Штиклите ти се мн убави и мислам дека се совршени за на фармерка-добра комбинација за на факултет! Сум против носење на салонки на факулет, особено ако се со некој специјален дезен(тиграсто ). Твоите се едноставни,не накинџурени. Во секој случај треба да се изгледа софистицирано на факултет, и плус не сме веќе деца, над 20 имаме па така да баш убаво ќе изгледа!
Марамке веќе чизми у велико се носат низ градов,така да слободно можеш да си облечеш ич да не се мислиш.Јас денес им ја отворив сезоната. Па и дека нови ми се ...пусти мерак . Сефорче јас имам слични од Бершка,само со отворени прсти напред. Немој да ги комбинираш со црвено никако.Акцесорајз некој да додадеш може,али тука да се заврши. Можеш некоја црно-кремаста,црно-бела комбинација,па само штиклите да ти се одвојуваат на пример. Исто кафено-кремаста комбинација убаво ми иде со црвена. А да...и ако си љубител на анимал принт,мене црно-тигресто-црвена комбинација ми е врв! Па и со златен накит,мххххх оргазми.
Maрама јас не би идела со 10ка штикла на факултет и не ги разбирам цурите што носат штикли на предавања. За мене факултетот е образовна институција, ние сме ученици сеедно што имаме 20 години како што рече некој погоре, а за мене тоа не е многу напротив малку е, не ни личи да одиме ко на модна писта. Почитувам полна пета и мало штикличе само. Инаку јас денес носев балетанки и приметив дека 90% носат веќе чизми. Јас смрзнав денес, што е нормално сабајле беше -3 степени, ако ова не е време за чизми не знам кое е Зимата ни дојде набрзина слободно носи си чизми и јас од утре ја отварам дефинитивно сезоната а жал ми што оваа есен беше премала за балетанки до пред 2 недели носевме сандали. Ама тоа е климава е шашардисана А Сефора јас би одела на накит или марама или сако или чанта црвена, а за другото поиграј си со боите. Немој да одиш во класична црно-црвена или црвено бела црна. Измешај знам дека одлично го правиш тоа
Sefora јас би ги комбинирала со крем + бело или пак со бело + сино или тегет ,а ми се допаѓа и сиво како одговара со црвено. Веќе видено ми се црно-црвените комбинации. Можеш со повеќе од 2 бои да играш нема да згрешиш . Спојлер [attachment=0]
Како да искомбинирам жолти фармерки? Знам дека им заврши сезоната (веќе наредната пролет ќе ги носам) ама сега се сетив на нив
Немора да значи дека ако се посветла боја дека им е завршена сезоната Со тоа што ќе ги комбинираш со џемперчиња, марами, шалчиња, сакоа, кошулки во поесенски бои (сива, кафена, црна, крем) со патичиња, чизмички па дури и штикли ќе ги вметнеш и во оваа сезона Спојлер
На пролет сум на свадба сакам да шијам фустанче во овој стил али незнам за неговиот изглед од позади..па решив да побарам совет од вас Кое ви се допаѓа повеќе...или ако имате некоја поубава идеа споделете ја со мене...фала
mene fustanot na vtorata slika mi e mnogu poubav od pozadi otkolku prviot..spored mene kako vtoriot )))
и јас сум за вториот ... но еве уште две идеи во тој стил , мене особено ми се допаѓа вториот од викторија сикрет (украдена фотка ) доколку се прашувам јас , јас би го одбрала овој -а ова е од напред
male сега ќе ти објаснам како те замислив Со вториов фустан, ланче со бисери, црни штикли 10ка, косата во пунџа, малце туш, црвени нокти Мислам дека ако бидеш така, баш ќе бидеш јака . Сериозно.
Може сликичка да постираш ако не те мрзи....накитот може секаков да е, зависи од материјалчето на фустанчето какво е, дали штиклите се салонки, чизми, имаат ли некакви додатоци-нитни, каивчиња, врвки....пробај пр. бисери...
Женски сакам да носам едно кремаво фустанче со тегетни и кафеави детали, кафеав каиш и кремави чизми. Е сега бидејќи е кратко а така во долниот дел широко ако се наведнам ептен многу ми се гледа долната облека и сакам да носам хулахопки потемни. Но со кремаво фустанче и кремави штикли баш и не ми оди да си ставам темни хулахопки, а кремави па ем светли ми се, ем не сакам цела во кремаво.. Што да се прави?
Многу е битно каков е горниот дел на фустанчето! Со прерамки-без,топ,затворено-отворено итн... Тогаш би добила вистински совети Спојлер п.с. мора со црни штикли да го носиш?
Да пробаш со кафеави хулахопки? Или тегет? Да бидат боите слични како кафеавите или тегет детали. Мислам дека на кремави штикли многу убаво стои и тегет и кафеаво ***Ајде и јас да си прашам црно-бела туника така како џемпер, со каков накит да ја комбинирам? Со долги ракави ми е...
^ Сега гледав некои слики со светли чизми и фустанчиња и темни хулахопки и добро беше. Планирам со кафеави, бидејќи и каишот ми е кафеав. Ќе видиме што ќе биде.
Фустанчето е горе во "V" .. Инаку не знам каква друга боја на штикли бидејќи штикли за овој период имам само два пара црни салонки, еден пар сиви салонки и едни црни чизмички до глужд на штикла..
Од двете фустанчиња поубаво ми е првото, иако се речиси исти ама кај второто не ми се допаѓа делот на рамената а и поубаво ми изгледа кога е полукруг позади. Мој совет дефинитивно шиј си го фустанчево, и за на свадба е а ке можеш и за излагање да си го носиш