Анни мене комбинацијава некако не ми се допаѓа фустанчето ми гледа како летен материјал и не одговара со чизми некако е многу нежно за чизмите. Јас би носела фармерки некои со чизмите и кошулче така нешто
Aни мене ми се допаѓа со некоја голема чанта и некое интересно сако, дали тегет или кафено, јас пре би кафено сако и тегет чанта( но што имаш тоа)и комбинацијава би била супер за ова време, од блицот неможам да видам какво е горе но можеш на рацете да ставиш некои нежни розеви алки. Немора секогаш се да биде по пропис, на крај краева ако ти се чуствуваш убаво во тоа не треба да те тангира што ние ќе кажеме овде
Горе е во форма на "V" .. Инаку сако немам кафено, ниту тегет, но имам едно како кремаво (не баш толку светол крем, малку потемен)..
Ако е во V израз можеш исто некое ептен нежно ланче да ставиш, да не ти биде гол вратот, некое вакво Сакото на тебе и фурај, и не заборавај облечи си месо боја хулахопки, ама не од оние светкавине туку без сјај што се . И имаш совршена лежерно-вечерна комбинација со која да те видам на улица 100% ќе се свртам да те измеркам.
Девојки, хелп. Утре сум на свадба. Купив чипкен фустан, не целосно, ама има чипка на ракавите. Долг до колена, затворен како полуролка.Црн. Купив чипкени чевли. Е сеа имам закажано на фризер, а не знам с таква облека што фризура оди. Би сакала некоја ретро фризура. Имам шатирана коса. Ве молам да ми помогнете со слики
или само извиткај ја косата или нека ти направат најобична пунџа ќе изгледа мнгоу отмено,а ако напраиш некоја нападна фризура со чипката нема да стои баш најубаво..поздрав
Зошто е заворен фустанот ти препорачувам собрана коса.Нешто вака Или па и ако ти стои и одгговара со годините и нешто вака Многу ми се допаѓа втората баш е штосна и плус нема да ти смета косата
Девојки утре сум на свадба. Сакам фустанов да го носам, со овие штикли и обетки боја како штиклите. Црна чанта и црна алка. Значи без брош. Или вака повеќе ви се допаѓа? Или некоја друга боја на штикли да ми предложите.
Марамке, а да го ставиш брошот маалце погоре, таму каде што се преклопуваат лентите? Доколку не ти се допаѓа погоре, добро е и вака, ова беше само мала сугестија. Инаку ова ташниче не ми се допаѓа, некако светкаво ми е многу, ама си пишала дека ќе носиш црна па океј е доколку е така. А ако ги носиш вторите штикли, сепак поубаво би било ако ташната е во иста боја, за да делат од целата комбинација и да го размрдаат црново. И брошот да го изоставиш - јес да ќе биде малку празно, ама ако имаш некое во розе или слична нијанса на штиклите, стави го. Ама пак пробај си и која комбинација ќе ти се допадне повеќе носи си ја. Убаво да си поминеш и да ни ставиш некоја слика низ модните критики.
Јас би ти препорачала висока бујна пунџа, но средена и некои слатки обетчиња, ако си со локни, плетенки и сл. ќе бидеш пренатрупана, вака според мене чипката е доволна, па затоа по дискретна фризура, за да добиеш погламурозен изглед. Комшо слушај ваму, со првиве штикличиња мене ми изгледа по симпатично, со тоа што ташничево ако можеш како плик да го направиш, некако да му ја прибереш таа рачката, зошто е прекрасно, има некој несекојдневен облик но е доста впечатливо. А брошот јас би го извадила и би ставила неколку златни/сребрени алки, онака повеќе да дојдат, со оглед дека си ситничко, 3-4 би биле доволно, дискретни обетчиња, под дискретни не мислам на топчиња, туку некои по кратки. И фустанчево на карнери е а? Од кај го најде вака убавко, ај еден репорт ќе те молам . П.С. Леп провод и на двете в посакувам, може и на иста свадба сте .
Мене розевите штикли ми се прекрасни. Јас би го носела фустанот без брошот, црна ташна и розевите штикли.
Се сложувам. Без брож дефинитивно!!- Обетки , прстенче и топ ќе бидеш http://wesewfashion.files.wordpress.com ... artney.jpg http://drop.ndtv.com/albums/LIFESTYLE/l ... n-diaz.jpg http://fashionworld14.files.wordpress.c ... n-diaz.jpg
женски ми треба помош од вас значи ова фустанче сакам да го носам во дискотека и сега незнам со какви обувки и накит би можела да го искомбинирам ? и за хулахопки ваш предлог-прозирни или црни ? едит: што би предложиле од обувкиве?нешто како сандалите,како кратките чизмички или антилопските ?
Комбинирај го со сиво.И без ланчиња зашто има накит самиот фустан.И во тој случај прозирни хулахопки, само ќе си смрзнеш
Црни штикли, алки можеш црни и иста боја како што ти е фустанчето или само црни, а за хулахопки јас би проѕирни
Поздрав девојки. Веќе одамна сакам да искомбинирам црно сако со црни Converse патики, но не знам дали со фармерки, или со хеланки, не знам каква блуза... Што мислите вие?
Јас мислам со фармерки и некоја ролка или кошула поедноставна за на патики која би одговарала и со тоа сако-или едноставна блуза со голема светкава апликација напред на неа!
Не е баш прашањево за во темава али ај ќе ве прашам. Дали би ја носеле ташнава, оргинал е адидас и кај би ја носеле? Јас би ја носела али незнам кај..
Belieber можеш да си ја носиш и за прошетка низ град кога ќе бидеш поспортски облечена Инаку многу е убава ташнава