Конечно ги имам срцкиве Harley Davidson баш истиве како на сликата, ( може малку повисоки се ), па би сакала да слушнам ваше мислење за тоа дали да ги носам на факултет И некоја идеичка за комбинација ако може,I'm out of ideas
Kaко може да купите нешто,а да не знаете дали и како да го носите? Harley Davidson се плус! Со најобични фармерки, немора само цевка, може и малку поширочки.. Спојлер
Леле, само со ролка немој, жити се. Многу ми е, не знам, неубава таа комбинација. Би го носела џемперчево со бела, кафена, тегет кошулка. Уште ако има фалтички, нешто, укравчиња, супер. И не го врзувај, нека виси од страните, само како наметка носи го. Ама со ролка, јок.
Јас би ги носела со црно кожно палто и кожна чанта, можеш да комбинираш со туники, џинс, кратки сукни, хеланки..за боите, пошто се црни, можеш со црни, како што наведов, бела боја, кремава, црвена.. изборот е твој, зависно од тоа каква гардероба поседуваш.
Damn it, Одма да ме искарате ! Плачам за нив две години и конечно ги имам, прашав за мислење дали да ги носам на факултет,да не се ту мач и за некоја по свесна комбинација што би поминала на ФАКУЛТЕТ покрај секоја втора што е на штикла. Фала женски, ми се допаѓаат идеиете за на хеланки, баш ке пробам како изгледа.
Девојки, имам ваков сличен џемпер Спојлер е, сега, што мислите, дали повеќе би ми одговарало да го носам со бела блузаичка од доле, со тексас трициклисти, сиви хулахопки и бели чизми/патики ИЛИ бела блузичка од доле, фармерки, и бели чизми/патики? Спојлер ^ тие од лево
Ако е подолг, мислам дека со тесни фармерки ќе стои добро, трициклисти јас не би комбинирала со долг џемпер. Може да пробаш со хеланки, мислам дека добро ќе стои во секој случај (ако е доволно долг). Малку ми изгледа поспортски но не би го носела со патики, туку со чизми рамни мислам дека ќе бидеш 10-ка! А горе со тесна боди маичка по долги, или тесна ролка
Вакви бои дефинитивно идат со кремава, тегет, кафена, бела и портокалова боја. Изборот на облека е твој, но мислам дека повеќе оди со дводелна облека, или со туники, со фустанчиња не би ти препорачала. Можеш со фармерки, туника и хеланки, панталони, каиши во вакви бои, исто такви чанти, сукни, шалови, марами, накит исто... едит: исто така би ги носела со мантил, тегет или кремав... прекрасно би стоело btw чизмичкиве се топ!
Си купив едно ко палтенце ама не е ни платенце, кој знае што е. Мора под него нешто да се носи т.е зимно време и над него Ми се виде интересно, а и ефтино беше. Е сега освен со сиво, црно, бело, црвено со што друго да го комбинирам? Еве какво е, на сликата само ракавчето што е најубаво се гледаат боите и златните копчиња. Плус копчињава ме бунат за накит
Марамке од далеку изгледа сиво, па можеш со многу бои да го комбинираш, скоро со сите. Кремасто, сино, зелено,бело , црно... А бидејќи има златни копчиња, јас не би носела сребрен накит, златоно и сребрено истовремено не ми се комбинираат, можеш на пример црн накит
Марама, имам ист шaл како твоево палтенце, и јас го комбинирам со истите тие бои! Јас не носам црвено ама одоговара! крем исто е добра варијанта и светло кафено, пример чизми! и мислам дека е плаво а не сиво, така изгледа од светлото на сликата! П.с можеш да си го носиш како Blazer, барем мене така ми личи
Спојлер Јас мислам дека убаво ќе биде со крем боја и кафено,баш и дека има златни копчиња можеш да додадеш некое накитче на златно (обетки,алка) или па со корално црвена исто така со златен накит.
Лесно решение, ако не ти одговараат копчињата, можеш да си ги смениш. Ако имаш дома стари, од стара облека, или пак купи си и смени ги. Можеш црни, сиви, бели, или пак некои поголеми впечатливи. Комбинирај го ова палтенце (или што и да е) со некој шал во тегет, сива, темно лилава боја, или пак шарен во овие нијанси. Инаку мислам дека е повеќе за дневна комбинација, за со џинс или пантолони. Исто така ми се допаѓаат и комбинациите од феминките погоре.
Девојки добив една сукња на поклон,е сега тесна е,до под гради нагоре и надолу над колена едно 4 прсти.Црно бела е,сакам да ја однесам на фарбање и да ја направам црна цела.Што мислите ќе ја биде за носење или не е убава?
Да ја фарбаш? Не бре девојче зашто се сте се научиле црно црно и само црно. Супер е сукњата баш ми е убава, со палтенце, со блузи, ролки, рамбовки, кошули и пред се можеш со секакви бои црвена, жолта, сина секаква блуза да носиш. Црни хулахопки. чевличиња. Баш типски комбинации може да излезат со сукњава. Мене никогаш не би ми дошла идеја да ја фарбам, преубава шара има.