Јас не би го носела. Не ми се допаѓа, а и млада си за вакво. Мене ми е за теткици со над 45, 50 години.
Ок девојки, фала на одговорите Не е баш ко на сликата, сакав само да ви доловам дека е крзнено и дека бојата е таа и таа и ми праи проблем,иначе моето е кратко и многу поинаков современ модел а тоа дека е за старки нема везе пошо низ цело Скопје такви се продаваат Секој со свој вкус нели
Катенце не се лути одма, ти рече дека ти е светло и сл. не кажа дека е поинаков модел, тој модел на сликата е навистина за повозрасни жени. Ако бундичето е пократко, можеби струкирано, или со некои детали што го прават помладалачко бојата не е никаков проблем, баш е убава, односо убави се нијасните. Комбинирано со кафени фармерки, некои добри штикли и поедноставна блуза/ролка/кошулка би било супер комбинација.
Јас би го носела, секако ако е струкирано, баш има добри комбинации и си нема врска со теткици. Баш теткиците не носат анимал принт, но сепак секој со свој вкус. Инаку баш убаво би стоело како што го опиша со крем комбинација, црвена исто така.
Такво палто е must have оваа сезона, убаво е и можеш доста комбинации да направиш со него...Еве ти предлог од мене...И да, јас би носела такво нешто.
Како да ја искомбинирам оваа сукња? Бојата и е нешто портокалова на црвено. (не е така светла како што се гледа)
Баш е убава. Комбнирај ја со сиво, бело, крем.... Ете пошто е зима, може како Марама да пробаш со бели хулахопки.
Милион идеи ми доаѓаат за комбинирање. Преубава е сукњава прво да те прашам од каде ти е? Погледај ги комбинацииве (сукњата не е иста, но е слична) http://www.polyvore.com/baby/set?id=38895224 http://www.polyvore.com/mango/set?id=39157369 http://www.polyvore.com/smell_roses/set?id=38773205 http://www.polyvore.com/catch_my_heart/set?id=38566386 http://www.polyvore.com/riri/set?id=38566977
морав во ново мислење затоа што повеќе страни не ми дава во едно мислење http://www.polyvore.com/fall_mustard_ke ... d=38714344 http://www.polyvore.com/untitled_126/set?id=39025250 http://www.polyvore.com/intelligence_is ... d=39112044 http://www.polyvore.com/untitled_224/set?id=38722654 http://www.polyvore.com/santana_lopezs_ ... d=39275113
со што би комбинирале вакви фармерки? дали повеќе би одело со црни штикли или како карамел боја нешто понежно кафеаво?
Мислам дека убаво би изгледале и со такви и со такви. Може и со црвени, портокалови... во комбинација со кремаст горен дел и црвена или портокалова ташничка...
Jaс сум за црни, но ако имаш црвени уште поубаво. Многу ми се допаѓа таа комбинација плаво со црвено. Сепак ако немаш црвени искомбинирај ги со црни повеќе одговара одколку со карамел боја.
Девојки ај помош како да искомбинирам. Сукната е таква боја како кошлата и не е широка(како сукната на сликата) туку е тесна и со копчиња така како на сликата. Инаку сукната е од мајка ми кога била млада и не знаев како да ја искомбинирам, но сега сакам за викендот да ја облечам.