Што материјал ти е сукњата? Инаку и мене ми се допаѓа, баш е типска, плус и со висок струк, ја си би ја комбинирала со рамбовка и болерце, а да е целата црна не би ми се допаѓала. Исто и шарката баш ми се допаѓа, многу ќе седи добро горе со бела, црна или црвена маичка.
И јас мислам дека не е лоша шарата, јас дефинитивно би ја носела. А каде ги носиш да ти ги фарбаат чисто информативно и колку чини тоа?? Имаш голем избор за кобинации, со кошула, блуза и не мора секогаш само бела и црна, не е грев да има поише од две бои во комбинација, барем јас не се ограничувам сега зависи како ќе стои, тоа е најбитно!
Не ја фарбај, убава е вака. Можеш да ја носиш со црна ролка, кошула со карнери и слично, а притоа белото ќе разбие монотонија.
Ајде женски давајте некој совет. Си ги купив овие чизми пред некој ден, е сега незнам точно со шо да ги комбинирам. Отприлика ако може помош за некои комбинации со нив , палто, ташна..... http://www.timberlandshoes4u.com/Womens ... e_516.html
жени јас да ви поставам едно питањце, дали вие би го носеле ова чудово, поклон ми е од една тетка од австралија ама никако да се наканам да го облечам, нели сега не би го носела без хулахопки, хеланки, што и да е под него
Јас пред нешто да купам секогаш си комбинирам со што ќе го носам, за да не се најдам во некоја дилема... затоа за друг пат... Вакви чизми не се во мој стил, Спојлер повеќе ми се машки не знам зошто но би те советувала да ги носиш со тесни фармерки, шал обавезно, кафено или кремаво палто, хеланки, голема ташна со иста ваква боја и по можност да е за носење настрана... Се надевам дека ти помогнав. @Bajaderka Добро си го комбинирала со кафен каиш и чанта, но некако не е мој стил ниту моделот ниту шарката, а и малку е широчко.. така да не знам што би те советувала...
Бајадерка мене многу се допаѓа фустанчето, убави шари има, би го носела со хулахопки црни на пример со салонки или чизми, што знам можеш и со друга боја на хулахопки да искомбинираш (портокалова,плава) мене ми е интересно така си замислувам некако ама незнам како ќе биди
Bajaderka, секој си има различен вкус. Јас искрено би го носела, зошто да не, не е прекусо, не е предолго, шаренко е ама убаво е според мене
поединеЧно парЧињата ми се допагаат, али во оваа комбинација некако ми е премногу. фустанЧето ми е преубаво, претпоставувам дека материјалот е незен а и боите се доста свези. јас не би одела на кратка козена јакна(иако е преубава), некое сако или џемперЧе би ми било посоодветно. истото би го препораЧала и за обувки.летно време со сандалки, салонки или сега некои незни ЧизмиЧки со глуздови.
Jaс би те советувала да облечеш хулахопки во месо боја и некои штикли ама не многу високи во разиграни бои (зелени,жолти)
Купив тески фармерки со висок струк ... ама појма неам како да ги комбинирам ама може помош фала од напред
Многу ми се секси фармерките со висок струк, но за жал не стојат на секого (посебно не ако имаш надуен стомак). Јас би ти препорачала да пробаш со некоја кошулка во фармерки, по можност со три-четврти ракави, добро прилега, и убава салонка по можност црна.
Можеш многу комбинации на направиш, со кошула, со обична маичка од оние со набрани раменици, со некој интересен корсет и сако одозгра. Зависно од тоа што ќе носиш со еднобојна кошула многу ми иде мене да ставиш некое долго ланче со бисерчиња или слично превиткано 2 пати. На нозе многу ибаво ми одат овие фармерки со салонки, но можеш и со чизмички до глужд било ниски или со штикла. Пробај, убаво што си купила, експериментирај, ќе направиш убави комбинации
@Rose96 Супер би седело на вакви фармерки ако имаш палтенце ама кусо, онака како болерце (подебелко пошто е ладно ). Така ќе ти дојдат до израз фармерките дека се со висок струк.
Дефинитивно нешто што ќе го пикнеш во нив за високиот струк да дојде до израз. Мене премногу ми се допаѓа комбинација со кошула. Можеш и со друга блузичка, памучна... И некое пократко палтенце. И ако носиш високи штикли, тогаш салонка по можност црна. Или пак чизмички до глужд.
А што е ова, палтенце со куси ракави или нешто како елече? Не се гледа баш добро... Секако дека се носи, само деколтето е многу..., така да... маичка одоздола...
палтенце со куси ракави е само што кај мене место каиш имам како врвка,со маичка ќе го носам обавезно само ме бунеше дека е со кратки ракави
Епа штом е така тогаш ти препорачувам маичка како што кажав за топло да ти биде , а за одозгора ќе го носиш со стандард капутче подолго, да не се гледа палтенцето одоздола. Мислам дека е веќе соодветно време да почнеме со капути и подебели јакни, сепак навечер е брррр Ај да си прашам, дали мислите дека одговара 1. комбинација кафеава боја со лилава, ама темно лилава, да тепа накај виолетова? 2. комбинација бела со примеси од кафеава и истава ваква виолетова? Еве слика.. некоја нијанса потемна од оваа....?