Вљубена воопшто не би те правеле фармерките поширока , супер тело имаш . Како и да е со сукња ми е многу убаво
Јас би направила комбинација со краток тексас шорц, со ептен низок струк (по можност од овие нели новите, што има се гледаат џебовите), и доле римјанка, онака со тенки прегради (ако се како блузата уште поубаво), а блузата обавезно развлечена на едното рамо. Алки за на рака, ташна штосна и очила за сонце... ии спремна си.
Thumbs up за сукњата. На тебе блузава стои прекрасно, дефинитивно! И не се сетив прееска за римјанките, како што кажа бројче, далеку поубаво отколку што претходно ти кажав. А да, ако имаш малце помалечка ташничка според мене би било поубаво. Додај некоја алка на рацете да не биде комбинацијава во две бои, можеш тенко коланче во кафеаво-кремова боја ( и алките нека се такви, ако имаш).
И јас гласам за втората комбинација со сукњата. Сепак, мислам дека нареден пат би било убаво да искомбиираш со фармерки. Не мора во светла боја, ако мислиш дека би те превеле подебела, пробај со темни скини џинс
Вечер планирам да носам жолто фустанче. Спојлер Има кратки ракавчиња кои се нешто измеѓу кратки и кимоно. Горниот дел на фустанов е поширок спрема долниот, како балонест е. Кај рамената е поширок, во половината потесен. Долниот дел е прав, потесен и е долг до над колена. СДП со какви чевли би можела да го искомбинирам? Црни или друга боја?
Можеш да го искомбинираш со црни, но тоа е стандард и мене повеќе ми се допаѓа жолто со некој друга весела боја. Можеш да облечеш розеви, сини, зелени, портокалови...каква боја и да имаш од овие, иако мене жолто-розева ми е омилена комбинација... Поубави ми се посмелите комбинации, а и сега е доста актуелно комбинирањето на јаките бои, она жолто со црно или бело е според мене веќе досадно. Незнам што имаш во плакар, но искоминирај чевли и накит во една боја, а фустанчето нека биде само жолто да доаѓа до израз.
Сакам да прашам...? Значи од тетка ми добив едно винтаж палтенце ама проблемот е што јас навистина немам со што да го искомбинирам или пак незнам. Не е мој стил, не се носам вака ама сепак ми се допаѓа палтенцево, баш е убаво и сакам да го вметнам во мојата гардероба. Па ако може да ми кажете со што би можела да го носам, пр. какви фармерки, сукњи, џемпери итн итн. Ви благодарам однапред. Не е вакво розевкасто, црвено е ама со мобилен го сликав па затоа..
Црна плесирана сукња до колена, или пак со висок струк. Бела кошула обична или необична. Или пак обична бела блуска, со шарена цветна марама. Долг црн леав фустан. Темни фармерки. Темни панталони. Или пак сиви маички, блузички.
Леле ова е преубаво за комбинирање. Најобични фармерки/сукњичка и поотворена маичка или најубаво маичка во V со некое убаво ланче, не мора златно ама таа нијанса нека е. Или еве неколку посликовити примери. Спојлер
^ Ви благодарам многу на предлозите. А инаку да се надоврзам на прашањето, би можела да носам римјанки или пак кожни старки со палтово? Јас си имам една комбинација во глава, ова палто, една долга и малку широчка бела блуза со натпис на неа, така широки фармерчиња што висат малку горе а доле се потесни и римјанки. Ама не сум баш сигурна зашто само палтово од целата комбинација ќе ми биде црвено а на блузава имам и зелени срциња.. не носам накит, така што.. Значи јас дефинитивно сакам да експериментирам, ама ужасно не знам како да комбинирам ствари.
Блу, мене палтенцево ми изгледа како подебел материјал, како за во есен-зима поладно ко ќе е, јас во таква комбинација го замислив со тесни фармерки / пантолони и штикли, и зависи горе дали некоја кошулка или маичка сеедно и со некој златен аксесорис (многу убаво ми оди розево со златно) или пак со некое фустанче, со темни хулахопки и чизмички А ако сакаш да го носиш во поопуштена варијанта, би ти предложила да ги извадиш копчињата или да ги замениш со други, бидејќи копчињава го прават малце погламурозно
Јас мислам не. Палгтенцето е малку широчко. Ако се друго е широко, не знам како би изгледало. Ама твоја желба си е.
Не, воопшто не е дебело, ова е некаде за рана есен и за во пролет, однадвор така изгледа а од внатре само постава има. Инаку, не носам штикли уште сум мала за нив. И црвено е палтенцево, не розево, ама сеедно, блиску се боите. А копчињава нема шанси да ги вадам, многу ми се убави а и ме мрзи плус. Сепак фала, мислам дека ќе искористам некои од твоиве совети. П.С. Секси, не е широко, пак ќе речам така изгледа, од многу блиску го сликав со мобилен и мобилниот такво го прави.. незнам зашто. Баш си е таман, ама фала и на тебе.
дечки... help... дали се носат затворени лаковани црни салонки на летна свадба? некако не ми оди... а фустанчето е обично црно на прерамки