Smiley-32 фустанчето ми се допаѓа и ако е пристојно долго можеш да го носиш како таков на веридба, но мое мислење е дека многу добро би одговарало со крем или црни салонки.
Фала !Иии да фустанчето е долго некаде до колена аа се мислев за едни крем салонки па може и со тие фала за советот
Smajli,чевлите ми се преозбилни за твоја возраст Воопшто не ми се допаѓаат,и не би ти преопорачала да го носиш.Воопшто.Мое мислење,нема љутиш Туниката ми се допадна,преубава е.Или фустанче ,што и да е.Вака на сликава ми личи ко туника и ќе ти речев да ја носиш со хеланки Искомбинирај со други чевли,крем,бело,и стави слика да те видиме Немој да ставаш ѓердан,додовлни се менѓуши или алки.
Мене лично темно плава со црна баш и не ми иде... Можеш да искомбинираш со бела, крем или црвена. Едит: Тука можеш да си ја пронајдеш нијансата и да се одлучиш полесно http://www.colorcombos.com/
Девојки, со што можам да ја искомбинирам оваа сукња? И дали може да се носи во некоја обична дневна комбинација? Знам дека е свеченка, но дури и за свеченост неможам да и смислам што да се носи горе..доле балетанки можам да најдам, но горе стварно немам појма што би носела.. Инаку сакав да го прашам ова уште почетокот на јуни, тогаш и е сликнато али отидов на одмор, и не бидна.. како ви се гледа?
Мене ми е малку затворена и не ми се допаѓа комбинацијата црно со кафено. Можеби кога би го искомбинирала со други чевли и чанта би било посоодветно.
FBI-Освен со хеланки и туника-што и мене прво ми падна на памет и ми е омилена комбинација со такви чизмички,можеш и со кратка сукњичка и темни хулахопки,оние црните дебелите,сега кога ќе застуди Зошто си висока и имаш добра нога ,баш добро ќе ти стои,па после ќе ти стегаме лајкови во модни критики
Уф не знам, мене ми се гледа некако многу накинџурено (сатен, мрежа и машна)... Јас би ја извадила мрежата ( можеш да си ја искористиш за нешто друго)... И после ке можеш да си ја носиш сукничката со некое црно мајче на пример, само да не биде и тоа сатенско зашто од сатен+ сатен се ежам Мое мислење, сеа немој погрешно да ме сватиш
Здраво пред неколку месеци купив една тасна која предмногу ми се допадна во однос на модел и материјал, единствен проблематиЧен дел ми бесе бојата у мометот замизав и ја купив, мегутоа одтогас никакко најдам парЧе во мојот плакар со кое би мозела да ја искомбинирам. поЧнувам да мислам дека згресив би ве замолила за совет дали воопсто би ја носеле оваа тасна, дали одговара со некое од парЧињата сто ги поседувам или предлог како поинаку би искомбинирала.
Danichap мене чантава ми одговара со се што си постирала, да си ја носиш обавезно! Ако не доаѓам и ти ја крадам
Баш е слатка бојата. Можеш да си ја комбинираш и со други бои, за да разбијеш монотонија, есенски сивила хехе. Можеш со крем, кафеаво, тегет особено, хммм зелена темна, бела/црна кошула...
Aaa Даницап со ништо не ти одговара, јас имам многу жолти алишта дај ми ја да ја поносам . Шала на страна, ташничката е преубава, одговара со блузичките но не ми се допаѓаат чизмичките, но немора секогаш да го почитуваш „правилото“ чантата и обувките во иста боја , можеш со некои кафени/зелени/крем... балетанки или сега за есенва чизмички кои ќе бидат во друга боја немора баш жолта. Можеш маичката со Гарфилд, кафени фармерки, кафени чизмички/балетанки и ташничкава. Или пак можеш да се облечеш цела во црно, онака по опуштено фармерки или некое џемперче/туниче црни хеланки, и долу црни обувки и ташничкава да го разбие црнилото. Мене многу ми се допаѓа, да ми е на мене има маста да и ја извадам од носење .
Мене ми се допаѓа чантичката и би ја носела со многу алишта.Посебно едно бојни за да разбие монотонија,како црно на пример.