Денес моите ми поклонија прекрасен прстен и огрлица кои сакам да ги искомбинирам за вечер па да ве прашам дали одговара http://www.swarovski.com/Web_AA/en/9873 ... yName=0112 http://www.swarovski.com/Web_AA/en/9036 ... l?rc_pdp=1 И една плик ташничка што иде накај златно Сакав сребрена ама кај другарка ми и е а она е на одмор . Не сакам штикли да носам инаку имам
хммм кога би можела со сребрена ташничка зошто накитот ти е сребрена боја а и римјанките имаат нешто сивкасто(или бела им е основата ?) ... според мене златна ташна не би ти одговарала
Па би одговарало ама сребрена имам само поголема , малата ми ја земаа Мислам можам јас и друго да облечам ама работата е што фустанот ми е нов и морам него иначе не одам нигде . Инаку тој има некоја тиркизна боја , се гледа убаво во живо .
Мислам дека би можело со поголемка сива ташна а инаку морам да ти признаам дека ми се свиѓа фустанот мноооогу ...и бојата и ракавите и плус згодна си ајде ЛП од кај го зема фустанот и колку пари ..и убаво да си поминеш вечерва кај и да одиш
Сега се облеков и ств убаво стои , подобро отколку кога си замислував Фала ви девојки . Иначе одам да го славам роденденот
Значи вака ова ми е ново фустанче, само еднаш сестра ми го носеше на свадба и толку........па би сакала да ве прашам дали би одговарало со овие штикли да го носам
Па одговараат ама ме нервира ремен ли е што ли е со панделка П.С.Фустанот каква боја е? Кафена,бела кремаста?
Да и јас се согласувам! Со кремасти чевли или со полна пета чевли супер би било! Дури и некои балетанки
Есперанса зошто да не одговараат? Па не можеме да си дозволиме во сите бои чевли. Јас би го носела со овие.