Марамке , ако имаш замислено како можеш и со што да ги комбинираш црвените можеш црвени . Јас лично ете не зошто би немала со што . Исто ако имаш кремасти тогаш земи црвени Јас би кремасти
Јас сум за кремасти Туку ти си знаеш каква гардероба најмногу имаш и со кои ќе имаш повеке избор за комбинирање.
Јас сум за двата ама овој месец се нема парички. Мислев црвени сега зошто поретко се наоѓаат, некако не е хит бојата оваа сезона, а кремасти ќе има и наредните месеци.
Црвени и точка. Секој втор носи кремасти, а црвеноте се по шик, и подоври за разбивање на црни, кафени и други темни комбинации. И комшо кај ги најде и што моделче,ај плис пиши ми во лп .
Црвени. Секако, ако имаш со што да ги комбинираш. Оти сите веќе носат кремати Инаку ја кога би бирала за мене би земала кремасти оти немам нишо црвено
Ај да ве прашам и јас нешто Ова џемперчево го имам земено од Кара пред 4 години и го имам само 2-3 пати облечено тогаш, е сега дали да го облечам сезонава пак или да си седи во плакар уште Да не изгледам како лампион, заедно со новогодишната атмосфера која не очекува Плус овде го имам искомбинирано со крем маичка одоздола, бидејќи што немав со што друго одоздола во моментот......напред е такво отворено и паѓа, а долго е до пола задник, не е за хеланки и деловите каде што е златното се проѕирни. Ако се носи сеуште и не е срамота да го облечам, предлог за комбинирање :geek: зашто е многу нападно некако само по себе
Go-Girl јас би ја носела и би ја комбинирала со бои кои нема да дозволат да се истакнува многу. На пример одоздола црвена маичка со црно палто, или кафена маичка со црвено палто и обавезно внатре во фармерки или во сукња и без ланче.
Гоу се сложувам со Артемисион. Облечи нешто за да паѓа во очи само џемперчето Не би изгледала како лампион , баш видов пред некој ден комбинација од една блогерка со сличен џемпер. Можеш со фармерки , а под џемперот некоја не многу шарена блуза . Не си требала да го запоставиш