Леле не,ич не ми се допаѓа вака,бар мене. Многу поубаво и поелегантно би изгледало со друга еднобојна маичка.
Одлично и пре .... прееее секси Само уште да ставиш висока штикла по можност во боја или слична на суќната и ке изгледаш како од модните писти
Сукњата е малце како набрана нели? Ако е така тогаш не ми иде... Во главно анимал принт многу ми се допаѓа како одговара со црвена боја, но во конкретниов случај би било поубаво со некоја едноставна, црвена сукња. Ако немаш таква, секогаш можеш и со црна
Ќе ставев црвени обетки но немам баш такви за со таа комбинација (морам да купам). Инаку бев со црвени штикли, плик и палто секако разбиена монотонијата Фала девојки, што би правела без Вас...
1.Не ми се допаѓа блузата, Стави црна подобро. Наместо обетки стави ланче вакво како на сликата, а ако веќе ставаш обетки стави вакви и ваков каиш Се надевам дека ти помогнав...
Феминки! Хелп! На црна сукна и бела блузичка со ептен куси ракави (ставена внатре изгледа како комплет, фустанче) се мислам какви хулахопки да облечам. Имам едни со дезен црни скоро и да не се познава толку и едни обични црни ама тенки. На нога сакав чизми да облечам високи пошто сукната ми е пократка. Ајде хелп!
Си мислев да не сум многу во црно долниот дел, сепак чизмите црни и сукната исто... ама ќе се пробам и така и така па ќе видам.. tnx
сакам да искомбинирам црно фустанче и темно плави чизми до глужд каква боја на хулахопки да носам ? имам едни потемна плава од чизмите или пак црни ?
И јас мислам дека црни повеќе би ти одговарале , а можеш да земеш сина чанта со некој син прстен или ланче , обетики за да ти одговара со чизмите.
Бидејќи темата "СДП" е привремено затоворена, сметам дека е соодветно прашањето да го поставам тука.Прво да напоменам дека е ова чисто од љубопитност. Имам според мене интересен провокативен стил..провокатвно никако ала турбофолк певаљка која шета наоколу полу гола.Ме интересира што би мислеле да ме видите во вакво здолниште.Не сум сретнала некаде па за да си купам , но можам да си направам на шнајдер.Според мене не одговара за ова годишно време никако,кога воопшто би ја носела тоа би било во лето.Но, како што спомнав само сакам мислење
Стронгер сукњичево вришти СЕЕЕЕКССССССС, уште ако имаш облини и ако ставиш високла штикла ќе те спобркаат мушкарци. Интересно изгледа ама јас лично не би се осмелила да го облечам, а ако те видам во град има два дена после да те оговарам, да си знаеш
прво незнаев што е па кога прочитав здолниште ми стана јасно..според мене ова за на први април би било одлично но за секојдневни комбинации дефинитивно не.ако сакаш таков стил или како искинато вакво некое имаш интересни вакви панталони(хеланки)со широки маички добро стојат подобро тоа отколку ова.поздрав
Ќе кажам искрено шо мислам само да не ме испотепаат Дека вришти секс да . Ама за да облечеш нешто вакво никако не треба целутит( невкусно изгледа ), никако да ти се гледа долниот веш , и да не открива премногу .. Исто како на сликата ако е , тогаш да .. ако се гледа премногу не е тоа тоа . Грдо е и на ништо не личи . Значи ако е како на сликава јас немам ништо против . И нормално само преку лето