Смајли мене комбинацијава ми е ептен измешана.Прво мислам дека многу ке ти студи со летни сандали и голи нози валда нема да одиш туку ке ставиш хулахопки а хулохопки и сандали подобро не.Фустанот некако не ми оди во комбинација со бисери а и бисерите не се за во комбинација со обетките Палтото и чантата се убава.
Јас се согласувам во врска со бисерите и обетките или бисерот или обетките (јас би одбрала обетки зошто на горниот дел од фустанот имаш панделка, доволно е украсен самиот И доколку носиш хулахопки облечи салонки (можеш црни, црвени) мој предлог. А ако не носиш хулахопки носи си ги сандалите
фустанчето е слатко, јас би го искомбинирала со салонки , без ѓерданот, косата би ја собрала и би ставила малечки бисерни обетки - вакви .. чантата не ми се допаѓа во таа комбинација подобро би било со некое интересно пликче и на раката обавезно некое слатко прстенче
Гламур Лејди Фала тии многу за советот ! Посебно за обетките Пробав така и стварно стои многу убаво И даа ке носам црни хулахопки Што велите за штикливе?
Smiley ако не облечи месо боја хулахопски мислам дека со црни хулахопки ќе биде многу црно. Вториве штикли повеќе ми одговараат.
Здраво феминки. Прашањето нз дали ми е на место но нз каде да го поставам. Сакам да си купам од чевлите оние како во Тимберленд што ги има, ама не од таму мн се скапи, е сега проблемот ми е шо нз со какво палто би ги комбинирала. Ај помош некоја сликичка за какво палто одговара со овие .Фала ви
Спојлер Левото или десното? Десната варијанта некако поубава ми се гледа, ама ми се чини дека премногу ќе ме затвори. Да не бидам многу уцрнета? Во комбинација со црни хулахопки и високи црни чизми планирам да го носам фустанчево. Левата варијанта не е така лоша, ама не ми оди некако, како да двојат многу боиве. Ваше мислење?
Здраво феминки ми треба ваша помош.На свадба сум во ноември и би ве замолила да ми дадете некоја идеја сто да носам преку денот кога ке дојдат по невестата,јас се мислам дали во некоја интересна туника со хеланки дека ладно ке биде а во фустан ке сум вечерта.Однапред благодарам
За кога ти е? Мене десната повеќе ми се допаѓа ама ако не ти е за утре да си купиш плави или не знам каква боја е таа на коцките хулахопки.
AnaKarenina мене повеќе ме бендисува варијантата со сивото. Повеќе ми одговара со плавото, а кафеното не ми се допаѓа.
Феминки, со што можам да искомбинирам ваква кошула? Видов и ептен сакам да ја купам. Наравно не ќе шетам со гол стомак како Кристинчево. Значи што да носам под кошулата?
Lacrimosa Рамбовка во која било друга боја би било одлично. Со раскопчана кошула. Но сега следи ладен период, така да тешко да дојде на ред да ја облечеш..
ваква кошула ти е за во лето за сега ако сакаш да ја носиш носи ја или доврзана со некоја маичка одоздола или со високи панталони..
Девојки , имам еден ваков виолетов елек само нема ракави за разлика од овој Со што да го искомбинирам, може со ролка ? И ако може кажете ми каква боја. Имам повеќе фармерки и едни црни пантолони. Елекот и што да ставам здола ако не ролка ? И кажете ми боја некоја што ќе одговара на црните панталони или фармерките во комбинација со виолетовиот елек ?
Феминки, што велите за комбинацијава ?! И дали да ставам некој накит ?!.. Или да ги искомбинирам чизмичките со нешто друго ?