девојки ајде и јас да ве прашам за мислење, па и совет нормално санота сум на свадба, па си сошив фустанче слично моделче и боја како сликата, е сега дали одговара да со носам со вакви бели чевли, и бел бисеран гердан како овај?и што би ми препорачале за од горе да носам, болерце, некое елегантно шалче или? фала
Затоа што кратко,фалш, крзнено палто единствено ме асоцира на Бугарки и нивниот стил да го наречам. Такво палто како што е на сликата за мене е невиден кич и или го носи девојка без вкус или милфица. Е,сега на пример тоа палтото што го покажа МаксиМакс е сосема поинаков модел и е интересен,ама таа слика што одеше заедно со палтото е за в кафана и да ја отвораш устата на микрофонот на некој муштерија.
Можеш со кафена,нели кремасто и кафено одат А,според мене ќе ти оди и со оваа Teal боја не знам како да ја кажам на Македонски,ама еве сликичка И со лилјакова Спојлер Освен таа последната,малце ми мава на плаво..
Сериозно? Крем одговара речиси со се. Црвена, тегет, темно зелена, лила..... Раководи се по нијансата на панталоните, мешај, комбинирај.
passion.for.fashion јас имам доста кремасто и најинтересно ми е за комбинирање зошто со скоро се иде . Најубаво ми е со кафено кога комбинирам . А бе не може да не се комбинира ако ти изгледа тебе убаво , нели Јас по тоа се раководам . Ако сум убава кога ќе се видам во огледало значи одговара
Доста грубо од твоја страна. Не треба човек да биде толку ограничен и кога отиде во друга држава, односно Бугарија да не оди само во ефтини кафани, а да се прошета малку и низ центар А сум почти сигурна, дека не си одела во Бугарија, а си гледала само телевизија Планета . Не се љути И да не бидам офтопик : ljubicicaa , јас мислам дека ќе седи добро со бисерот и чевлите, али без шалче...Ако имаш нешто такво за отозгора да не ти е толку ладно е сега не баш такво, ама нешто слично со долги ракави, би седело добро според мен...
Здраво комбинацијава е секојдневна, за најобиЧна просетка. хулахопките се дебели темнокафени,планирам да носам кафена тасниЧка и кафен мантил. косулЧето и тиролката се темно цреса боја ме буни џемперЧето би ценела мислење дали е подобро со или без него
Ми треба помош...ова го добив на поклон......преубаво стои горниот дел значи деколтирано (не премногу) но надоле е широчко и му доаѓа како туника...сакам да го искомбинирам со хеланки зошто е краткичко не е фустан него како туника нешто...е сега предлози давајте... само несакам некако со црни хеланки ќе бидам цела во црно...предлози нешто дали да го носам со каиш....боја на каиш???? ......... ахх ќе пукнам што не е подолго...а и преубав материјал е некоја мека волна тенка...и слики ако најдете ставете како предлог
Еве пробај на пример со хеланки со некој интересен принт, цветови или животински и чанта која ќе одговара со истите. Спојлер
Јас мојата омилена комбинација ќе ти ја кажам, за вакви црни досадни фустанчиња. Облечи лила хулахопки, од оние подебелките. Црна штикла ако е за излегување, црна чизмичка ако ти е за денска прошетка. Марама, каиш, накит комбинирај како сакаш. Еве ти слика: Спојлер
Девојки, планирам кај другарка на роденден да носам едно кафеаво фустанче и црни штикли, сега не знам дали да облечам црни хеланки или хулахопки во кожа боја?
Незнам дали сум јас изрод но сметам дека скоро сите бои се комбинираат освен црно и кафеаво,далеку од тоа дека велам дека не знаеш да комбинираш,не те познавам...само сакам да ти кажам дека ако Ријана или тралала било која друга ајде да кажам позната фаца почнала да комбинираат тие две бои тие се тренд тоа за мене секогаш ќе биде глупаво...иначе кога веќе си решича хулахопки
И јас не ги сакам овие две бои за комбинација освен ако се работи за ваква нијанса на кафена Би те советувала со хулахопки да комбинираш зошто со црни хеланки премногу ќе изгледа затворено. Еве две слики што може да ти дадат инспирација
Хелп мииии!!! Купив вчера чизмички... еве ги подолу... http://www.todsit.com/wp-content/upload ... 142a1o.jpg ...арно ама.. моите се темно кафеави.. крзното е исто, синџирчето е исто, само чизмата е малку темно кафеава. Не знам со што да ги носам!!! Не знам што да облечам со нив!!! ХЕЛП !!!!