Во никој случај!! Како прво и основно се знае за кое време се штикли и сандали!! Во никој случај хулахопки и отворени штикли!! мое мислење
Јас би носела.Сандала и хулахопка никако,ама со мало дупче напред,голема работа не ми е ни глупаво ни селски (а и сум носела,лани за 8 Март пукнав за новите штикли со дупче )
^ Jас дефинитивно би носела, плус ако се нешто слично на овие доле, некоја црна, дебела хулахопка, бела дезенирана, или дречлива боја - во зависност од бојата на самата обувка, уф, би било петка!
Мисице мор ич да не му ја мислиш, облакај и ајт во шетња. Одбери некоја луда хулахопка, мавни контраст на штиклите, на пример ако се црни јас би облекла жолти, циклама, зелени...и горе некоја црна подолга туника или фустан, нешто накит во боја на хулахопката, некој прстен или обетки и комбинација тип-топ. Не облекуваш сандала, цела отворена, туку чевла која не е предодредена за ниту една сезона, па мораш да се адаптираш некако
Јас би носела...баш е закон! И тоа ако чевлите се црни хулахопката да е некоја апла дреч боја или пак чевлите ако се дречливи хулахопката црна
Мисче ако се осеќаш убаво во нешто тогаш се одговара Јас по тоа се водам . Ако се видам во огледало и не се осетам спремна да искочам така тогаш не одговара Инаку конкретно хулахопки и отворени салонки би носела Нема ради мало дупче да ги носам во зима на голо или воопшто да не ги носам Едит:Сега видов дека Инди барала совет за тие . Исти имам и јас баш во таа боја и незнаев како да ги комбинирам . Фала и од мене Роске за сликите , добив некоја инспирација
Женски фала ви на претходните одговори,ама пак имам една дилема јас . Значи се заљубив у едни штикли.И мислам дека ако не ги купам цел живот ќе жалам,ко по изгубена сродна душа. Ама некако ич не ми се за по ова време.Еве ги штиклите Е сеа,не е само што се напред малце отворени,него од внатрешна страна се ко сандали,вака нешто М?Што викате?Би ги носеле ли со хулахопки? Ве молам кажете да .
Мисс ама си одговори - Ве молам кажете-Да Купи си ги, а и верувам дека ќе знаеш да ги носиш со хулахопки. Се сфаќаме, нели?
Па, Мисс, извини ако ти скршам филм ама јас не би Да беше само прстот отворен да, ама вака ептен се голи и летни, пролетни. Земи си ги сепак, ќе ги сефтосаш накај март, април, многу се убави
Јас би ги купила, па макар и цел живот во плакар да ми седат. Сега ти види... Инаку, се изјаснив дека хулахопка и отворен прст-НЕ, ама не мора сега, ќе ги облечеш на пролет...
Утре ќе ода, да си купувам нешто гардероба конечно , па да ве прашам што би купила за да ги искомбинирам овие панталони и џемперче: Може и некоја слика за инспирација .
Ваква сукња, ама кафеава (со есенски мешани бои) и помалку набрана си купив лани, скапо ја платив, а ја немам ниту еднаш облечено, затоа што не знам како да ја искомбинирам. Ако може понудете ми некои комбинации, или да ја подарам па друг нека си ја тупа главата. Аврил Спојлер - јас би одбрала сива маица, бидејќи гледам дека пантолите се светло сини. (или розевка како на сликава)
Па можеш со хеланки сега за зимата бидејки е ладно.И одгоре некоја блуза. Незнам каква е шарата и бојата за да знам со кои бои. Инаку мислам дека убаво би било со ниски чизмички Инаку за Аврил се согласувам со girl.23 Некоја маичка или блуза Многу ми е слатко џемперчето