сакам да комбинирам една фустанче со хеланки сега се мислам со затворени или штикли со отворен прст ?
Јас сакам да прашам дали одговараат белите балетанки на оваа комбинација. EDIT: ИТНО МИ ТРЕБА ВАШИОТ ОДГОВОР.
паа навечер не е топло, така да мислам дека сега е погодно за кожна јакна едит: мислам дека не ме сфати.. прашањето беше да ми дадете некој предлог како најдобро би изгледало..
Ај дадете некој предлог со што да искомбинирам кремави пантолони со бели римјанки....освен со бела маичка со каква друга можам?..итно ми е
Црвен фустан, кремави штикли и кремава ташна??? Е сега, КАКОВ НАКИТ ??? Инаку комбинацијава е елегантна, за на свадба на блиска личност, па ми треба совет
Црвени алки можеш со комбинација на крем али ако сакаш да разбиеш монотија можеш нешто златно, сребено
Лолипоп и јас сум за златен накит, со тоа што можеш да внесеш и некои крем детаљи т.е тоа златно - крем накит ќе му дојде Спојлер Онака колку за инспирација некоја сликичка...
БАРАМ СОВЕТ!!!! Си купив памучна сукња со неколку фалти. Гледам дека се продаваат секаде, изгледа се во мода. . Со што да ја искомбинирам???? Како модел изгледа модерно, ама дека е памучна не знам со што да ја облечам.... http://www.google.com/imgres?q=skirt+ph ... miru.com/i Еве слика, ваква е, ама црна!
^ комбинирај ја со бела или црна обична блуза и стави некое впечатливо ланче (ама ланчето никако да не биде црно или бело). Вака ќе изгледаш мн. елегантно. Или пак можеш да ја комбинираш со блуза со три-четвртни ракави, собери си ја косата во реп или пунџа и стави некои впечатливи обечки. Можеш, исто така, да ја комбинираш со кошула, а на вратот да имаш бисери. (за ова нема утка) Можеш да си играш со боите, но никако да не ја комбинираш ова суќна со тегетно или кафено.
Леле многу е убава Можеш со некоја убава нежна кремаста, бела, бебешка розева кошула, и ланче некое подолго
Феминки ,ми одговараат ли чевлите со фустанот ?? И како да го носам фустанот ,како туника или како фустан ? Јас мислам како фустан бидејки не е краток и поубаво изгледа така.Инаку одам кај братучетками на веридба во сабота