Аничка можеш да искомбинираш со црно ланче ,онака некое по долгичко нешто вака а заа обетките некои исто така црнички и не многу долги
Annie.mk1 јас би го носела фустанчето со сиви салонки, и бидејќи ти е во "V" фустанот би одбрала од накит обетки и алки а можеш и прстенче да додадеш. Еве за пример една комбинација со такво (V) фустанче:
Девојки ајде ве молам ми треба помош за вечер за излегување, со каков накит да ја комбинирам црно-бела туника (риги) така како џемпер? Со долги ракави ми е...
Ти предлагам да употребиш впечатлив прстен поради тоа сто кажа дека туниката е на долги ракави .... и некои впечатливи големи обетки. Поздрав и се надевам дека ти помогнав Убав помин вечерва
Фалааа Инаку малку е специфична туниката и не знаев дали сребрен накит да ставам или пак нешто на црно...
Штом е специфична туниката мила ти предлагам да употребиш црн накит .... црното секогаш и во секоја комбинација изгледа гламурозно и ги сокрива сите пропусти,недостатоци.
Јас мислам дека многу убаво би изгледало доколку накитот е црвен.Баш како што рече ФенсиЛејди прстен и големи обетки но да се црвени да ја разбијат црно-белата монотомија А може и црвено црвило да ставиш (секако ако мислиш дека ти стои).Уф како ја замислувам комбинацијава
Луѓе, што се носи со мартинки? Широки или тесни панталони/ фармерки? И каква јакна/палто? Планирам набрзо да си земам, преубави ми се, ама немам идеа со што би ги комбинирала. Е, вакви:
Овие би ги носеле со некои тесни фармерчиња или хеланки во комбинација со преубави туники,џемперчиња надопоннети со фенси капчина и шалчиња Поздравче
Женски имам едни мн добри тигрести штикли со прсте отворено и на платформа, сакам да ги носам или со црн или со кремкав фустан ама незнам со какви хулахопки. Јас сакам со црни ама незнам дали кје одговара, другарка ми вика со месо боја зашо онака не било ок.Што мислите вие?
Може со црни,ама оние дебели што се скроз.И без рабови на прстињата,кога веќе штиклите ти се отворени напред.
Доколку ги носиш со кремаст фустан употреби месо боја хулохопки но немој со многу ликра(не изгледа убаво кога светкаат нозете многу) и додати гламуризен накит во светло златна боја,бронзена шминка и виткана коса.Секси комбинација