Можеш со капут за до таму,а на свеченоста ќе си го соблечеш капутот или какво и да било палто што ќе носиш...а инаку убаво би стоело и со некое сако да го носиш..каква боја на штикли ќе носиш,таква боја и на сако облечи си,мислам дека супер ќе стои
Jas lichno gi ovozhavam koshilchinjata i imam bezbroj doma sho nemam vreme da postignam site da si gi iznosam ko sho treba, ali najchesto si gi nosam so farmerki i startki, a vrz koshilcheto ponekogash koga mislam deka e premnogu obichno si stavam nekoe tenko kaishche i super izgleda a odozgora si nosam kozhno palto [mod-kirilica:2mvhf31x][/mod-kirilica:2mvhf31x]
Само со сако, ако имаш...струкирано и со едно копче да е. Штом ти е црно, тогаш не ти препорачувам да носиш црно сако, ако имаш барем со сиво...
Најдобро ти е сако.По можност сакото и штиклите да бидат иста боја.Штом фустанот е црен тогаш одговара секаква боја и зависи што ти имаш на располагање.Јас би ти препорачала кремава или црвена
Имам вакво фустанче (како црното) ново ми е го немам носено до сега. Е сега не знам дали да го носам со прозирни холахопки, или со некои црни со дезен а да не изгледа презатворено? И имам само црни обувки како чизми до глужд и обични салонки... И каков накит ..некои предлози?
Дали има нешто на фустанчето или пак е скроз црно? Ако ти е скроз црно тогаш можеш да одбереш хулахопки со дезен, но имаш разни видови така што не мора да значи дека ќе бидат скроз црни. Баш земи разгледај од каталог од пенти (да не ти пуштам линкови, ѕирни на гугл) ќе видиш има преубави со шари и нема да изгледаш цела во црно. Инаку ќе ти стои и со салонки и со чизмички, а за бојата на накитот можеш да смениш, стави сребрен накит, бел, сив, црвен, кремав. И по можност да имаш такво палтенце или болерце. Јас го замислив фустанчево со бели бисери околу врат и такви бисерни обетки!
Епа имаш среќа зашто фустанчево може да се носи на секакви хулахопки И на подебеллки и на потенки и дезенирани и не, и проѕирни и црни и во боја и чипкани... Како што ти кажа Ема, разгледај ги сајтовите и на Пенти и на Калцедониа, провери и во Санда и сигурно ќе најдеш некој модел што ти се допаѓа. За црни фустанчиња е секогаш најлесно да се најдат хулахопки
Ќе си најдеш хулахопки дезенирани убави, и салонки облечи по можност, кратки чизми не ми се за на ваков фустан. Сако подолго, и една огрлица. Значи не привезоци него кратка, околу врат, покрупна, и готово.
Јас мислам дека ако ги носиш тие чизмите шо ти се до глужд да носиш тенки хулаопки оти ако носиш дебели или дизајнирани на целиот фустан ќе бидат забележливи најмногу хулахопките, а ако сакаш да носиш црни салонки тогаш дефинитивно дизајнирани хулахопки за подобар вшечаток. а што се однесува до накитот или некоја впечатлива голема огрлица или некои големи обетки заедно со добра белезица.Јас сум сепак за вторава комбинација. Фустанчето е преубаво и стварно е жално ако не го искомбинираш правилно.Тоа е мое мислење .
Jaс мислам да облечеш прозирни хулахопки, не црни и чизми. Можеш да го искомбинираш со каков накит сакаш. Може со сребрено или со црвено, розово, кафено .. секаква боја ќе ти одговара со фустанчето. Тоа е мое мислење. Поздрав.
На школо планирам да носам фармерки црни патики со сиво и еден блузон жолт ваква му е должината како на сликата само со патент е Спојлер , и на него има сиви ѕвезди. Па сакав да прашам дали ќе одговара со бела маица одозгола на неа нешо испишано со сиви букви? Побрзо ми треба одговор
Памелче мене ми делува тоа премногу шарено. Пробај со некоја еднобојна маичка одоздола: сива, црна, тегет или бела.
За две недели сум на свадба.Мразам такви свечености. Треба да се појавам во веројатно единствениот фустан кој ми се допадна по долго шетање. Моделот е најсличен на овој Бојата е за нијанса потемна, поточно ваква Си купив и исти такви салонки.Незнам со каков накит да го комбинирам.Црно не доаѓа во предвид незнам зошто но некако не ми се вклопува во целата комбинација.Планирам да носам плик ташна но незнам во која боја
XstrongerX мислам дека би можела да го искомбинираш со нешто потемно кафеаво, накит, ташничка кафеава. Како девојката на сликава од лево. Мислам дека добро би изгледало.
XstrongerX, фустанчето е во неутрална боја, така што дозволува секакви експерименти со поживи бои. Можеш да додадеш тука-таму некој црвен детал па и чантичка, убав е и предлогот на девојката над мене, можеш да одиш и со сива чанта, сиво тенко коланче (доколку моделот дозволува вметнување на такво), а те замислувам со мали бисерни обетчиња и косата соберена во опавче (врзано со праменче коса), или бушава ниска пунџичка. Можеш да ставиш некоја алка која ќе биде во склад со накитот, а ланче јас немам во пракса да носам со голи раменици, ама како сакаш - нека биде ненападно.
Јас би одела на оваа варијанта, со крем штикли и накит во друга боја (можеш да ја избереш секоја боја, нема да погрешиш).
Девојки ми треба помош. си купив суќна како оваа само темно сина боја,пократка со машна на струкот и такви поголеми џебови. Како да ја комбинирам? Со ниски чизми,штикли? Црни,кафеави? Џемпер,блуза? Која боја?Дали да носам хулахопки и какви?
Блузончето баш го покриваше натписот инаку беше бела а инаку вакво носев бело џемперќе врз амичката, тоа го оставив за друг пат
XstrongerX точно е дека оваа боја дозволува да вметнеш некоја боја што ќе вришти. Јас би одела со црвена плик чанта. И тоа со вишна црвена боја. Многу отмено ќе делуваш. Или пак со кралско сина.