Ти ако имаш родители нема шанси да те пуштат вака да им излезеш од дома. Ти имај си провокативен стил на облекување, ама ова не е облека
Имам исти хеланки и ги носев со корсет- маичка тесна и не многу деколтирана, високи штикли кои одговараа на хеланките..страшна бев Ако смеам да се самопофалам би рекла дека имам баш тело за ова да го облечам и би го носела зошто да не.Мене ми се допаѓа.Но не се облекувам вака провокативно секој ден фала богу п.с не планирав отворите да бидат толку широки.
А тебе уствари ти се свиѓа сукњава што е од страните сечена, или ти се свиѓа затоа што многу „открива“? Ако сакаш ваква со искинато, мислам дека многу поубаво би изгледало ако под искинатово сошиеш некој материјал во друга боја, наместо да биде голо.
Интересна ми е како модел, не затоа што вришти секс.Првата намера ми беше одоздола да ставам уште подолга маичка од оваа што ја носи девојчето на сликата, мислам дека баш убаво ќе е за око ќе ѕирка од отворите.Не би било лошо и да се гледа малку кожа, но дефинитивно не дотолку да ѕиркаат гаќињата.Не би одела на таа варијанта да сошијам некој материјал,вака како што планирам има повеќе простор за креативност, ќе можам да ставам маички во разни бои кои не чинат многу и секогаш ќе имам нова комбинација
Маја ај малце посмиренко! Да го поставеше истото прашање некој друг кој добро се покажал во темата ,,модни критики,, верувам дека на гз ќе падневте од перфектната идеја, но бидејќи прашањето во врска со модата го поставува девојка која и не се форсира со свои комбинации на форумот веднаш ја напаѓате со прповеднички реченици ,,Ти ако имаш родители нема шанси да те пуштат вака да им излезеш од дома,, Се мајки Богородици по форумот, а излези во дискотека која со минич до пич, која летва пијана, која деколте до папук! Ако не ти се допаѓа идејата на XstrongerX пиши и дека не ти се допаѓа и поштедине од излишни коментари! Иначе XstrongerX мислам вака на голо нема да ти биде најумно да ја носош оваа специфична сукна, а идејата со малце подолга маичка можеби и не толку лоша,само треба да се проба! Јас не би ја носела, не мој стил!
Стронгер мене многу ми се допаѓа што сакаш да бидеш поинаква и што фураш таков провокативен стил. Мене ми се допаѓа, можеби би ја облекла и јас кога би експериментирала. Плус верувам дека нема да ја направиш толку кратка, затоа што ако забележиш на девојката и се гледа малку задникот. Од мене имаш палец нагоре. Јас би сакала и да видам како си ја искомбинирала.
Должината би била колку како и кај класична пенкало сукња , некаде над колено ..и исто со висок струк.Мене баш ми е штосна и интересна,несекојдневна а јас сакам несекојдневни парчиња.Значи до вкус е кој колку има храброст да експериментира со гардеробата и стиловите
Марама морам да ти кажам дека многу ме изненади со мислењето - позитивно се разбира . Го гледам лајкот и си викам температура има девојката Стронгер ете и самата кажа дека не би било кратко и не би било толку искинато , јас не гледам ништо страшно а искрено ни невкусно . И јас би сакала слика да видам кога ќе се реализира комбинацијата
XstrongerX мене ми се свиѓа и би ја носела, само не баш ваква, малце подолга барем задникот да го покрива, кај девојкава на сликата ни тој не е покриен, значи барем 4 прста под задник и малце помали тие исечените, друго се ми се допаѓа, дури јас и не би ја носела со таква долга маица, туку со ваква обична како што е кај девојкава, ама да е таква како што кажав погоре. Се на се, ми се допаѓа :up:
Мина, јас си кажав свое мислење кое не беше во негативна конотација, ако гледаш и смалји има што значи дека беше кажано добронамерно, а не луто. А ти посвети се на пишување на твоето и поштеди ме од коментар за мојот коментар. И многу се нервирам вака кога ќе и искоментирам нешто на некоја феминка, таа добро ми го прифаќа коментарот, но секогаш се наоѓа некој „паметњакович“ да се направи добрата вила. А темата за модни критики и не ја посетувам многу многу, и воопшто не го градам мислењето за некого според начинот на облекување . Без разлика дали се форсира со комбинации или не, коментарот ке ми беше ист.
СУПЕР Е суќната значи... само не е баш сега по студојте.. за во лето ДЕФИНИТИВНО и жива сила да не е*еш
Далеку од светица сум ама вакво нешто не би облекла, Едноставно премногу открива и не остава ништо на фатазијата, да искочам и да може цел град да ми го види цел бут нема шанси. Стронгер јас би те советувала да размислиш пред да излезеш ваква од дома затоа што премногу вулгарно изгледа и нема убав впечаток да оставиш па макар била ти уникат колку сакаш. Ова е мое најдобронамерно мислење, ама и пред мтв се поприбрани зборете што сакате.
Стронгер јас имам многу подобар предлог од здолништево. Зошто не си направиш фустан? Јас имам сличен црн фустан, обичен класичен, со дебели прерамки и вакви дупки од рамото па надоле. Но за него имам и 3 различни постави во различна боја. Значи фино лепо си облекувам постава, фустанот од горе и многу убаво изгледа. Мене ова здолниште ми е ту мач. Почитувам стилови и секакви варијации, смелост во комбинирање и све тоа, ама ова вришти: Дојди и е*и ме!!! Нема грам елеганција, ниту женственост и за мене е невкус!
Имам фустан скроз ист како овој: И сакам вечер да го носам на слава. Арно ама, жолто никогаш во животот не сум носела, а и не е некоја јака жолта боја и не знам со што да го искомбинирам. Боја на хулахопки? Чевли? Накит? Збуњена сум, помагајте друшки!
Убаво ќе биде ако имаш тиграст каишч тенок,да го ставиш на фустанчево ,на половината негде.Ако не може и кремаст или кафеав. Со кафеави хулахопки на пример и црна штикла,или обратно.Па можеш после ташна каква сакаш да ставиш. Спојлер
^^ Саја ... Фустанчево како вакво е преубаво ... Јас не би го натрупувала со додатоци . Само по себе е нежно тоа е поентава , нежна боја , и по самиот крој се гледа дека не ми е за многу марами, кајшеви па и нападен накит. Јас би ставила понежно ланче и Добра Штикла и за чанта ... плик кафен ќе добра опција . Предлозите на Мисс се ок ама ова ми е друг модел кој не дозволува вакви модификации . Ризикуваш да се изгуби смислата и вака изгледа префинето . А сега за мене ... Имам сомотни парчиња што ги ископав некаде во плакарот . Се носат ? Конкретно преубава сукња , и палто , Еве како оваа на сликава многу слична . Би ја комбинирала со блузичка поедноставна ени ајдиас ?