке пресудиш што понатака. Ако ти дадат друга шанса,пази да не ја прокоцкаш на ист,или сличен начин,ако не ти дадат,а тебе вистински ти се учи,тогаш кажи им дека сакаш да се вработиш и да студираш вонредно. Друго чааре немаш,со среќа и кога ќе разговараш со родителите,не кревај глава гордо високо. Како викаат,наведната глава сабја не ја сече! Не се плаши да почнеш со разговор,шта прије то бољје!не се секирај,грешката ти е веќе направена,...ајде со среќа!
Значи полека малце за тие што викате дека ќе биле многу разочарани родителите и ја нападнавте. Да знаеш во животот се се оправа и се се исправа. Искреноста е многу важна со најблиските и ќе седнеш и ќе кажеш. Мајка и татко МОЖАТ ДА СФАТАТ СЕ И ДА СЕ СОЧУСТВУВААТ СО ДЕТЕТО. Ќе изнајдете заедничко решение(дали да смениш факс или да продолжиш на овој). Ти од страв 2 г не си мрднала. Блокирана си. Седни разговарај. Нити ќе те утепаат а полесно ќе ти биде во секој случај. Јас пишав квадрат на Економски заради Статистика кај Славе. Моите ниту еднаш не повишија тон и ми дадоа поддршка. Одев цело лето на часови. Положив кога научив
Си направила грешка да ама не и непоправлива. Причините како и зошто си ги знаеш само ти ама лошо е кога човек ќе се вплетка во лаги, тогаш тие стануваат се поголеми и поголеми. Седни ги и биди искрена, кажи им дека си згрешила и дека ќе го поправиш тоа. Ќе бидат лути, разочарани, може ќе ти викаат ама тие се родители на крај сепак ќе ти простат. Не знам еве некој што разбира повеќе нека каже дали може факултетот да го стави на пауза некое време па да поработи некој месец за да си покрие барем дел до трошоците?
Родителите биле должни да плаќаат факултет??? Хах... епа затоа сме ваква килава нација, дека родителите ги издржуваат децата до 30 и кусур години. Мамините тие, за ништо да не ми се мачите во животот, мама и тато се ќе ви платат вие само (не)идете на факултет, пијте си кафенца и уживајте. 18 години, ало?! Па тоа е веќе возрасен човек во секоја смисла на зборот, со разум, со право на глас, со право на возачка, со способност за работа. Кога веќе гледаш дека твоите дома не се во можност да ти плаќаат факултет, или едвај делат од уста за да ти не се двоиш од останатите и да останеш со средно без професија, зошто да не чукнеш глава и да почнеш сам да заработуваш?! Па тогаш ако сакаш не 5 години, цел живот влечи го факултетот. И самата кажа дека нејзините се жртвувале за нејзиниот факултет. Девојката има страв да, ама не поради тоа што ќе ја караат, туку како што кажа, емотивна е и се плаши (највероватно) од нивното разочарување, од тоа како ќе ги погледне во очи кажувајќи им дека буквално ги крадела две години, им ги земала парите што ги собирале за да и овозможат образование и подобра иднина и ги трошела за други небитни работи. Има време се да се среди да, ама извинување е најмалку што можеш да им дадеш во моментов. Собери сили и помогни си себеси да го дозавршиш факултетот, барем да се израдуваат на диплома после се.