Некој предлог за комбинирање на нежна,праска боја кошула? Освен со кремасто , ок ли би било со црно? И што како за разбивање на монотонијата? Или ако носам бела блуза и црни панталони во ред ли би била нежно кремаста ташна?И каква боја на палтенце со тоа? Чисто за да не бидам се во црно-бело? Фала
Може ли малку помош, што да искомбинирам со овие штикли и оваа суќна ?!... Каква блуза, каква ташна, накит ?!.. Имате ли некој предлог? Сакав да ја носам минатиот викенд ама не најдов соодветна комбинација па ја оставив за овој
Ани, кошулче некое, пикни го во сукњичката и терај. Ако облечеш, пример, сиво кошулче да ти одговара на чевлите, стави накит во некоја праскесто-розова или тиркизна боја. Такво долго, тесно ланченце, или алка некоја. Не знам што имаш во регал, ама има бааги комбинации со овие две работи. Не се специфични, така да, мислам дека што и да облечеш, нема да утнеш.
Дузи фала мила на помошта, кошулчиња ги имам само овие три и уште една бела сатенска која не се вклопува баш со овие..
Annie.mk1 Со второто кошулче, како што кажаа неколку девојки пред мене искомбинирај со сиви и бели алки
Многу си нејасна...со маичката може да носиш црни,бели,крем но..зависи...тесна,широка..зависи...може тоа да биде фармерка,хеланка...све зависи од маицата...пред се формата...така се одлучува и за накитот
За фустанче црно над коленици, ти одбери си модел или ако веќе имаш стави слика да го видиме, а за сукња можеш исто над коленици, црна, сива како што ти се чевлите
Девојки дали ќе биде добро: нежно розева кошула + широк каиш под градите + марама? Ќе биде добро или да отфрлам нешто? Инаку и каишот и марамата се розеви,но потемни нијанси од кошулата.
Би ги носеле ли патикиве? Купени ми се од поодамна , ама се на се 5 пати дали ги имам носено, некако поради бојава тешко ми било да ги искомбинирам И сега се мислам дали би можела да ги носам за на факултет , да не се некако детски Спојлер занемарете што се малку валкани ќе го средам тоа
Прво морам да ти кажам дека штиклите се преубави Мислам дека по би договарале со фармерки или панталони одколку со фустан или сукња.Но ако веке сакаш со сукна или фустан тогаш нека биде црен но да не биде елегантен и стави некој интересен накит BlackXSs со каиш и марама би изгледало натрупено anastasijaki не се лоши но треба добро да ги светнеш
Јас искрено би ги носела... Би ги исчистила и може да ги смениш врвките или да додадеш нешто и супер ќе бидат со некои фармерки! Ако имаш вештина или знаеш можеш да ги избоиш! Зошто да ги фрлаш?Сепак повеќе се за носење отколку за личење Еве најдов и неколку видеа: http://www.youtube.com/watch?v=1SloKlkLgB0 http://www.youtube.com/watch?v=Jcvh5JkBvv4 http://www.youtube.com/watch?v=h5OhFzsw ... re=related
Јас искрено ни двете не би ги носела. Посебно розово со розово...too much for me. Треба многу да се внимава на материјалот и дезенот на кошулата и марамата и на тоа како ке ја наместиш марамата, а широк каиш под градите исто не ми се допаѓа уште пак со марама, пренатрупано ке е. Зависи и каков модел е кошулата, ама најубаво ми е кога ке видам таква нежна боја на кошула во тесни, темни фармерки искомбинирана со некое убаво, соодветно ланче и тенко каивче во фармерките. Ах, па уште во комбинација со сиви чизмички до глужд и сиво палтенце...мх мх. Се уфилмав веќе, ама ајде, може ке си добиеш некоја идеја, битно не се пренатрупувај и со каиш и со марама.