@PaLaVa не се должни да плаќаат ама ако е редовен студент каде и како ќе најде работа? Како прво ако си редовен студент ни летото 3 месеци никој не сака да те прима на работа, а не пак за псотојано. Секому му треба стабилен и сигурен работник, а таа и студент во меѓувреме нормално дека некогаш ќе треба да излезе или да задоцни. Тоа не е оправдување за лагата во која се вплеткала ама заборавате дека ова е Македонија и некои работи се невозможни.
Убаво кажи им се, објасни им не можеш повеќе да криеш бидејќи еден ден ќе дознаат твоите, на лагите и се кратки нозите. Подобро да дознаат од тебе него од некој друг. Можеби ќе ти се лутат на почетокот, но со тек на време ќе им помине.
@Belgin1 ехе ако сакаш, ќе најдеш начин, ако не сакаш, ќе најдеш причина. Колку имав само колеги кои беа редовни студенти а и во исто време работеа на кампусот, во ресторанот, библиотеката, после предавања или хонорарно на страна, од дома, зависно од професијата. Секој може да се снајде и да заработи по нешто. Крај краева не запишувај редовен факултет ако немаш услови, запиши се вонредно и работи паралелно, или пак стави го во мирување додека заработиш доволно за да го завршиш. А да гледаш како родителите се мачат за тебе и ти уште ладно се заебаваш и ги лажеш, тоа е постапка која не се оправдува во никој случај.
@PaLaVa запиши се вонредно ама вонредното е дупло поскапо. Никако не си ниту натаму, ниту наваму. Познавам редовни студенти кои во меѓувреме пробаа и да работат ама не ум успеа. Едната моја другарка одеше на факултет а паралерно и работеше во еден кафич. Доста често се случуваше да доцни на работа зошто не можеше да стигне ако од сабајле е на факултет, колегата другиот и беше другар па доста често остануваше место неа саат два подолго без ниаккви проблеми. Меѓутоа газдата и кратеше многу на дневниците имаше денови кога и по 300 денари и даваше, еј смешни 300 денари. Девојчето се уништи, 50 кг стана ниту јадеше, ниту спиеше како што треба. Другар мој се запиша на факултет ама паралерно почна и да работи со замисла да си го плаќа факултетот по неколку месеци попушти го батали факултетот и си остана на работа зошто неизводливо е. Има факултети кои се навистина захтевни каде треба да бидеш присутен редовно како физички така и психички, исто и на работа треба да си одморен и свеж а не да дремеш. За последното се согласуваме ама ете девојката згрешила, секому му се случуваат грешки и тоа е тоа. Влегла во еден лавиринт од лаги и никогаш не е доцна да ја поправи грешката со тоа што ќе разговара отворени со нејзините.
Зависи од тебе како ќе си се поставиш кога ќе го кажеш. Ако се обвинуваш сама себе и спушташ глава, секако дека ќе те "нападнат". Санки ние на време што дипломиравме се усреќивме . Па и мастер се полетав... Втора бев па последна најдов работа и тоа за никаде. Немаш пороци, не им носиш снаа у куќа... Се шалам, што се има, камо да е учењето единствен проблем. Животот е пред тебе. Таков ти е периодот, објасни им но не дозволувај да те обвинуваат, да паѓаш во депресии и да се чувствуваш како терет. Се ќе си дојде на свое место.
И моите ми викаа ако еден паднеш одма назад, па јас ги паднав сите 4 и не ме вратија назад. Ама бев искрена и им кажав. И тоа одма, без да кријам ништо. Иако мислиш дека којзнае што ќе биде, на крај се ќе биде во ред. Верувај. И моите се строги, па ми опростија. ПРОБАЈ!
edno nesto ne mi e jasno zosto celo vreme si kjutela i vopsto nisto ne si im kazala? i jas zaglaviv prvata godina i se custvuvav isto kako i tebe ama morav da im kazam. mi rekoa ako ne mozes ne gi trosi vremeto i parite jas sobrav sili volja isve to i prodolziv vo vtora godina vo ispitna sesija od 3 nedeli gi poloziv site 10 predmeti od prva godina. ako kjutev skrivav i se nervirav do nikade nemase da stignam
Девојко само доколку си искрена со твојте , ќе успееш во се . Во ред е што си згрешила , но биди искрена сега , објасни им зошто дошло до квадрирање и до мрежа од лаги . И сестра ми имаше проблем со факултетот , прва година одеше како редовен студент , но една асистентка ( професорот бил од Косово па не му се исплаќало да патува секој ден за 2 - 3 предавања па си препуштил на асистентката ) која ја зема на заб не можеше да продолжи во 2-ра година . Летото работеше на факултетот , и се префрли вонредно . Потоа го стави во мирување . За да после цели 4 години го продолжи , и еве сега брзо го положи последниот испит од втора година , чека да почне испитната сесија и да полага испити од трета година . Другарките нејзини го завршија факултетот во рок , со финансии или пријатели небитно , мојте немаа пари за фрлање вишок и затоа и заглави ( се проширил муабет низ факултетот дека асистентката може да пише една 6-ка но бара некоја сума од 100 евра или 150 беше ) . Но сестра ми беше искрена со мојте дома дека има мака со асистентката , сите фатени врски не беа доволно влијателни за да и пише 6-ка иако последниот пат кога полагаше имаше убаво научено , сепак ја падна . Најлошо е што девојчето се разочара сама од себе . Го батали факултетот , најде работа кај приватник што не и исплати последните 3 плати и со тоа уште бетер падна во депресија . Среќа , најде подобра работа каде барем земаше редовна плата . Оттука и тргна по нагорна линија . Се врати на факултетот како вонреден студент , најде работа поврзана со струката што ја сака , и ете сега се труди да учи и да положи се во најскоро време . Родителите ќе ти простат , бидејќи се родители пред се и ќе имаат разбирање за ситуацијата . Дури и можеби ќе ти помогнат да ги надминеш проблемите и да го завршиш факултетот . Само биди искрена кон нив . Не е крај на светот
Исто како "добар ден" кажи им. Да ги изненадиш малце луѓето. И не заборавај да им кажеш "некој мора да ја брука фамилијата неможе секој да биде легенда".