Каја, нормално дека се носат... Блу, јас палтенцево би го исфрлила од гардеробара, ама ако ти сакаш да го носиш еве како: тесна фармерка, обична маичка и штикла. Рече дека си мала за штикли, ама мене ова ми е покласично палто и можеби балетанка би дошла супер, ете и балетанка облечи, ама патика... Не сум за патика на палтово...
Ајде помош.. со што да ја носам сукњата.. само не ми велете бели римјанки пошто ги скинав т.е. ми се одлепија -_-..(a шубо ке ми беше со бели римјанки туу )
^barbiche, мислам дека сукњава добро би ти одела со бела маичка/рамбовка, и можеш да искомбинираш со конверс патики, во боја како сукњата, или пак со некои апостолки.
Јас би ја искомбинирала со сина рамбовка, а скуќната би ја ставила одозгора, врз рамбовката, т.е. рамбовката би ја пикнала во сукња... се надевам ме сфати... И кафени римјанки и кафена чанта. Спојлер
Девојки и мене ми треба помош,сакам да ве прашам дали вака е убаво да одам насвадба,ова е сукња,но благодарение на марама ми дојде оваа идеа,е сега кажетеми дали да го носам оваа(ама сакам искрено да ми кажете),и занемарете тоа што е туткана,но не е перена бидеќи незнам дали ќе ја носам. И ако е да,со кои чевли да ја искомбинирам од сликите,и каков накит Спојлер Од мобилен е сликано затоа се такви сликите.
Мене не ми се допаѓа оваа комбинација.И се гледа дека е сукња.Не ти стои некако одназад.Мое мислење ако имаш нешто друго по убо облечи.
Мене ми се допаѓа и не гледам каде се познава дека е сукња, кога има многу фустани кои што имаат ваков крој. Ако ти си се допаѓаш кога ќе се погледнеш, ич не се замарај за другите.
од сликиве не може да се примети дали е сукња или не но во живо мислам дека и тоа како ќе се примети, мене не ми се допаѓа вака а ниту чевлите не ми се допаѓаат , подобро испланирај нешто друго ова според мене не е за на свадба многу по кежуал ми е
Сукњата т.е. фустанот можеш да го носиш, убаво изгледа на сликата. Е сега не ми оди со ниедни од тие чевли...со некои други искомбинирај.
Епа не се гледа, најискрено. Вака оддалеку и матно, нормално не се познава. Поим немам како би изгледало одблиску. Инаку, ако решиш да го носиш ова, земи потенок каиш и стави го на половината, не под градите. За чевли не знам што би те советувала, не знам која возраст си. Од тоа што ни го покажа, не би носела ништо на свадба затоа што е прекежуал.
Мене баш ми се бендисва,не се гледа дека е сукња воопшто, убава боја е.. единствено не ми се допагаат изборот на обувки.. незнам.. Сепак последниот збор ке биде твој така да.. Ако веке би избирала од овие 2 опции за обувки, сандалките дефинитивно
Ангелче ако правиме муабет за свадбарски аутфит, тогаш првите шевли се свечени и се за свадба, не римјанките.....сукњичкава од далеку фино изгледа и како фустан преправена, ама сепак мој совет ти е да не ризикуваш да ја носиш на свадба, ако имаш некое друго фустанче за свадбата облечи го со првите чевли
barbiche можеш да ја носиш сукњата со бела рамбовка црвени плави или бели конверс или балетанки angel4e121 слободно носи го фустанчево не се замарај за другите што ти викаат, послушај не мене и марама иначе носи ги со првите чевли а за накит можеш да искомбинираш со бојата фустанчето и со црно нешто
Не знам колку е прашањево за овде, ама посоодветна тема не најдов. Всушност не е едно прашање, туку две се. Сум на две свадби, една во септември (средината) , една во октомври (крајот). Кажувам кога сум, за да знаете одприлика, да ме искритикувате ако мислите дека облеката е премногу летна или слично. Е сега. На таа во септември, сакам да носам пантолончиња со висок струк, ваков модел, само тегет и корсет, обичен материјал, не свечен. Ама не знам каква боја да биде. Црвена неќум, црна исто неќум. Всушност не мора да биде корсет. Ако имате некоја подобра идеја каков топ да облечам, кажете ми, прифаќам секакви предлози. Друго, каков накит? Чевли? Да едитирам. Не сакам да биде многу свечена комбинацијава, оти од сабајле сум на свадбата, прво во еден град, па после треба да патувам во град ептен оддалечен, на спротивна страна . Поудобно сакам да ми е. Е сега, на таа во октомври, сакам да шијам фустанче, амаа, појма немам какво. Сакав вакво (само друга боја) или вакво, само поставата не сатенска и чипка со поситни цвеќенца, иф ју андрстенд уат ајм токинг абаут ама си викам, да не се многу летни. И + на второво, какви чевли? Знам дека сум изгубена. Чекам ваши предлози. Фала однапред.
хммм,првата комбинација не ми се допаѓа како за свадба,затоа и нема да коментирам....не ни знам како би направила свечена комбинација со панталончиња Како и да е за втората ,гласам за синото фустанче...Искрено мене ми се допаѓа и со чипката. Иначе ете со какви чевли би можела да го искомбинираш,само се разбира бојата ќе треба да е иста со коланчето .
И јас мислам дека такви пантолончиња не се за на свадба а зашто не си сошиеш сега такво фустанче за оваа свадба во септември? пошто мислам дека ќе смрзнеш со тоа фустанче во октомври
Пантолончињата не се како за на свадба, не ни знам како да ги искомбинираш. А од фустанчињата второто и мене ми се допаѓа така како што е. За чевли би облекла салонки во боја на каивчето, нешто вака Косата некоја ниска пунџа, мали обетчиња и не ти треба ништо друго. И зошто и за ваа свадба за во септември не си сошиеш фустанче?