Јас имам нешто посекси стил на облекување, не е за сечиј вкус но сепак можеби ќе ти се допадне: Предлагам ваков топ Спојлер со црн градник или можеби со кремов, мислам дека добро ќе изгледа затоа што и чевлите ти се во тој стил.Не би ставила некој накит, некако пренатрупано ќе ми е.Убаво среди ја косата, како што велеше баба ми најубав украс е негувана коса.Можеш да носиш класична плик црна ташна
Jас овие би ги носела ко за во теретана или до негде ваму-таму, со фармерки ви ги искомбинирала или тренерки......но за факултет не
Јас имам оваква иста скроз блуза и нели е нагоре како ролка...и сега прашањето ми е дали е срамота да ја носам бидејќи е ролка?....инаку планирам надоле да ја искомбинирам со црни панталони,циклама(не е баш циклама незнам како да ја објаснам бојава )чизмички,циклама ташниче и ќе видам ако имам и циклама обетки...што велите?
Девојки ве молам за помош. Ми треба ваше мислење со каква боја на лента да комбинирам долг бел фустан. Фустанот е корсет горе наберен на градите и од под гради слободно паѓа. Е сга неможам да се решам каква боја да биде лентата што ке ја ставам под градите. Ваш предлог?
Зависи од тоа каква боја на чевли сакаш да облечеш, чанта, шминка, накит...од мене бирај или црно или нешто на розево виолетово, сино.....
Леле може ке ви биде смешно, ама мене проблем ми е траката под гради, а послем се ке сложам со неа. И боја на штикли и шминка и накит. Се мислам за циклама, ама да не е премногу контра?
Викендов од другарка ми добив сукња од h&m,беше на пат па ми донесе поклонче .Сукњата е црна,до колена,припиена мерак!Но проблемот е што има бели и црвени срциња низ неа Вие што мислите и прилега ли на 26 годишна девојка да шета со сукња со срциња?На работа би ми било непристојно да ја облечам и сигурно нема да ја носам.И незнам со што да ја искомбинирам,џемперче,кошула...
Зашто да не личи? Баш убаво, колку само идеи ми дојдоа во глава... Немораш на работа да ја носиш ако сметаш дека нема да прилега за таму, ама за кафиња, за искачања ухууу и те како - за на кафе комбинирај ја со поендоставни маички горе и со откопчани џемперчиња (црвено, тегет, црно...), со темни хулахопки и балетанки или чизмички до глужд, можеш да додадеш и некоја марама или подолго ланче... можеш и кошулка (пр.бела со џемперче со друга боја пример црно) можеш со блузички по долги ракави малце порастресени на пример, па пикни ги во сукњата и подизвади ги малце, да не изгледа стегнато туку како опуштено... - за излегување со црна кошулка (маичка, блузичка) сако, палтенце, па додади и тенко каивче, чизмички или штикли, додади некој аксесорис and you are done
И јас си имам една сукничка црна баш таа должина,и сум ја пробала во комбинација со корсет и прејако стои и како додаток носев марама бела со чипка или со некое нежно ланченце и да нагласам ставав црвен кармин и нормално високи сандалкии, комбинацијата ми беше омилена оваа летоо )па за излегување ти препорачувам ваква слична комбинација.
Девојки вчера си бендисав едни патки како кондурчиња изгледаат високи се до глужд е сега зборот ми беше има сиви и црни сакав да купам сиви со какви бои може да се носат имам кожна јакна лилјакова е имам палто војничко зелено,капут црн би ми одговарало нешто од ова или сепак црни да си земам (патчињата наликуваат на старки но несе таков модел се )ваљда ме свативте што сакам да прашам ај ве замолувам за помош планирам после да испаднам да си купам позз
Јас сум повеќе за сиви, под претпоставка дека сигурно имаш повеќе пара црни обувки Купи си и сива ташна и ќе можеш со се да комбинираш, ќе си додаваш во било која комбинација и сиви додатоци, шалче, марама ...
Може веќе си купила ама ако не си, дефинитивно сиви земи си. Црното е премногу обично и монотоно. И на сива одговараат речиси сите бои, само треба да внимаваш кога ке комбинираш нијансите да не се премногу дреч, нападни и контрастни со бојата на чевлите.
Сакам да носам вакво фустанче( како на првата слика на семејна прослава нешто како мини свадба, уз тело е, до колена, и на средината има каивче. Е сега сакав да го искомбинирам со тиркизно каивче, тиркизни чевли, тиркизни бисери на вратот и обетки исто тиркизни бисерни, и косата да ми биде некако собрана и да имам тиркизен поголем цвет. Или пак истиов накит и каивче во црвена боја. а ташничката да ми биде црна. Малку си играв во paint за да ви ги доловам комбинациите. Па кажете ми дали ви се допаѓа или дајте некој предлог.