1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како да искомбинирам...? (помош од Феминки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од FBI, 27 декември 2010.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    А ако сакаш да не изгледаш многу отмено тогаш циклама плик чанта или темно зелена. Иако се согласувам целосно со Старфиш за темно црвена.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  2. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    1.151
    [​IMG]
    Нема промашај, бордо/темно црвено пликче, повеќе од одличен предлог е. :)
     
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Многу ми се допаднаа холохопките на марама во последната комбинација и ми текна дека имам и јас бели обични. :) :wasntme: Си мислам, колку би одговарало да ги носам со мал црн фустан со кратки ракави до лактите... :?: :?: ама не знам со какви обувки и ташна. Некоја сенф боја плик, и тенок колан, м? Некои други предлози? :?:
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Ме умисливте со беливе хулахопки.
    Јас не сум им фан, воопшто, преферирам шарени. Беливе се потешки за изведување затоа што се неутрални и бараат поголем микс на бои.
    Јас би комбинирала со есенскиве бои тегет, кафеаво, крем, сиво, бордо и темно зелено. Не би одела со други живи бои од причина што бела хулахопка ми вришти зима!
    И секако, мислам дека убаво ќе легнат со принт, ама не многу нападен.
    Еве неколку предлози, мислам дека може да се црпи инспирација. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Овие се големи, затоа одат во спојлер:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    црни кожни панталони-комбинација

    со што би комбинирале кожни панталони цевка?...би ги носела со штикли...
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Прво што ми падна на памет, бела кошула, од оние свиленкастите, напикана во панталоните.
    Секој лелеав, лепршаст топ , убаво ќе стои како контраст на кожните панталони. Значи поважен е материјалот на маичката, одколку моделот.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Утре имаме средношколска забава. Е сега ќе носам црн фистан со кратки ракавчиња, некаде до колена е, на нозете ќе носам црни салонки. Што накит, какви хулахопки?
     
  8. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    Пошто си средношколка, а јас не сакам премногу озбилни комбинации, би те советувала да облечеш хулахопки во боја, лила, сини, окер , какви сакаш.
    Накит можеш нешто сребрено да ставиш, ланче или обетки. Не се кити многу.
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Се сложувам со starfish хулахопки во сина, лила. И накитот нека биде иста боја како хулахопките и црн, но не претерувај многу со накит доволно ти е едно ланче и прстенче :)
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Би било ли ок да облечам цветен корсет и висока црна сукња и доле чизмички на штикла до глужд? .. некако се мислам за цветниов корсет...дали да го облечам, незнам дали иде некако сезонава или поише е за во лето тоа :^)

    И да прашам се носат ли сеа на времево штикли со отворени два прста напред?? :D
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски

    Супер би било, па ако е есен не значи се во црно и кафено да бидеме.

    За прстиња отворени искрено се мислам и јас ама со некоја хулахопка во убава јака боја. Има една девојка од мое маало кој совршено комбинира хулахопки со такви чевли.
     
    На passion.for.fashion му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Девојки ми треба ваша помош околу избор на копчиња. Имам капут, многу сличен модел и боја со овој и сакам (т.е. решена сум) да ги сменам копчињата на истиот. Дајте некаков предлог боја, модел или форма што убаво ќе изгледа на него и се разбира може да се најде тука.
     

    Прикачени фајлови:

    • coat.jpg
      coat.jpg
      Големина на фајлот:
      32,6 KB
      Прегледи:
      351
  13. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    584
    Можеби потемни или посветли од бојата на капутот,а за форма на копчња најубаво е да си видиш во продавница или пак на тезга од каде што ќе купуваш :)
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    ^ Според мене многу модерни се капутите со големи копчиња. Ти предлагам големи копчина, а за боја темно крем.
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Јас би одела со истата боја ко капутот или ако сакаш да имаат некоја шара повторно основата нека биде таа боја да речеме мешана со бело. Преубави копчиња имаш на Битпазар т.е веќе женски би дошол ама кога влегуваш од страната со коцки, не од главнана улица. Ме сфати нели? :wasntme: :$
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Стави големи, округли копчиња.Што се однесува до бојата избери според тоа каква боја на чизми, шалчиња, ракавици имаш за да биде комплетно :)
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Според мене и златни копчиња да ставиш би изгледало убаво, елегантно...
     
    На marama и Artemission им се допаѓа ова.
  18. StillChild

    StillChild Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    4
    феминки, за вечерно излегување планирам џинс со најверојатно поелегантна, а сепак едноставен модел на црвена тенка блуза со долги ракави....е сега проблемот ми што имам бели чевли со дрвена платформа(звучи лошо ама ок се , не се мн високи :( околу 5 цм) и тотално бела поедноставна чанта за преку рамена, би дидала и обетки со бели детаљи....исто така незанам што шминка би требало, дали да ставам акцент на усните или очите, т.е каков кармин (само не црвен)
    и имам кожни палта, темно плаво и друго неколку нијанси потемно од бојата на кожата. И сега сета сум во прашалници. Совет, ве молам!
     
  19. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Според мене бела и црвена нијанса не се нешто нај-нај. Би одела со друга боја чанта и чевли. Е сега, ако веќе сакаш тие да ги носиш, стави некои дрвени обетки или алки . Немој бели. Ќе биде како униформа. За шминка јас би одела со традиционална варијанта: црн туш и црвен кармин. Се надевам помогнав. :)
     
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    StillChild некако времето не ми е за бели штикли :) Смени ги чантата и штиклите.Ако имаш кремави или кафени штикли искомбинирај ги со кремавото палто.Стави и кремав накит и ако не сакаш црвено црвило тогаш стави понежно а очите повеке истакни ги :) Ако пак немаш вакви парчиња на располагање тогаш оди на црно, претпоставувам имаш :?: Со црни штикли,чанта,накит може да го ставиш плавото палто :)