За боја, мене ми е исто некако, ама многу е и каиш и алка и ланче и обетки и венче.Ќе биде пренатрупано, тргни ги обетките и алката И внимавај да се иста нијанса, да не испадне демек иста боја, а нијансите различни.
Ќе му дојде too much Особено што тешко е да најдеш ептен иста нијанса на се!А и да најдеш-што е тешко изводливо,сепак ќе биде пак премногу. Ова со цветот ти е добра идеја,но бисери и менѓуши и колан-премногу е.Стави дискретни обетки,пример црни ко бисерчиња оние малецките што се,стави тиркизен цвет во косата и тиркизна алка или прстен.Чевли можеш и црни.Ѓердан не мора,имаш колан,кој може да е црн Пробај ,па прати и слика да те видиме
Премногу е. Извади по желба дел од работите, стварно е премногу. Па уште и во две бои, детски и досадно.
Sarasweet Искомбинирај со црвен тенок каиш, црвени штикли и црвено ланче, вака со алка со обетки и венче it's too much или стави слики во модни критики за храбри феминки и види што ќе ти кажат сите
Кога веќе би бирала, гласам за тиркизно-црната комбинација. Но, еве јас како би искомбинирала: Само, без тие наочарите.
Фала ви девојки што одвоивте време и ме посоветувавте кога ќе си ги погледнам сликиве стварно е too much ама не знаев што да се одлучам а и да разбијам монотонија на црново фустанче со накитот. Btw мислам дека ќе го ставам цветот во косата, ( мерак ми е да го носам) тенко каивчево боја, ќе ставам малечки црни обетчиња, и прстенче, и чевли во боја. Се надевам ќе испадне добро,и не толку натрупано, доколку соберам храброст ќе постирам и некоја слика Фала ви уште еднаш и позз.
Девојки мислење ве замолувам. Чизмиве се од пред 6,7 години,а сега се носи нешто слично. Добро далеку се од модерниве чизмички ама се прашував дали би ги носеле, кога тие белите линии би ги снемало.
Марамке, а да им се посветиш малце на чизмичкиве, да измениш нешто и да ги направиш твои нови фенси чизмички? Еве на што мислам.... Да ги исечеш до глужд или малку над глужд, потоа на машина ќе ги порабиш (ти треба само подебела игла), да купиш помало патентче и да го сошиеш, и за крај уште со црна боја за чевли да ги испрскаш (или како иде тоа), да добијат поинтензивна црна боја и добиваш нешто многу слично на ова... just saying...
Marama, предлогот на la-chicka е одличен и доколку се одлучиш да го прифатиш мораш да ставиш некоја слика да видам како испаднале. Ти и онака си креативна (според она што можев да забележам) па верувам дека ќе излезат повеќе од добро.
Глупо ли е сеа да носам цветна суќничка Имам една ја купив на пролет за веридба и само тогаш ја облеков, а вечер сум на роденден и се мислам дали да ја носам она е плава со цветови и плава маичка иста нијанса?
А зашто да не Не знам како ти изгледа сукњата но може со џемперче зашто веќе ладничко е да си ја комбинираш во есенска комбинација, а може и со темни хулахопки
Фала Росионерке Ќе пробам да искомбинирам Јас мислев вака Инаку има и кафеаво ременче али не се гледа на сликата И не ми замерувајте на мешето
Pamelche сукњичката е супер ама не ми се допаѓа како стои во комбинација со маичката заради наборите што ги има. Види ако имаш некоја крем боја или бела поедноставна многу поубаво ќе изгледа.
Имам нежно лилаво џемперче до над колена.Е сега сакам да го искобинирам ама не знам како,единствено што знам дека на нога ќе носам ниско нешто.Идеја некоја?
Прво, се извинувам што толку подранувам (школска навика). Ама ајде, не е битно во колку часот сум пишала. Епа вака...Марамке, јас да сум на твое место ќе го направам истото како што ти го кажа Ла-чика. Преубава е идејата, а може и кондураџија да ти ги направи. (барем мајка ми кога едни чизми до под колена си ги правеше пониски, кондураџија и ги сече, подраби, ово-оно) Морнинг саншајн (само со долги панталони, на кратки веќе им помина сезоната јас мислам зашто поладничко е) - можеш и вака со наједноставна бела маичка и цевка фармерки. На џемперчето може да има тенко каивче. И да, на нозете можеш балетанки, ако веќе сакаш на рамно.
Извини ама прашањево ти вришти. Поопшто прашање амин. Ако некоја јакна може со се да се комбинира од кежуал комбинации, од модерни комбинации, од комбинација за училиште, комбинации за на работа, комбинации за излегување, дури и во свечени комбинации тоа е црната кожна јакна. То ти е како тегет чорапа, иде на све