Annie.mk1 мене оваа маичка не ми оди со тие штикли Маичкава е повеќе за со балетанки, рамни римјанки итн. Одбери некоја повечерна, нешто посекси во однос за штиклите Со накит можеш да експериментираш повеќе ако маичката ти биде еднобојна
Да да, се согласувам. Сепак се одлучив за тегет фустанче бела плико ташна и бели штикли. Со суќната и другите работи ќе експериментирам друг пат
Не знам дали сум на право место ама ми треба помош . Во октомври сум на свадба и сакам да сошијам фустан . Ми кажаа другарки пази каков ќе одбереш , ради материјалот , да не не испадне како на слики. Работата е што никогаш не сум шиела и не знам каков да одберам . Би ми помогнале околу фустанот ?
Носи го. Како не, ќе чекаш ладно време пошо морало со хулахопки, лол. Хулахопките се чорапи, не менуваат ништо во должината на еден фустан. Демек покриени се нозете? Немојте аман. Носи си го.
Па си зависи и од материјалот,али најмногу од шнајдерката што ке ти го шие.Сега не знам ти дали сакаш краток или долг.Кажи од прилика каков сакаш,каква замисла имаш па ке ти ставиме слики или во темата фустани можеш да најдеш.
Покажи слика каков отприлика сакаш,зошто на пример за корсет ќе ти треба поинаков материјал,за некое фустанче што паѓа полелеав.
имам корсет со слична шара како сликата сакам да го комбинирам со фармерки би можеле да ми дадете предлози какви штикли и ташна би одговарале само не сакам црни
Крем салонки и чанта. Според мене најубаво би легнале. Или пак розеви штикли. Дури и црвени можеш. Зависи какви имаш.
Кошулкава ја планирав со кафени хеланки и штикли ама сега сакам да ја носам со нешто пониско дома ниско на кафена нијанса/крем само ова ми е.. еве слики од кошулката и балетанките и чизмите. Со што ќе одговара повеќе? Спојлер чизмите се вакви само потемни малце
Јас би одела на балетанката супер би изгледало, не знам зашто се замарате до детал да се исти нијансите, сепак во кошулата гледам кремасти нијанси. А и онака не ги сакам ич овие чизми, а и на времево дефинитивно не се за носење а и не ми одговараат со ова кошулче чизмите. Воедно кошулчето ти е преубаво
Јас искрено не би одиграла така...личност сум што не се плаши да комбинира така да мислам дека некоја сосема друга боја со комбинација на добра кожна чанта би изгледало бомбастично...инаку меѓу чизмите и балетанките...балетанките
Анастасијаки со балетанките и според мене уште поубаво ќе изгледа со црни тесни фармерчиња, ама ако веќе си испланирала за со хеланкиве ќе помине и така
Анастасија баш вчера во едно модно списание видов слична шара на фустан што беше комбиниран со тегет сако....а ова кошулка убаво би одела со балетанките,а уште поубаво со фармерки според мене Стави некој накит и одлично ќе си падне!
Само на кратко.. Дали им почна веќе сезоната на чизмите??? Сакам да ги искомбинирам со фармерки, инаку се мааааааалку повисочки од една дланка над глужд..
Јас во мојот град досега не сум видела некоја со чизми и како што гледам денсека е убав денот, не врни.Како си сакаш ама мене некако не ми е уште за чизми
^ Јас не би облекла сега чизми, па и 20цм над глужд + времево денес, сонце има, да пукаше дожд или нешто ајде де. Спојлер јес да јас до кај глужд највеќе би облекла, септември е побогу.
Штикливе ги имам купено пред 2 години, и само еднаш ги имам носено. Сега глеам нешо пак се актуелни вакви чевли со ремчиња, па дали би ги носеле, со што би ги искомбинирале?