Јас би ти кажала да облечеш каква сакаш маичка. Сива, бела, црвена, можеш и карирана кошула да облечеш. Ама баш каква сакаш, само да не е наџиџана со апликации. Добра ти е идеата со беџовите, мада јас би одела со нешто посмело, не со бела маица.
Феминки ги најдов овие две ташни дома од мајка ми се и ми се допаднаа ама не знам дали би можела да ги носам во школо?Ми треба ваше мислење да ми кажете дали ви се свиѓаат и дали да ги носам и ако имате некој продлог со што можам да ги носам ќе ви бидам многу благодарна ( да напоменам ташничкиве не се баш малецки)
Не знам каква ви е сега модата во школо, ама јас на 15 години ова немаше шанси да го носам.Не би ми ги собрало тетратките и книгите за 6 часа, сериозно За излегување да, за твои години во школо не
Јас би ги носела, ми се допаѓаат особено кафеавата. Можеш да ја носиш со носиш со еднобојна маичка на пример тегет или портокалева, кафеав ремен и кафеави балетанки/гладијаторки.
Напоменав и погоре дека ташните се големи, поготово кафеавата. Во кафеавата сите книги и сите тетратки може да ми ги собере, е црната не собира толку но може за некогаш кога ќе имам помалку часови и кога ќе треба да носам помалку работи.
Фемина за собирање ајде , не знам колку книги носи она ама јас по неколку тетратки носам . Носам и јас ташни ама не вакви . Со Фемина се сложувам дека кафената , па ни црната не се за во школо . Убави се , особено кафената ама за искачање е . Мислам барем јас за искачање би ја носела
е добро де ако е средно ок е, ретко кој носи ранец сеа инаку мене лично не ми се убави ако имаш како да ги искомбинираш носи ги
Мене ми се баш убави, винтиџ, а и одлично се сочувани. Ако ме прашаш мене терај со овие во школо, па јас не знам кој уште во средно носи ранец?! Кафевата дефинитвно ти е супер, и баш е за кежуал комбинации, додека црната можеш и за вечерно излегување да ја комбнираш.
Добро се сложувам со вас донекаде, но сепак ташната е преголема да ја носам за на искачање немам што да ставам во неа толку.
Супер се ташните и јас би ги носела на школо. Посебно кафената, таа повеќе ми се допаѓа. И можеш да ја искомбинираш со повеќе бои.
како да ја искомбинирам кошулкава? со фармерки или црни панталони, црни балетанки или кремасти или кафеави, каква ташна, црна, сива, кремаста? помошшшшш
еве примери ама пошто е бела најдобро би било со кафено или златно, ма да може со што сакаш сепак бело е, и ај доста ти се слики станав досадна веке со сликиве
Мислам дека бојава скоро со со иде,ако облечеш црни пантолои облечи црни балетанки и црна ташна а ако облечеш фармерки повеќе ке ти одговара со кафено.
фала ви многу, само да нагласам, не е бела, светло розева е и во живо поише се приметува дека е розевка, вака на сликиве многу бледа изгледа:/
епа со бело со сиво со црно со крем највеќе со овие бои ми се совпаѓа ако е таква нежно розева како бебешка
помошш феминкии јас не можам да се снајдам па си реков ај вас да ве прашам. имам црно топче (маица без рамки) и сеа сакам да ја носам денес бидејки летово само еднаш ја имам облечено иначе топчето е црна боја и има како 2-3 поголемки позеви топчиња на него нацртани е сеа незнам како да искомбинирам
СО бели панталони никако нема да погрешиш и розево ташниче, ако не, види со црна сукња и розеви штикли ако можеш да направиш таква комбинација