belieber можеш да ја носиш со фармерки и патики, со било каква спортска комбинација. Многу ми се допаѓа
здраво феминки се спремив за да испагам, си облеков маиЧка панталонЧиња и палте....ама ми дојде страв да ме ни студи и сакав да облеЧам џемперЧе врз маиЧката, ама единственото сто ми одговара во однос на боја е малку подолго од палтето. во недоумица сум сега дали би изгледало ок, или како надавано. ако имате мислење фала однапред
^ мене пак надаваното и тоа облекување во слоеви, ако е во мера секако, често ми делува доста шармантно. Ако го носиш со самодоверба и ако не се замараш со тоа подолго џемперче никој нема да ти замери! А смее ли некој да ти замери? Не се секирај ти и така си девојка со стил, гледај само да ти биде топличко
Девојки јас сакав да ве прашам дали уште со носат балетанки или ладно е за нив, имам убава комбинација што ми текна али не знаев дали ќе одговара со балетанки на ладново?
па комбинацијава ми е со фармерки со висок струк, кошула бутната внатре, тенко каифче и мислев балетанкиве- иста боја се и балетанките и ташната и каифчето
За утре, за во школо планирам да носам едни потспуштени тексас фармерки, може да се каже дека се раперски (ги имам постирано во Модни Критики ако некоја феминка ги има видено ) и едно кратко, тесничко џемперче што потсетува малку на винтаж ама не е. Ама зашто ова е кратко и фармерките се подспуштени, одоздола џемперот сакам да носам една тенка маичка со три-четврти ракави што долу има ластик и е подолга, и паѓа слободно.. леле ич не ме бива за објаснување. Долу ќе носам црно-црвени кожни старки а одозгора црвено палтенце од чоја кое исто потсетува малку на винтаж со златни копченца, го имам постирано во Со што да искомбинирам? Е сега, сакам да прашам да не ми биде ладно вака, и дали ќе ми стои џемперот со маичката, која патем е со малку потемна кремава боја, да не биде пренабрано и стуткано се..
имам ваков сличен капут само што мојот е црн,исти се копчињата како на сликата ама на крајот на ракавите и кај крајот на капутот кај половината има ластик и некако цел капут се собира на краевите прашањето е дали би можела да го искомбинирам со штикли затоа што не е како други капути што се пуштени надоле
^Знам за каков капут мислиш, имам такви јакни со ластик. Ако го носиш раскопчан, не би требало да биде проблем да си облечеш штикли. На закопчан малку почудно изгледа, естетски баш не одговара. А ако ти смета ластикот, земи рашири го или извади го, многу поубаво изгледа и многу повеќе можности за комбинирање ке имаш.
Во сабота сум на роденден во кафана кај многу близок другар и не сакам стандард црвено црна комбинација, одвратна ми е. Сакам да ги носам чевливе, си ги купив без да размислам со што да ги носам и ми треба помош. http://www.bershka.com/webapp/wcs/store ... Bstitching
Sephora направи некоја црвено црна и бела комбинација. Најубаво така искомбинирај. На пример штикливе со црни пантолони, бела блуза или кошула, црна јакничка или сако, и црвена ташна
1. LBD - little black dress 2. кошула бела,фармерки и црвен кармин 3. бело фустанче 4. сукња 5. ако сакаш поедноставен изглед како со косулчето,не заборавај да носиш големи ланчиња ама едноставни, како што е бувот.. иначе со црвените штикли одат следниве бои: црна, крем, тегет, ЖОЛТА!!!, или сина- обична. Сепак црвените штикли се украс па најубаво е кога тие се гледаат најмногу.
Сефора од мене имаш предлог за црвено-тегет комбинација во која можеш да додадеш и нешто бело... Ќе дојде во морнарски стил ама мислам дека ќе биде поубаво отколку само црно-црвена комбинација
Сефора јас би ги носела со нешто сиво, сино, крем. Со тегет и со црно е премногу честа комбинација. Или мене низ глава ми помина слика последното фустанче што го стави во модни критики со овие штикли. А јас да си прашам времево не е за балетанки, за со салонки ладно ми е, патики не носам, е сега - се чизмиве за на факултет со фармерчиња или од одма да си почнам со високи чизми? fajlovi/image/thumb/40786
Марамке јас вака најискрено што може ќе ти кажам дека девојките што се штиклосуваат за на факултет не ги сфаќам сериозно и смешно ми делуваат. Друго е на полна пета чизма, а друго е на штикла. Јас си почнав со високите чизми, така да од мене имаш за нив зелено светло.