Со фармерка немаш утка. Впрочем, овие чизми најубаво стојат со тесна панталона. Горе, изборот ти е неограничен. Дали ќе облечеш кожна јакничка, некоја топ интересен, твое си е. Мене искрено ме чуди, да купиш чевли, а да не знаеш со што да ги носиш!
Ништо сложено за комбинирање на чизмичкиве.тесна фармерка како што ти кажа старфиш или па цевка панталони и готово.Нагоре можеш ама баш што сакаш да облечеш од капутче до кожна јакничка.Исто и за блуза,џемперче било какво(тегет,кафено,крем,корално црвена,резеда,тиркизно,сиво) и само додади кафено каифче.
Девојки ако може мала помош Деновиве сум на свадба и немам што да облечам. Единствен фустан ми е тој од матура (а не планирам да го носам ) прво зашто се чувствувам неудобно а второ зашто имам многу криви нозе . Како и да е планирам да си купам некои панталони, значи покриени нозете а сепак да доликуваат на настанот. Па би ве замолила за предлог, секако и за горе (кошулка, маичка...) пошто не сум многу по излегувањето, а и стилот не ми се вклопува во вакви свечени настани и не знам како ќе се снајдам по продавнициве, што воопшто да понесам во гардеробата...
Девојки единствено нешто дома што имам црвено е лак и ташна . Е сега , дали можам на се црно на себе што имам да ставам и црвена плик ташна ? Значи ништо друго немам Сум гледала по блогови ама тоа е надвор , овде како ќе ме гледаат ради тоа што имам само црвена ташна на мене ?
Ц ц ц ова не го очекував од тебе Земи си ја чантата супер ќе бидеш, баш акцентот на комбинацијата ќе биде таа П.С. често носам така.
Од мене имаш да, од причина што и јас така носам. Дури и да не си во црно скроз, да имаш и друга боја, црвена ташна е сосема во ред. Доволна е таа како детал да отскокнува.
Не знам каков стил имаш, но еве ти неколку комбинации што мене ми се допаѓаат и би можела да искомбинираш со панталони. Можеш со кошулка, или пак ако не носиш кошули некоја интересна блузичка можеби како на четвртата слика Се надевам малку ти помогнав, и убав помин.
Имам кафеави накај крем, не знам каква точно боја е панталони (ама материјалот е многу подебел од хеланки) залепени од горе до долу. Малку се и со висок струк. Со каков топ можам да ги искомбинирам? Давајте идеи ми требаат за вечер Вакви се од прилика, од горе до долу залепени смао кафеави.
@Creshicka можеш да искомбинираш со бело топче, или зависно од нијансата на панталоните ако имаш посветло или потемно кремаво или кафеаво, или пак со црвено ( имам видено црвено кафеави комбинација и мене лично ми се има допаднато ) со нежно розево исто би можела, експериментирај Испробај по дома што имаш на располагање како си се допаѓаш најмногу, таа комбинација одбери ја и ќе бидеш најубава. Ова е моето мислење. Позз.
Да, убаво ме потсети имам дома беж боја топ без прерамки но доага некако како балон. Горе и долу има ластик. Баш ке пробам со тоа,
Би можела да искомбинираш со црно топче, со потемно кафено, со розево, со црвено или со тегет. Било која комбинација да ја избереш мислам дека ќе е супер. Јас би облекла такво топче какви што ќе ми се штиклите. Дури и не мора да е топче може и вакво нешто:
Девојки да ве прашам со ваква боја на фустан за мала нијанса потемен каков лак за нокти би ставиле и каква сенка? За на свадба инаку ми е. Моделот не е ни приближно сличен но бојата е таква а немам сега апарат да го сликнам мојот.
Пред некој ден си купив вакви чизми, и многу се мислев која боја да си купам и се одлучив за оваа. Малку е специфична , но највеќе ми се допадна. Сега некако се предомислувам, со што да ги искомбинирам? И дали да одам да ги сменам да си земам некоја друга боја(имаше црни, сиви и тегет). Ми треба ваше искраено мислење. (моите се вакви само што не се превиткани со крзненце вакво, иста боја се со овие на сликата)
Јас искрено,немам идеја како би ги комбинирала овие чизмички,имаат многу специфична боја.Јас би ги сменила за сиви или тегет.Многу повеќе можеш да ги комбинираш на овие бои (скоро со се).
Јас дефинитивно НЕ би ги сменила. Топ е бојата, одлична есенска боја, супер за свежи комбинации. Мој совет купи некоја кафејавкаста ташна или доволно е марама во ваква окер боја ако веќе сакаш да ти одговараат. Нека не ве ограничува бојава. Мене ако ме прашаш јас би ги оставила само чизмиве во бојава да се издвојат. Гледаш колку е актуелна бојава? Ќе згрешиш ако ги смениш, невпечатливи се другите бои кои ги кажа, типични зимски, ќе се изгубиш во масата, овие баш се кул
Значи бојава на чизмичкиве нема потреба да се комбинира со ништо,они ја прават уникатноста на комбинацијата,што и да носиш можеш да комбинираш со нив..сеа зборуваме за лајт комбинации нели. Тимберлентките во друга боја освен во оваа окераста ми се толку неоргиналниии... А сакав да ве прашам..би носеле ли штикли со отворен прст сега на времево? Со подебели хулахопки без рабови на прстињата?Многу носат ама мене некако шубе ми е на ладново бе .
Мисче јас би носела. Надвор нит е мокро нит снег има. Јас си увртев една комбинација со хулахопки во боја со црни чевлички напред отворени. Ама зависи колку сакаш да експериментираш
Немој да ги менуваш, бојата е нивната специфичност, секоја друга боја не ми е својствена за нив.. можеш со се да комбинираш ( да не ставам слики, веќе има погоре )