Облечи фармерки, балетанки или некои такви ниски кондурки и облечи елече/тееенко џемперче so 3/4 ракави. нешто како ова но откопчано го носи. само не од крзно
Феминки дали ми одговара комбинацијава : И не знам какви обетки да ставам и што да правам со косата Помош !
Комбинацијата ти е супер, стави некој црни обетки,или мешани со бело, а косата според мене фати си ја во коњско опавче
Сакам да облечам вакво фустанче, амааа рано е за хулахопки, а со гола нога да не изгледам ту мач? Па и висока штикла....
Фустанчево е преубаво, го манијачам уште од првиот пат кога го видов, за изборот. Или почекај уште малку за да се залади па да го облечеш, или па времево пошо знае да биде променливо некоја вечер кога ќе биде поладно носи го со хулахопки, без хулахопки немој никако. Инаку од кај ти е фустанчето? Сакам и јас вакво
Е зошто без хулахопки никако, ај објаснете ми?! Која е поентата да чекаш да се залади па да облечеш летен фустан со хулахопки? Или ај, блогеркава така носи и морало така да се носи. Мислам, глупости стварно. Не за џабе е фустан! Јас викам без хулахопки. Со јака штикла, по можнсот во друга боја, за да ти разбие црното. И ич да не му ја мислиш! Уште е лето, а во лето нозете се за покажување.
Феминки како да искомбинирам сакам да носам ваква суќна со овие штикли ? .. Е сега каква блуза би ми одговарала, накит ?!
Па можеш со некое корсетче,или маица со танки прерамки,само да не е спортска.За накит зависно од блузата,Не знам со какви бои располагаш
Девојки ајде помош за мене.Сакам да носам фармерки,и едно црно блузиче со гол грб што е потворено на v.Тука кај отворот има како црни монисти,не се приметуваат многу многу.На нозе сакам да носам црни салонки.Е сега фармерките ми се посветли малце,дали би одговарало? и ташна сакам да носам плик,со исти монисти црни како на блузата
мислам дека со потемни цевка фармерки поубаво би стоело и некое интересно ланче стави црно и алки ама алките да се во некоја друга боја да разбиеш монотонија малце.поздрав
Секако дека ќе ти одговара, баш е супер што фармарките се посветли, да не бидеш се црно. А накит планираш нешто?