Па можеш со балетанки или чевли со полна пета....За асесориз може да ставиш некој понежен накит Ланче можеш некое да ставиш да не биде празен вратот.Исто и колби,обици по можност поголеми ако ти биде фатена косата да дојдат до израз Болерце може со ова убави би било... Е сега за боите...фустанот мене ми се чини розев со шари па можеш да го комбинираш со бела или тегет боја.
Не ми е купена шиена ми е,и јас сум барала али не можев да најдам по продавници сукња што ке ми стои и одговара.
можеби и не е за темава прашањево... чизмички до глужд црни и сиви хулахопки, и црно фустанче... оди?
Женски ај малку помош. Имате некаков предлог за што да се облече со тигрести чорапчиња до колена? по можност да е покежуал варијанта? Јас сеа си ги заглеав чорапчињата ама не ми паѓа на памет со што би можела да ги облечам е вакви се само што кај мене горе завршуваат со црно http://www.google.com/imgres?q=animal+p ... =1&chk=sbg
Мислам дека би требало да се облечеш еднобојно за чорапите да бидат центар. Би одела црна,кафена или бела евентуално. А на нешто пократко сакаш да ги носиш така?!
Мислам дека би можела да ги искомбинираш со црно кратко фустанче и црни штикли, или пак со бело фустанче и бели штикли, ( нешто еднобојно како што кажа и феминката погоре) јас би одела тоа што ќе го носиш да биде иста боја со штиклите со што би дошле до израз чорапчињата. И горе околу вратот можеш да додадеш некоја марама со ваков ист дезен или пак тенко каивче со истиот дезен на половина
Во сабота сум на коктел , и сакам да облечам црно сатенско тесно фустанче ,кремави салонки со отворени прсти и накит бисерна огрлица и иста таква алка и кремава мала чантичка . Дали ке одговара комбинацијава или да го комбинирам фустанчето со други салонки и друг накит ?
Па црно и крем не ми одговара некако комбинацијата,ако имаш некои други подобро искомбинирај ги со други
И јас мислам дека одговара...според мене одлична комбинација па ако сакаш потоа стави слика во модни критики
Одговара кремово и црно, баш кремовото ќе и даде свежина на црната боја. Имаш доста елегантен избор, црна боја и бисери. Мислам дека ќе изгледа прекрасно. Убав помин.
Имам еден црн фустан и еден така син ама на црно оди,чевлите ми се црни...е сега неможам да се одлучам со која боја да ја освежам црната боја да не е толку темна
Цаци зависи каква боја ти е омилена. Јас обожавам да се опнам цела во црно и ПАП разбивам со алка или обетки во некоја друга боја. Конкретно еднаш еден коктел фустан кој го носев со црни кондури го разбив со зелен плетен каиш, и во иста нијанса си стаив алка и обетки. Мене ми се допадна - еве ваква зелена нијанса. Всушност црната боја е најубава за разбивање, ете можеш цела во црно а само кондурите да ти бидат впечатливи во некоја убава боја. Лично за мене омилени разбивачи на црнилото ми се црвената, жолтата ама онаа убава накај окер жолта или евентуално сината . Се зависи како знаеш ти самата да си поиграш со боите, нема голема филозофија само ете да удриш впечатлива боја. Најубаво би ти било само кондурките да ти се во некоја убава нијанса. Веќе те замислив со антилоп елегантна окер штикла и прстен во винтиџ издание во истата нијанса, евентуално плус некои мали обетки, или пак некое ланче
вака девојки..имам едно корсетче со морнарски принт и летово го носев само на плажа и незнам како да го искомбинирам за во школо зашто глупаво ми е со корсет во школо..имате некој предлог?!
Па, ете сама си кажа, глупаво е за во школо, можеби можеш супер да го искомбинираш за некое излегување зашто стварно (барем за мене) не е пристојно корсте во школо. Треба да се знаат некои граници. А дека е корсет можеш со скоро се да си го искомбинирас со некои фармерчиња цевка, кратки црни панталончиња или црвени или пак со некоја суќничка